Connect with us
no baners

Банки

УНИБанка оствари добивка од 2,5 милиони евра во првата половина на 2024 година, но истата е значително намалена во споредба со истиот период од минатата година

Објавено

на

УНИБанка заклучно со првото полугодие од 2024 година оствари позитивни финансиски резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со нови атрактивни продукти вклучително и од областа на платните сервиси. Банката продолжи со процесот на имплементација на нови технологии со цел пренасочување на клиентите кон дигиталните канали како побезбедни, поевтини и поедноставни начини на извршување на банкарските трансакции. Дигитализацијата, покрај тоа што придонесе за низа поволности за клиентите – брзина, сигурност, достапност, секако има влијание и на подобрување на ефикасноста на банката.

Во однос на ризиците од надворешното окружување, од една страна се согледуваат надолни ризици главно поврзани со постојаните геополитички тензии, додека од друга страна, се согледуваат и поволни ризици, коишто претпоставуваат побрзи глобални структурни промени и поволни влијанија од новите технологии, кои ќе ја зголемат продуктивноста и глобалниот раст. Во вакви услови основна цел на Банката е да се одржи и зачува ликвидната и солвентната позиција на банката, да се задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди како и да се обезбеди финансиска подршка на клиентите, притоа залагајќи се максимално за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедноста на вработените.

Во првото полугодие од 2024 година, УНИБанка има промени во сметководствените политики и методите на вреднување во делот на воведување на фотоволтаични системи и утврдување на нивниот корисен век.

Остварени приходи

Остварените вкупни приходи од работење во првото полугодие од 2024 година изнесуваат 1.132 милиони денари  и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од  11.3%.

Најголем придонес во остварувањето на  позитивен финансиски резултат во износ од 156,7 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 66.8% имаат приходите од камати, кои во споредба со истиот период  од 2023 година се зголемени за 14.2%, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население.

Остварени расходи

Остварените расходи во првото полугодие од 2024 година изнесуваат 975,4 милиони денари и бележат зголемување од 24.6% во однос на истиот период од 2023 година. Зголемувањето на расходите се должи на зголемувањето на расходите за камати, поголемиот износ на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити, како и  на зголемувањето на административните расходи.

Исполнување на планот и очекувања за претстојниот период

Во првото полугодие од 2024 година окружувањето во коешто делуваше банката, се одликуваше со постепена стабилизација на ценовниот раст и поволен девизен пазар, но и понатаму постојат ризици и неизвесност, главно поврзани со надворешното окружување. Во однос на ризиците од надворешното окружување, од една страна се согледуваат надолни ризици главно поврзани со постојаните геополитички тензии, додека од друга страна, се согледуваат и поволни ризици, коишто претпоставуваат побрзи глобални структурни промени и поволни влијанија од новите технологии, кои ќе ја зголемат продуктивноста и глобалниот раст.

 И покрај тоа, во првото полугодие од 2024 година, нето активата на банката  е речиси во согласност со планираната.

Анализата на структурата на пасивата на билансот на состојба на 30.06.2024 година и нејзината споредба со планираната укажуваат на надминување на планираните извори на финансирање од секторот население и секторот финансии за 1.0% и 3.5% респективно.

Во претстојниот период банката очекува да продолжи тенденцијата на зголемување на  активата, континуиран раст и задржување на квалитетот на кредитното портфолио на банката, кој би бил подржан со зголемен раст на депозитната база преку имплементација на нови депозитни продукти, во насока на зголемување на учеството на нефинансиските извори на финансирање, со посебен акцент на зголемување на учеството на платежните сметки,  оптимизирање на административните трошоци, зголемување на пазарното учество по различни сегменти во банкарскиот сектор во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста, подобрување на квалитетот на услугите, развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење и исполнување на зацртаните цели во Бизнис планот на Банката за 2024 година. Усовршување на дигиталните сервиси и канали за плаќање, вештачката интелигенција, зелените проекти, ЕСГ сегментот, раст на учеството на мобилните плаќања се работи кои се дел од  долгорочната стратегија на Банката и на нив ќе бидеме посветени и во иднина, а се со цел да излеземе во пресрет на различните потреби и интереси на клиентите.

Банки

Народната банка и централната банка на Германијаја продлабочуваат соработката за зајакнување на институционалните капацитети

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари средба со г. Бурхард Балц, член на Советот на централната банка на Германија, на која се разговараше за продлабочување на билатералната соработка, со акцент на унапредувањето на институционалните капацитети во клучните области на централнобанкарското работење.

На средбата беше нагласено значењето на постојаната меѓу институционална соработка, особено во делот на размената на експертиза и практики што придонесуваат за градење отпорни институции и приближување до европските регулативи и стандарди. Поддршката којашто Народната банка ја добива од централната банка на Германија е од голема важност во процесот на модернизација и унапредување на експертските и техничките капацитети.

Гувернерот Славески истакна дека Народната банка е целосно посветена на усогласувањето на домашната регулатива и практиките со законодавството на Европската Унија, при што особено важна е соработката со централната банка на Германија.

