Банки
Пакет Vibe On – Зајакнување на финансиската доверба кај младите
Шпаркасе Банка АД Скопје во фокусот на своето работење ги има младите и нивната финансиска иднина. Поради тоа постојано се истражуваат и се приспособуваат нови производи и услуги што ги следат нивните потреби. Едно такво решение е пакетот Vibe On, приспособен и дизајниран да ја поддржи уникатната младешка клиентела.
Vibe On е сеопфатен пакет алатки и можности, кои имаат за цел да ги поттикнат младите да управуваат со своите финансии. Станува збор за бесплатен пакет за млади од 15 до 25 години што вклучува: платежна сметка, дебитна картичка Visa, S-Banka мобилно банкарство и многубројни привилегии и поволности во рамките на клубот Vibe Оn. Дополнително, овој пакет вклучува: ослободување од провизија за месечно одржување трансакциска сметка, ослободување од членарина за дебитна картичка, ослободување од провизија за месечно одржување S-Banka мобилна апликација со привилегија плаќање, две бесплатни подигнувања готовина месечно на АТМ од кој било АТМ во земјата (надвор од мрежата на Шпаркасе) и друго.
Со Клуб програмата Vibe Оn, корисниците на картичката Visa МОН за обезбедување субвенциониран студентски оброк и корисниците на картичките Vibe Оn, добиваат соодветни привилегии и поволности, кои ќе имаат можност да ги користат кај партнерите и соработниците на Шпаркасе Банка, чијашто мрежа секојдневно се проширува. Во моментов актуелна е големата наградна игра „Ich Liebe Dich, Berlin!“ и „AmsterDAMN!“ за сите корисници на платежна картичка Visa и на пакетот за млади Vibe On. Со секоја поединечна трансакција во износ еднаков или поголем од 500 денари, добиваат шанса за патување во Амстердам или во Берлин.
Шпаркасе Банка длабоко ги разбира предизвиците со кои се соочуваат младите денес. Финансиска независност преку персонализирано водство претставува еден од најефикасните начини на поддршка.
Банки
АЛТА банка Белград го зголеми уделот во АЛТА банка Битола
АЛТА банка АД Битола информира за промени кај акционери со значителни удели, согласно Правилата за котација на Македонска берза.
Акционерот АЛТА банка АД Белград се стекнал со дополнителни 9 обични акции, со што вкупниот број акции што ги поседува достигнал 372.037.
Со ова, АЛТА банка АД Белград сега контролира 95,1557 проценти од вкупниот број на обични акции издадени од АЛТА банка АД Битола.
Известувањето е објавено на 14 април 2026 година, согласно член 38 став 2 од Правилата за котација на Македонска берза.
Банки
Комерцијална банка ќе започне со исплата на дивиденда на 4 мај
Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 04.05.2026 година ќе врши исплата на дивиденда за 2025 година. Право на исплата на дивиденда за 2025 година имаат сите акционери на Комерцијална банка кои се евидентирани во книгата на акции на 14.04.2026 година.
Исплатата на дивиденда на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните платежни сметки во Комерцијална или во друга банка.
Согласно Законот за данокот на личен доход, Комерцијална банка, како исплатувач на доход по основ на дивиденда, пресметката и плаќањето на данокот на доход и исплатата на дивидендата на физички лица ќе ги врши со поднесување електронска пресметка за бруто-доходот и за данокот по одбивка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку системот е-Персонален данок.
Е-ППД системот не прифаќа неточни и непотполни податоци. Затоа се повикуваат сите акционери-физички лица кои не се запишани во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници да преземат соодветни мерки за нивно запишување согласно процедурите на УЈП. Ова особено се однесува на малолетните лица и/или други лица кои досега не биле приматели на оданочив доход од кој било вид во Република Северна Македонија.
Средствата од дивидендата за 2025 година преку е-ППД системот ќе бидат уплатени на платежните сметки на физичките лица во Комерцијална банка АД Скопје. Исклучок ќе бидат лицата кои имаат дадено овластување/инструкција за пренос на дивидендата на платежна сметка во друга банка. Комерцијална банка во таков случај средствата од дивидендата преку е-ППД системот ќе ги уплати на назначената платежна сметка. Доколку некој акционер, резидент физичко лице, нема дадено такво овластување, а сака дивидендата да му биде исплатена на платежна сметка во друга банка, треба да го стори тоа преку доставување инструкции во електронска форма, а кои може да се најдат на веб-страната на Банката www.kb.mk, во делот ЗА НАС \ Односи со инвеститори.
Согласно Законот за данокот на личен доход, Банката по извршената исплата на дивиденда, ќе ја издаде пресметката за аконтација на данокот на доход од капитал-дивиденда остваренa со учество во добивката во 2025 година, a исплатена во 2026 година, и истата ќе биде достапна за секој акционер евидентиран во книгата на акции на 14.04.2026, преку шалтерите на Банката.
Ги информираме акционерите корисници на електронско/мобилно банкарство на Банката дека пресметката ќе биде достапна и преку овие канали.
Дополнителни информации може да се добијат на телефонските броеви: (02) 3168-323; 3168-309; 3168-311; 3168-313.
Банки
Старее населението во земјава: расте бројот на пензионери, здравствениот систем под притисок
Македонија се соочува со сериозни демографски и здравствени предизвици, покажуваат најновите наоди на Државниот завод за ревизија, презентирани од главниот државен ревизор Максим Ацевски.
Според податоците, се бележи континуиран пад на младото и работоспособното население, што резултира со состојба во која бројот на пензионери веќе го надминува бројот на вработени. Овој тренд отвора прашања за одржливоста на пензискиот систем и ја нагласува потребата од системски реформи, како и од развој на услуги за грижа и нега на постарата популација.
Ревизорите укажуваат и на сериозни слабости во здравствениот систем, особено во делот на раното откривање на малигни заболувања. Според извештајот, пациентите чекаат со месеци за резултати од испитувања, а во одредени случаи и до половина година.
Како особено проблематично се издвојува чекањето за мамографски прегледи, каде што од моментот на скрининг до реализација на прегледот поминуваат повеќе од 150 дена.
Од ДЗР потенцираат дека се неопходни итни мерки за подобрување на состојбите, вклучително и зголемување на бројот на медицински кадар, соодветно вреднување на нивниот труд и поефикасно користење на постојната медицинска опрема, дел од која во моментов не е целосно искористена.
-
Анализипред 2 месециПросечната плата во Македонија близу 47.000 денари – раст од 7,6% на годишно ниво
-
Интервјуапред 2 месециПензиски парадокс: Од минималец до доброволен фонд – новиот модел на младите вработени
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месецНЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје
-
Продуктипред 4 неделиДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Банкипред 2 месециЗошто е сменет директорот на Развојната банка и кој е неговиот наследник!?


