Connect with us

Банки

Александра Максимовска Стојкова е избрана за Претседател, а Ванчо Чифлиганец за Заменик претседател на Надзорниот одбор на Комеерцијална банка

Објавено

на

Согласно Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје објавува дека на конститутивната седница на Надзорниот одбор на Банката, одржана на 04.06.2024 година, Александра Максимовска Стојкова е избрана за Претседател, а Ванчо Чифлиганец за Заменик претседател на Надзорниот одбор.

Д-р Александра Максимовска Стојкова поседува репутација на реномиран професор по правни науки на Правниот факултет Јустинијан I на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Раководител на мастер студиите – насока Финансово право. Предмет на професионален интерес и се даноците и буџетското право, а посебно правото на локално финансирање, за кои има објавено над 60 научни и стручни трудови во реномирани меѓународни и домашни списанија. Автор е на три универзитетски учебници, а како раководител и член учествува во повеќе од 20 научни и физибилити проекти и студии.

Тaa ја познава финансиската состојба и профилот на ризичност на Комерцијална банка, ги почитува законските одредби и договорните обврски, соработува со супервизорските органи и ја почитува корпоративната култура и вредности на Банката. Активно учествува во разгледување на прашањата поврзани со регулаторните барања за работењето на Банката, надзорот врз управувањето со пазарните и репутациските ризици, извештаите од работењето на органите на Банката, како и останатите прашања од надлежност на Надзорниот одбор.

Ванчо Чифлиганец, со своето знаење и искуство на долгогодишен стопанственик и професор по економска геологија и менаџмент е одамна познат на македонската јавност.

Со основањето на градежната компанија “Адора Инженеринг” станува еден од најголемите играчи на пазарот за недвижнини со реализација на големи станбени и други проекти ширум земјата.

Тој е познат на македонската јавност и како најголемиот акционер во Комерцијална банка со сопственост од речиси 15% од вкупно издадените акции од Банката. Тој има познавања и разбирање на воспоставеното корпоративно управување и улогата на Надзорниот одбор во Банката. Тој ја познава финансиската состојба и профилот на ризичност на Комерцијална банка.

Ванчо Чифлиганец објективно и независно ги извршува своите надлежности и врши независна и објективна оцена на решенијата кои се предлагаат од другите членови на Надзорниот одбор и самостојно ги анализира одлуките и предлозите на Управниот одбор.

Во моментов Надзорниот одбор на Комерцијална банка го сочинуваат:

Александра Максимовска Стојкова – Претседател и независен член;

Ванчо Чифлиганец – Заменик претседател и член;

Петар Теговски – Независен член;

Ивана Милковска Симева – Член;

Горан Антевски – Член;

Фатмир Етеми – Член.

Банки

НЛБ Банка со известување до своите клиенти: Личните податоци во видеото не потекнуваат од нашите системи

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на социјалните мрежи се појави видео во кое се прикажуваат лични податоци кои се поврзуваат со НЛБ Банка.

По направената темелна анализа, се утврди дека овие податоци не потекнуваат од системите на Банката и нема нарушување на безбедноста на сервисите на Банката. Случајот е пријавен до сите надлежни институции за преземање на соодветни мерки.

Заштитата на информациите и средствата на клиентите е највисок приоритет на НЛБ Банка.

„Ги уверуваме нашите клиенти дека системите на Банката работат според најнапредните безбедносни стандарди и дека нивните податоци и финансиски средства се безбедни“, велат од НЛБ Банка.

Продолжи со читање

Банки

ТТК Банка започна со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека oд денес – 05.12.2024 година започна со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични права) за месец ноември 2024 година за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната платежна сметка во Банката.

Корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички можат да располагаат со средствата од денес – 05.12.2024 година, преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

За корисниците кои не користат картички, исплатата да се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

  • 05.12.2024 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
  • 06.12.2024– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

ТТК Банка препорачува средствата да се користат првенствено со безготовински плаќањa во трговската мрежа, со плаќања преку интернет банкарство TTK E-bank или мобилната апликација TTK M-bank, или да се подигнуваат без провизија со дебитните картички преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.

Продолжи со читање

Банки

Бојан Стојаноски именуван за заменик-претседател на Македонската банкарска асоцијација

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација со задоволство ја информира јавноста дека на 48. Седница на Собранието го именуваше г-дин Бојан Стојаноски за заменик-претседател на Асоцијацијата, со мандат од четири години.

Г-дин Стојаноски е истакнат банкарски професионалец со повеќе од 25 години искуство во банкарскиот сектор, од кои 15 години на раководни позиции. Тој е долгогодишен и активен член на Македонската банкарска асоцијација уште од нејзиното основање, при што се истакна со својот значаен придонес како претседавач на Комисијата за реструктурирање корпоративен долг.

Моментално, г-дин Стојаноски е Генерален директор за управување со ризици и член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, функција што ја извршува од март 2020 година. Неговото професионално портфолио вклучува и високи раководни позиции во Халк Банка АД – Скопје. Дополнително, тој бил член на Управниот одбор и втор Генерален директор на КБ Прво пензиско друштво АД – Скопје.

Македонската банкарска асоцијација e уверена дека неговото искуство, стручност и посветеност ќе донесат голем придонес во остварувањето на целите на Асоцијацијата.

Македонската банкарска асоцијација му честита на г-динот Стојаноски и му посакува многу успех на новата функција.

Продолжи со читање

Популарно