Connect with us

Банки

Ланската добивка од 900 милиони денари ќе се реинвестира, а 2,5 милијарди денари ќе се чуваат, акционерите на Стопанска банка АД – Скопје остануваат со празни раце!?

Објавено

на

Собранието на акционери на Стопанска банка АД – Скопје на седницата одржана на ден 31.05.2024 година донесе Одлука за распределба на добивката на Банката за 2023 година која воопшто нема да им се допадне на акционерите.

Имено, во согласност со Одлуката за усвојување на Годишната сметка и Годишните финансиски извештаи на Стопанска банка АД – Скопје за 2023 година, Банката оствари нето добивка во износ од 3.469.600.437,00 денари или 56,4 милиони евра.

Но, раководството на најстарата и една од најуспешните македонски банки која годинава слави јубилеј 80 години од своето постоење одлучи во целост да ја зачува добивката од 56,4 милиони евра и да не им подели дивиденда на инвеститорите (сопственици на обични акции).

Минимален дел од милионската добивка на Стопанска банка АД – Скопје ќе добијат само сопствениците на приоритетни акции кои ќе поделат по 6 денари од акција или вкупен износ од 1,3 милиони денари (22 илјади евра).

Нето добивката на Стопанска банка АД-Скопје на износ од 3.469.600.437 денари се распределува на следниов начин:

  1. – задржана добивка расположива за распределба во иднина во износ од денари 2.569.600.437,00 и
  2. – задржана добивка за инвестиции во износ од денари 900.000.000,00

Добивката која се распределува во задржана добивка за инвестиции ќе се употреби за развојни цели и инвестиции во материјални и нематеријални средства за проширување на основната дејност на Стопанска банка АД – Скопје.

„Со распоредување на дел од добивката во задржана добивка, Банката има право за намалување на данокот на добивка во согласност со Законот за данок на добивка. Со тоа, Банката има право на намалување на даночната основа за искористениот износ за инвестирање и на тој начин има право на помал данок на добивката при изготвување на Даночен биланс за годината 2024“, се вели во образложението на Одлуката за распределба на добивката на Стопанска банка АД – Скопје за 2023 година.

За задржаната добивка расположива за распределба во иднина во износ од 2,5 милијарди денари односно 41,74 милиони евра, во образложението на предлогот доставен до Собранието е наведено дека нема да бидат вклучени во сопствените средства на банката и во пресметката на адекватноста на капиталот.

Банки

НЛБ Банка со известување до своите клиенти: Личните податоци во видеото не потекнуваат од нашите системи

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на социјалните мрежи се појави видео во кое се прикажуваат лични податоци кои се поврзуваат со НЛБ Банка.

По направената темелна анализа, се утврди дека овие податоци не потекнуваат од системите на Банката и нема нарушување на безбедноста на сервисите на Банката. Случајот е пријавен до сите надлежни институции за преземање на соодветни мерки.

Заштитата на информациите и средствата на клиентите е највисок приоритет на НЛБ Банка.

„Ги уверуваме нашите клиенти дека системите на Банката работат според најнапредните безбедносни стандарди и дека нивните податоци и финансиски средства се безбедни“, велат од НЛБ Банка.

Продолжи со читање

Банки

ТТК Банка започна со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека oд денес – 05.12.2024 година започна со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични права) за месец ноември 2024 година за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната платежна сметка во Банката.

Корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички можат да располагаат со средствата од денес – 05.12.2024 година, преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

За корисниците кои не користат картички, исплатата да се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

  • 05.12.2024 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
  • 06.12.2024– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

ТТК Банка препорачува средствата да се користат првенствено со безготовински плаќањa во трговската мрежа, со плаќања преку интернет банкарство TTK E-bank или мобилната апликација TTK M-bank, или да се подигнуваат без провизија со дебитните картички преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.

Продолжи со читање

Банки

Бојан Стојаноски именуван за заменик-претседател на Македонската банкарска асоцијација

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација со задоволство ја информира јавноста дека на 48. Седница на Собранието го именуваше г-дин Бојан Стојаноски за заменик-претседател на Асоцијацијата, со мандат од четири години.

Г-дин Стојаноски е истакнат банкарски професионалец со повеќе од 25 години искуство во банкарскиот сектор, од кои 15 години на раководни позиции. Тој е долгогодишен и активен член на Македонската банкарска асоцијација уште од нејзиното основање, при што се истакна со својот значаен придонес како претседавач на Комисијата за реструктурирање корпоративен долг.

Моментално, г-дин Стојаноски е Генерален директор за управување со ризици и член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, функција што ја извршува од март 2020 година. Неговото професионално портфолио вклучува и високи раководни позиции во Халк Банка АД – Скопје. Дополнително, тој бил член на Управниот одбор и втор Генерален директор на КБ Прво пензиско друштво АД – Скопје.

Македонската банкарска асоцијација e уверена дека неговото искуство, стручност и посветеност ќе донесат голем придонес во остварувањето на целите на Асоцијацијата.

Македонската банкарска асоцијација му честита на г-динот Стојаноски и му посакува многу успех на новата функција.

Продолжи со читање

Популарно