Connect with us

Вработување

Платена практикантска работа во НЛБ Банка

Објавено

на

Млади ентузијасти НЛБ Банка ве мотивира да аплицирате на огласот за практикантска работа во:

  • Контакт центар;
  • Сектор за платни системи;
  • Сектор за правни работи и секретаријат;
  • Сектор за реструктуирање и управување со проблематични пласмани.

Твоите работни цели:

  • Административна поддршка, активности поврзани со архивирање, администрирање и внес на податоци;
  • Комуникација со клиентите за банкарските продукти и услуги преку телефонски
    разговори;
  • Активности поврзани со користење и администрирање на податоци за дигитални сервиси;

Твојот профил:

  • Универзитетско образование или студенти на додипломски/ постдипломскки студии;
  • Агилност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;
  • Познавање на основни ИТ алатки, англиски јазик на основно/средно ниво;

Мотив да се придружиш на НЛБ Банка:

  1. Практична работа во времетраење од 3 до 6 месеци во препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  2. Можност за учење и менторство од врвни банкарски специјалисти;
  3. Позитивна организациска култура и меѓусебната доверба и грижа за вработените се основни начела во работењето;

НЛБ Банка Ве очекува да аплицирате со испраќање на CV на: nlbkariera@nlb.mk со назнака “Апликација за платена практикантска работа”, најдоцна до 14.06.2024 година.

Вработување

Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата референт во  Служба за методологија и извештаи.

Работни задачи:

  • Изработка на анализи и извештаи за кредитната способност на клиенти (правни и физички лица), по доставени барања за одобрување на кредитни изложености (Risk opinion),
  • Утврдување на ризичната класификација на клиентите во согласност со законската регулатива на НБРМ,
  • Оценка (мерење), следење и известување (регулаторно и интерно) за нивото на кредитниот, ликвидносниот, пазарниот и оперативниот ризик,
  • Учество во изработка и давање препораки за развој на интерни методологии, модели и процедури во областа на оценка, следење и управување со ризиците,
  • Учество во активностите поврзани со проценка и мерење на адекватноста на капиталот во склад со важечката регулатива (CAR, ICAAP, Stress testing),
  • Учество во дефинирање, контрола и ревидирање на интерните лимити на изложеност по одделни видови ризици,
  • Активно учество во развој на процедури и политики на Банката во областа на управување со ризиците,

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование;
  • Претходно искуство во областа ќе се смета за предност;
  • Доверливост при изработка на сите документи и кореспонденција со кои се среќава при вршењето на работата;
  • Висок личен интегритет и чесност;
  • Прецизност во извршување на работните задачи;
  • Адаптабилност во динамична работна средина;
  • Способност за тимска работа, одлучување, самоиницијативност, организациски и аналитички вештини;
  • напредно користење на MS Office.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Секторот за работа со корпоративни клиенти нуди можност за вработување на референт за работа со корпоративни клиенти.

Работни задачи:

  • Анализа на финансиите и пазарот на корпоративните, институционалните, МСП и малопродажните клиенти;
  • Следење и спроведување на прописи и упатства од делокругот на работата;
  • Примање, анализа и обработка барања на трговските друштва за одобрување на долгорочни и краткорочни кредити и гаранции и акредитиви;
  • Проверка на финансиските параметри на договорите за одобрените производи согласно одлука на Кредитниот одбор;
  • Прибавување на документација за обезбедување по склучените договори;
  • Следење и контрола на наменската употреба на кредитот;
  • Воспоставување и одржување на постојани контакти со клиентите;
  •  Понуда и промоција на продуктите на банката на правни лица; –
  • Анализа на клиенти и подготовка првична на кредитни апликации;
  • Соработка во развојот и постојаното унапредување на каталогот на производи и услуги за сегментот на работење со корпоративни клиенти;
  • Унапредување на односите и одржување на континуирани контакти со корпоративните клиенти;

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование;
  • Претходно искуство за работа со клиенти (работа со правни лица, анализа на финансиски показатели) ќе се смета за предност;
  • Развиени комуникациски  вештини потребни за соработка со клиенти;
  • Способност за тимска работа, одлучување, самоиницијативност, организациски и аналитички вештини;
  • Висок личен интегритет и чесност;
  • Прецизност во извршување на работните задачи;
  • Адаптабилност во динамична работна средина;
  • Напредно користење на MS Office.

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk.

Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира. 

Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.

Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство.

Банката има тековна потреба за вработување во Дирекција за правни рабoти, лoши пласмани и преземени средства (Оддел за управување со лоши пласмани и превземени средства) и за таа цел, ТТК Банка АД Скопје објавува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО
Самостоен соработник
(1 извршител)

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Деловниот сектор за управување со продажна мрежа на НЛБ Банка АД Скопје го зајакнува својот тим на успешни професионалци и нуди можност за работење во Експозитура Куманово.

Доколку имаш желба и амбиција да се приклучиш на тимот, НЛБ Банка те мотивира да се пријавиш на отворената работна позиција:

Раководител на Експозитура Куманово

Улога во тимот:

  • Промовирање, понуда и продажба на продукти и услуги на правни лица на постојни клиенти и аквизиција на нови клиенти;
  • Остварување на продажните цели и резултати со цел зголемување на пазарното учество, портфолиото и конкурентската предност на Банката;
  • Воспоставување, посредување, уредување и проактивно негување и развој на контакти и деловни аранжмани со клиентите
  • KYC активности (познавање на бизнис моделот, финансиските извештаи и показатели на клиентот).

Потребни квалификации и компетенции:

Универзитетско образование;

  • Претходно работно искуство од минимум 3 години на менаџерска позиција за работа со клиенти;
  • Развиени лидерски, менаџерски и продажни вештини.
  • Одлични комуникациски и организациски вештини;
  • Подготвеност за креативно и иновативно размислување;
  • Способност за тимска работа, самоиницијативност и аналитички вештини;
  • Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;

  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).

Потврди го твојот интерес со доставување на мотивациско писмо во кое ќе ги образложиш амбициите, мотивите и начините на придонес на наведеното работно место како и кратка биографија (CV) најдоцна до 19.07.2024 на: NLBKariera@nlb.mk, со назнака за: Раководител на Експозитура Куманово.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање

Популарно