Connect with us
no baners

Банки

„И ОДМОР, И ЗАШТЕДА“ – промотивен орочен депозит на ПроКредит Банка со атрактивни каматни стапки на само 13 месеци

Објавено

на

Во летните денови, вистински предизвик е да се најде рамнотежа помеѓу штедењето и уживањето. Токму затоа, ПроКредит како одговорна банка, преку мотото “И одмор, и заштеда” ја поттикнува културата на штедење со понудата за орочен депозит со атрактивни каматни стапки и рок на орочување од само 13 месеци.

Во промотивниот период, ПроКредит нуди фиксни каматни стапки до 3.6% за денари на рок од 13 месеци и до 2.5% за евра на рок од само 13 месеци.

Краткиот рок на орочување е бенефит кој клиентите посебно го ценат, бидејќи за приближно една година парите повторно им се на располагање и можат да прават нови планови за иднина. Па така, доколку започнете со штедење денес, вашата заштеда за летниот одмор наредната година е веќе загарантирана бидејќи каматата е фиксна.

ПроКредит банка како единствена банка со 100% германски капитал во нашата земја, во изминатите 20 години се стекна со репутација на доверлива и стабилна банка со висока ликвидност и со висок кредитен рејтинг, што ја прави прв избор за штедење на бројни клиенти.

Покрај сигурната заштеда за иднината, за прв пат на нашиот пазар ПроКредит Банка носи и уникатна поволност – бесплатни девизни приливи од странство до крајот на годината за сите нови клиенти кои ќе отворат сметка во промотивниот период до 31 август, што е дополнителна заштеда на трошоци. Имајќи ја предвид специфичноста на трансакциите со странство, банката обезбедува поддршка и високо-професионална услуга од лични банкарски советници кои можат да одговорат на сите барања поврзани со овие трансакции.

ПроКредит Банка е препознатлива по своите современи дигитални банкарски услуги, па така и аплицирањето за промотивните услуги може да се направи брзо и лесно, целосно онлајн на веб страната на банката.

Искористете ја промотивната понуда за штедење и девизини трансфери и аплицирајте на следните линкови.

Апликација за штедење: ProCredit Bank – Апликација за отворање орочен депозит (pcb.mk)

Апликација за отворање сметка со бесплатни приливи од странство: ProCredit Bank Основен пакет (pcb.mk)

Банки

Патувај без грижи: Халкбанка со Visa Travel нуди осигурување и бенефиции за патниците

Објавено

на

Халкбанка АД Скопје ја промовира својата кредитна картичка Visa Travel, наменета за клиентите кои патуваат и имаат потреба од дополнителна сигурност и поддршка за време на престојот во странство.

Картичката Visa Travel, издадена во соработка со Visa, нуди пакет на бенефиции кои вклучуваат асистенција на пат, патничко осигурување со покритие до 10 дена, како и попусти при купување на полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување.

Според информациите од банката, корисниците на оваа картичка можат да добијат 10 проценти пониски цени за одредени осигурителни производи, што претставува дополнителна финансиска поволност при планирање патувања.

Со оваа понуда, Халкбанка се насочува кон сегментот на клиенти кои се почесто патуваат, нудејќи комбинирано решение кое обединува платежна функционалност и осигурителна заштита, со цел намалување на ризиците и трошоците при патување.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка ја промовира понудата за потрошувачки кредити со фиксни камати и без административни трошоци

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје ја промовира својата понуда за потрошувачки кредити, со акцент на поволните услови за граѓаните во текот на промотивниот период.

Во рамки на кампањата, Стопанска банка АД Скопје нуди потрошувачки кредити без обезбедување до 1,5 милиони денари (25.000 евра), со фиксни каматни стапки во првите две години – 5,30% за кредити со животно осигурување и 5,50% за кредити со осигурување од незгода. За сите апликации поднесени до 30 април 2026 година, банката ги покрива и административните трошоци.

Кредитите се одобруваат без потреба од жиранти, меници или депозит, што овозможува побрз и поедноставен пристап до средства. Износот се движи од 15.000 денари до максималниот лимит, со рок на отплата до 120 месеци, во зависност од висината на кредитот.

Отплатата се врши преку еднакви месечни ануитети, а клиентите имаат можност да користат траен налог или електронски банкарски услуги. Во понудата е вклучена и можност за избор на осигурување – животно или од незгода, со што се обезбедува дополнителна сигурност при користењето на кредитот.

Со оваа промоција, Стопанска банка ги истакнува условите од својата понуда за потрошувачки кредити, насочени кон поголема достапност и флексибилност за клиентите.

Оригиналниот текст со сите детали за понудата е достапен на веб-страницата на банката.

Продолжи со читање

Банки

УНИ Банка ќе исплати полугодишна камата од 6% за перпетуалните обврзници од третата емисија

Објавено

на

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје информира дека на 24 април 2026 година ќе изврши исплата на полугодишна камата на имателите на перпетуалните обврзници од третата емисија (ISIN: MKBLBA200037, шифра: UNIPO3).

Каматата се исплаќа по годишна каматна стапка од 6 проценти, а право на исплата имаат сите инвеститори кои се евидентирани како иматели на овие обврзници во книгата на иматели во Централен депозитар за хартии од вредност заклучно со 23 април 2026 година.

Воедно, Банката информира дека тргувањето со овие обврзници на 22 и 23 април 2026 година ќе се врши со пресметана акумулирана камата. Тоа значи дека при порамнувањето на трансакциите на 24 и 27 април, купувачот ќе треба да ја плати чистата цена на обврзницата зголемена за износот на акумулираната камата кон продавачот.

Инвеститорите кои ќе ги купат обврзниците во овој период ќе бидат евидентирани како иматели по датумот на пресек и нема да имаат право на исплата на тековната полугодишна камата.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange