Осигурување
Животно осигурување – мудра и оправдана инвестиција. Премиите се ниски, а бенефитите големи!
Растечкиот интерес за полисите за животно осигурување во нашата земја покажуваат дека свеста за оваа проблематика е во пораст, а луѓето стануваат се’ поодговорни за нивното здравје во иднина, но и за финансиската иднина на најблиските. Животното осигурување постои токму за тоа: да обезбеди финансиска поддршка за луѓето кои ги сакате, во случај нешто лошо или непредвидено да ви се случи вам. Звучи како нешто што му е потребно секому, но како да знаете кога е вистинското време за да ја купите вашата полиса?
Перцепцијата околу животното осигурување е дека тоа треба да биде согледано како мудра и оправдана инвестиција, наместо како трошок. Полисата за животно осигурување ви нуди начин да го обезбедите сопствениот живот и да им обезбедите финансиска помош на најблиските во случај на несреќа, но истовремено претставува и можност за создавање капитал кога приходите ќе се намалат – како што е случајот по одењето во пензија.
Животното осигурување им е потребно на сите возрасни луѓе кои остваруваат свои примања, а особено на оние со луѓе и домови за кои треба да се грижат. Без разлика дали се работи за долгогодишен бизнисмен, самохрана мајка или пак вработен млад човек кој сака да основа свое семејство, полисата за животно осигурување гарантира мирна сегашност и ќе ви помогне да ги поставите темелите за среќна иднина.
Честопати се среќаваме со случаи каде луѓето не решаваат да купат животно осигурување затоа што сметаат дека тоа е прескапа ставка која не можат да си ја дозволат. Но, се работи за заблуда предизвикана од неинформираност или од недоволно истражување на опциите.
Постојат различни типови на животно осигурување со различна минимална месечна и годишна премија. На пример за ризико животно осигурување месечна премија е 3 евра, за колективно осигурување месечната премија е 0,5 евра, додека за класично животно осигурување месечна премија 15 евра итн. Ќе се согласите износите на премиите се толку ниски, а бенефитите големи! Полисата за животно осигурување може да се адаптира на вашите индивидуални потреби, нудејќи ви го она што ви е потребно и што можете да си го дозволите. Таа се одредува согласно возраста, полот, вашите желби и барања, со цел да создаде најдобри услови и придобивки за осигуреникот.
Како инвестиција во себе и во иднината, животното осигурување ви дава шанса мирно да чекорите низ денешницата, знаејќи дека луѓето кои ви се најважни на светот ќе бидат финансиски заштитени доколку вам ви се случи нешто. Но уште поважно, ваквата полиса има однапред должина на важење, која откако ќе истече осигуреникот ги добива вложените средства назад и може да ги искористи за вложување во некоја од работите кои му се навистина важни: реновирање на домот, образование на децата, патувања и слично. Важноста на полисата за животно осигурување ја одредува осигуреникот, во зависност од неговите потреби и можности.
Кога одлучувате да купите полиса за животно осигурување, значи дека инвестирате во иднина во која ќе го отстраните стресот и ќе си овозможите мир и спокој на умот. Затоа, важно е добро да ги знаете вашите желби и можности, како и да се консултирате со експерт пред да ја донесете конечната одлука. Бидете одговорни за себе и за вашите најблиски, испланирајте го вашето животно осигурување уште денеска.
Осигурување
Кроација Осигурување го промовира „Ексклузив осигурување – Живот“
Кроација Осигурување ги повикува граѓаните да ја обезбедат својата иднина преку производот „Ексклузив осигурување – Живот“, кој нуди животно осигурување, можност за штедење и оплодување на средствата во рамки на едно решение.
Од компанијата посочуваат дека станува збор за производ кој овозможува финансиска сигурност и долгорочно планирање, комбинирајќи осигурителна заштита со можност за акумулација на средства.
Заинтересираните граѓани можат да добијат повеќе информации преку контакт-центарот на Кроација Осигурување на телефонскиот број 15-510 или преку официјалните канали на компанијата.
Производот е наменет за сите кои сакаат истовремено да инвестираат во својата финансиска сигурност и во иднината на своето семејство.
Осигурување
Отворено гласањето за најдобрите тимови во натпреварот Future Finance на Iute Македонија
Iute Македонија објави дека е отворено гласањето за финалистите во рамки на натпреварот Future Finance, со што започнува завршната и највозбудлива фаза од изборот на најдобрите идеи.
По разгледувањето на сите пристигнати апликации, избрани се осум финалистички тимови кои, според организаторите, се издвоиле со својата храброст, визија и креативност.
Публиката сега има можност да ги запознае финалистите, да гласа за својот фаворит и да даде поддршка на идеите што смета дека заслужуваат признание. Од Iute Македонија посочуваат дека токму гласовите на јавноста ќе бидат клучни во изборот на победниците.
„Секој глас може да направи разлика“, велат од компанијата, повикувајќи ги граѓаните да се вклучат во гласањето и да ги поддржат младите тимови и нивните иновативни решенија.
Гласањето е достапно преку платформата Futurefinance.iute.mk.
Осигурување
Триглав со раст на приходите во првиот квартал, ја задржува прогнозата за 2026 година
Групација Триглав во првото тримесечје од 2026 година оствари вкупен обем на работење од 633,4 милиони евра, што претставува раст од 14 проценти во однос на истиот период лани. Од компанијата посочуваат дека најголем придонес за растот имаат меѓународните пазари и зголемените премии.
Деловниот резултат пред оданочување достигна 49,3 милиони евра, додека нето добивката изнесува 39,8 милиони евра. И покрај нешто пониските резултати во споредба со минатата година, групацијата останува на ставот дека ќе ја исполни годишната проекција за 2026 година.
Според проценките на компанијата, очекуваниот деловен резултат пред оданочување за целата година треба да се движи меѓу 170 и 190 милиони евра.
Комбинираниот количник на групацијата изнесува 93 проценти, додека профитабилноста на новите договори во сегментот животно осигурување е подобрена на 14,8 проценти.
Од Триглав информираат и дека капиталната адекватност на крајот на кварталот останува во планираниот опсег меѓу 200 и 250 проценти.
-
Останатопред 2 месеци
Управата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 2 месециУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Бизниспред 2 месеци
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Промотивен депозит – Сигурност што доаѓа во вистинско време
-
Бизниспред 1 месецОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 1 месец
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Банкипред 2 месециСилк Роуд Банка: Пензиите за април исплатени, достапни преку експозитурите, банкоматите како и електронското банкарство


