Банки
Извештај од самопроценката на МИПС: Платниот систем е усогласен со меѓународните Принципи за инфраструктура на финансиските пазари
Народната банка, како оператор и сопственик на Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС), изврши прва самопроценка за усогласеноста на неговата работа со барањата од меѓународните принципи[1].
Во извештајот од самопроценката е утврдена усогласеност на системот со барањата од принципите, кои во домашната регулатива се преточени во Одлуката за критериумите за класификација на платните системи, стандардите за нивното работење и барањата за гарантен механизам. Усогласеноста на МИПС со регулаторните барања согласно меѓународните стандарди за работа на платните системи, обезбедува услови за негово сигурно функционирање и соодветно управување со ризиците коишто произлегуваат од работата, што е од клучно значење за непречено извршување на плаќањата, а со тоа и за целокупната економска активност и стабилност на финансискиот систем во земјата. За целите на управување со овие ризици, Народната банка има донесено правна рамка, која се состои од одлуки, правила и упатства за учесниците и има воспоставено интерни процедури и алатки, коишто се подетално објаснети во извештајот.
МИПС е систем за извршување на плаќањата со големи вредности и итните плаќања во денари, во реално време на бруто-основа (RTGS – Real Time Gross Settlement System). МИПС започна со работа во јули 2001 година. МИПС има 20 учесници и во него се водат и се одржуваат сметките преку кои учесниците ги порамнуваат платежните пораки за плаќањата во денари, во реално време и со паричните средства кои се наоѓаат кај централната банка.
МИПС е системски значаен платен систем чиешто функционирање е неопходно за работата и стабилноста на финансиските институции и пазарите, како и за економскиот развој. Оттука, особено внимание се му посветува на управувањето со ризиците во неговото работење, како што се: системскиот, правниот, кредитниот, ликвидносниот, оперативниот и деловниот ризик. Улогата во македонскиот платен систем на МИПС е клучна бидејќи овозможува ефикасен тек на парите во економијата. Основната предност на неговата употреба, за учесниците и нивните клиенти е брзината и сигурноста на извршувањето на плаќањата. Имено, налозите за пренос на парични средства се прифаќаат непрекинато во рамките на работното време на МИПС, при што поминуваат само неколку минути помеѓу испраќањето на налогот од страна на учесникот и приемот на паричните средства од друг учесник во МИПС за кој се наменети, така што плаќањата се вршат во текот на работниот ден.
Извештајот е достапен на веб-страницата на Народната банка.
*[1] „Принципи за инфраструктура на финансиските пазари“ (Principles for Financial Market Infrastructures) издадени од Комитетот за системите за плаќање и порамнување при Банката за меѓународно порамнување и Техничкиот комитет на Меѓународната организација на комисиите за хартии од вредност во април 2012 година.
Банки
Народна банка домаќин на мисија на Европската комисија за јакнење на институционалната независност
Народна банка беше домаќин на TAIEX peer review мисија на Европската комисија, посветена на јакнењето на институционалната независност и размената на европски искуства и добри практики.
Од Народната банка истакнуваат дека независноста на централната банка претставува основа за одржување на стабилноста и довербата во финансискиот систем.
Преку посветеност на транспарентноста и отчетноста, Народната банка продолжува да го унапредува својот мандат во интерес на стабилноста на економијата.
Банки
Стопанска банка и годинава поддржувач на „Галичка свадба“
Стопанска банка АД – Скопје и годинава е пријател и поддржувач на традиционалната манифестација „Галичка свадба“, еден од најзначајните културни настани во Македонија.
Манифестацијата ќе се одржи од 10 до 12 јули во Галичник, каде повторно ќе оживеат традиционалните свадбени обичаи, народните носии и звуците на зурлите и тапаните.
Од банката посочуваат дека „Галичка свадба“ претставува симбол на љубовта, заедништвото и богатото македонско културно наследство, чии вредности се пренесуваат од генерација на генерација.

Со поддршката на настанот, Стопанска банка ја продолжува својата заложба за зачувување и промоција на традицијата и културните вредности.
Банки
Комерцијална банка предупредува на измамнички мејлови што содржат вирус
Комерцијална банка АД Скопје предупреди дека е забележана измамничка кампања преку која до граѓаните се испраќаат лажни пораки по електронска пошта.
Испраќачите лажно се претставуваат во име на Комерцијална банка, информираат за наводно извршено плаќање и испраќаат прикачен фајл што содржи вирус.
Од банката предупредуваат дека со отворање на фајлот, примателот се изложува на сериозен ризик, бидејќи може да се овозможи пристап до лозинки и други доверливи информации зачувани на уредот.
Граѓаните се повикуваат да не го отвораат прикачениот фајл и веднаш да ја избришат пораката.

Од Комерцијална банка посочуваат дека лажните пораки најчесто бараат итна реакција и се однесуваат на важни теми, како приливи или одливи на средства, опасност од губење пристап до сметка или слични предупредувања.
Ваквите пораки често содржат граматички и правописни грешки, поради што корисниците треба внимателно да ја прочитаат содржината и задолжително да ги проверат називот и доменот на електронската адреса на испраќачот.
Целта на ваквите измами е прибирање чувствителни податоци или инсталирање злонамерен софтвер на уредите, предупредуваат од банката.
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии
-
Советипред 2 месеци
УЈП: За користење на „МојДДВ“ задолжителна е регистрација во е-Даночни услуги
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка АД Скопје: Исплатата на пензиите почнува од 1 јуни
-
Колумнипред 2 месеци
Најважни менаџерски вештини во дигиталното деловно опкружување
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Тортевски: Само половина од овластените ревизори во Македонија работат во ревизија

