Connect with us

Анализи

Наташа Пукл ќе биде нов независен член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 39 став 1 од Статутот на НЛБ Банка АД Скопје, Собранието на НЛБ Банка на својата седница одржана на ден 21.02.2024 година донесе Одлука за именување на независен член на Надзорниот одбор.

За нов независен член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје се именува Наташа Пукл.

Мандатот на новиот член на Надзорниот одбор започнува од 29.05.2024 година и ќе трае 4 (четири) години.

Оваа Одлука ќе стапи на сила по добивањето на согласност од Гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија за именување член на Надзорен одбор.

Надзорниот одбор на НЛБ Банката во моментов го сочинуваат:

  • Блаж Бродњак – Претседател на Надзорен одбор
  • Андреја Стражишар – Член на Надзорен одбор
  • Боштјан Ковач – Член на Надзорен одбор
  • Кристина Ковачич Бјелајац – Член на Надзорен одбор
  • Зоран Јовановски – Независен член на Надзорен одбор
  • Матеја Тревен – Независен член на Надзорен одбор

Анализи

Дали падот на цените на становите во ЕУ ќе се преслика во Македонија?

Објавено

на

Цените на становите во еврозоната паднаа за 2,1% во третиот квартал од 2023 година, а во целата Европска унија се намалени за 1%. Во Македонија во четвртиот квартал пораснаа за 7% споредено со истиот период претходната година, а за три месеци се повисоки за 1%.(повеќе…)

Продолжи со читање

Анализи

И македонските банки ќе мора да овозможат инстант плаќања

Објавено

на

Македонските банки ќе мора да дозволат инстант плаќања за граѓаните и компаниите кои ќе се извршуваат во многу кратко време од околу 10 секунди. Тоа значи дека парите од сметката на плаќачот ќе легнат на сметката на примачот за не подолго време од 10 секунди. Ова претставува своевидна револуција во светот на платежните трансакции затоа што примачот веднаш ќе може да располага со парите и да врши натамошни трансфери доколку му се потребни.(повеќе…)

Продолжи со читање

Анализи

Кои акции можеа да ве направат милионери за 20 години?

Објавено

на

Цените на акциите на компаниите од индексот МБИ 10 на Македонската берза за период од 20 години бележат огромен раст, кој е особено изразен во последните 10 години. Ако во 2004 година купевте акции на Алкалоид, Тутунска банка (сегашна НЛБ), Комерцијална банка, Макпетрол или Гранит, во 2024 година ќе можевте да се прогласите за милионер! Во случајот со компаниите кои добија мнозински сопственик, како НЛБ банка, опција за тогашните акционери била да не ги продадат акциите и да ги чуваат до денес.(повеќе…)

Продолжи со читање

Популарно