Европските перспективи се од големо стратегиско значење за Народната банка, којашто посветено работи на реформски програми и на други стратегиски документи поврзани со интеграцијата во ЕУ. Народната банка постојано се стреми кон навремено воведување на европските стандарди во доменот на финансискиот систем. За овој факт се свесни и релевантните европски институции, коишто ја оценуваат како високо усогласена во подрачјата што се во нејзина надлежност“, посочи гувернерот Славески.

Тој додаде дека Народната банка во изминатите години се профилира како модерна институција со силен капацитет и подготвеност за придружување кон европското семејство. На средбата беше заеднички оценето дека европската регулатива постојано се унапредува, поради што е неопходно следење и применување на најновите регулативни измени и практики.

Во рамките на досегашната соработка, Народната банка и централната банка на Германија остварија бројни активности насочени кон размена на искуства, унапредување на аналитичките алатки и примена на најдобрите меѓународни и европски практики. Покрај обезбедувањето билатерална поддршка, централната банка на Германија е и главен носител на техничката помош од Европскиот систем на централни банки за централните банки од регионот, па во моментов се заокружува втората фаза од оваа помош. Оваа соработка придонесе за натамошно зацврстување на капацитетите на Народната банка, во сите области на работењето.

Балц изрази благодарност за долгогодишната лојална соработка на Народната банка со централната банка на Германија и особено го истакна активниот придонес на Народната банка за напредокот на проектот Западен Балкан во фазата III. Тој нагласи дека регионалната соработка меѓу централните банки и органите за супервизија на банките на Западен Балкан се покажа како ефикасна алатка за усогласување со стандардите на ЕУ и со најдобрите практики на Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ).

Продолжи со читање

Банки

Оставка на член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

На ден 16 јули 2025 година, Бојан Стојаноски поднесе оставка од позицијата член на Управниот одбор и Генерален директор за управување со ризици на Стопанска банка АД – Скопје.

Стојаноски е дел од менаџерскиот тим на Банката од 2020 година, кога ја презеде функцијата Генерален директор за управување со ризици и член на Управниот одбор. Во изминатите пет години, неговиот придонес беше од значење за унапредување на системите за управување со ризици, како и за севкупната стабилност и раст на Банката.

Бојан Стојаноски има повеќедецениско искуство во финансискиот сектор. Пред да се приклучи на Стопанска банка АД – Скопје, својата кариера ја градеше во Халк банка АД Скопје, каде што успешно раководеше со неколку клучни сектори – Секторот за кредитирање, финансиско управување и планирање, управување со лоши пласмани, средства и ликвидност, како и маркетинг и продажба.

Претходно, беше дел и од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, каде што ја извршуваше функцијата член на Управниот одбор и втор генерален директор.

Стојаноски е магистер по економски науки во областа на финансискиот менаџмент при Економскиот институт на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Оставката е поднесена согласно внатрешните процедури на Банката и важечката регулатива. Од Стопанска банка информираат дека ќе бидат преземени сите неопходни чекори за обезбедување континуитет во работењето и навремено информирање на надлежните институции и јавноста.

Според неофицијални информации, се очекува Стојаноски наскоро да го засили управниот одбор на една од поголемите банки во земјава, како дел од неговиот следен професионален ангажман.

Продолжи со читање

Банки

Гувернерот Славески: Новиот модел на надоместоци ќе придонесе за поевтини платни услуги за граѓаните и за компаниите

Објавено

на

Советот на Народната банка донесе одлука за воведување нов и поедноставен модел на надоместоци што банките ги плаќаат за користење на услугите на Македонскиот интербанкарски платен систем – МИПС. Како што истакна гувернерот, д-р Трајко Славески, во денешната изјава пред медиумите, со оваа промена се поставува поконкурентна тарифна структура којашто ќе овозможи пониски трошоци за електронски плаќања, со директни придобивки за граѓаните и за компаниите.

Новото решение е резултат на детални анализи и отворен дијалог со банкарскиот сектор, заради приспособување кон современите пазарни услови и европските практики. Воспоставениот модел ги поедноставува и ги намалува трошоците на банките за порамнување на трансакциите кај Народната банка, што создава простор за намалување и поедноставување на надоместоците што банките ги наплатуваат од граѓаните и од компаниите“, изјави гувернерот Славески.

Одлуката ќе стапи на сила на 1 август, а Народната банка очекува дека банките ќе покажат разбирање за јавниот интерес и за пошироките економски придобивки од достапни и евтини платежни услуги.

Во рамките на подготовките за приклучување кон европската платежна шема СЕПА, Народната банка воведува и нова структура на надоместоците за плаќањата во евра од страна на државните органи со значително пониска цена. Наместо досегашните просечни трошоци од 14 евра по трансакција преку кореспондентни банки, ќе се применуваат фиксни надоместоци од 3 евра за електронски иницирани и од 5 евра за хартиени налози.

На овој начин праќаме јасна порака – очекуваме пофер и поевтини платни услуги за сите. Народната банка ја поддржува изградбата на ефикасен и конкурентен платен пазар во земјава, во согласност со европските стандарди и во духот на интеграцијата во СЕПА“, истакна гувернерот.

Гувернерот посочи дека банкарскиот сектор е стабилен, и покрај светските предизвици, а Народната банка и во иднина ќе ги води своите политики одговорно и внимателно, заради одржување на финансиската стабилност и за унапредување на платниот систем во земјата.

Продолжи со читање

Популарно

no baners