Кариера
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
Деловниот сектор за управување со продажна мрежа на НЛБ Банка АД Скопје го зајакнува својот тим на успешни професионалци и нуди можност за работење во Експозитура Куманово.
Доколку имаш желба и амбиција да се приклучиш на тимот, НЛБ Банка те мотивира да се пријавиш на отворената работна позиција:
Раководител на Експозитура Куманово
Улога во тимот:
- Промовирање, понуда и продажба на продукти и услуги на правни лица на постојни клиенти и аквизиција на нови клиенти;
- Остварување на продажните цели и резултати со цел зголемување на пазарното учество, портфолиото и конкурентската предност на Банката;
- Воспоставување, посредување, уредување и проактивно негување и развој на контакти и деловни аранжмани со клиентите
- KYC активности (познавање на бизнис моделот, финансиските извештаи и показатели на клиентот).
Потребни квалификации и компетенции:
Универзитетско образование;
- Претходно работно искуство од минимум 3 години на менаџерска позиција за работа со клиенти;
- Развиени лидерски, менаџерски и продажни вештини.
- Одлични комуникациски и организациски вештини;
- Подготвеност за креативно и иновативно размислување;
- Способност за тимска работа, самоиницијативност и аналитички вештини;
- Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
- Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).
Потврди го твојот интерес со доставување на мотивациско писмо во кое ќе ги образложиш амбициите, мотивите и начините на придонес на наведеното работно место како и кратка биографија (CV) најдоцна до 19.07.2024 на: [email protected], со назнака за: Раководител на Експозитура Куманово.
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
Кариера
Комерцијална банка нуди можност за кариерен развој во филијалата во Велес
Комерцијална банка објави оглас за вработување на позицијата помлад соработник за оперативно работење во својата филијала во Велес.
Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои сакаат професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работното место. Како што наведуваат, станува збор за можност за работа во институција со долгогодишна традиција, која се темели на стабилност, ефикасност и иновативност.
Во објавата се истакнува дека новиот член на тимот ќе има можност да работи во професионална и поддржувачка работна средина, со простор за личен и кариерен напредок и активно учество во развојот на банката.
Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Комерцијална банка.
Кариера
Комерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово
Комерцијална банка АД Скопје објави оглас за вработување на позицијата Помлад соработник за оперативно работење во Филијалата во Тетово.
Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат желба за професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работното место. Како што наведуваат, станува збор за можност за работа во институција со долгогодишна традиција, која се стреми кон стабилност, ефикасност и иновативност преку посветен тим на професионалци.
„Искористи ја можноста да работиш во пријатна средина која ги цени твоите лични вредности, да ги оствариш твоите професионални цели и активно да учествуваш во модерниот развој на банката“, порачуваат од Комерцијална банка.
Пријавувањето е отворено преку официјалната веб-страница на банката.
Кариера
АЛТА Банка објави оглас за вработување на референт за работа со благајна
АЛТА Банка објави оглас за вработување на позицијата референт за работа со благајна во својата експозитура во Прилеп.
Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат искуство во банкарското работење, развиени комуникациски вештини и желба да работат во динамична средина ориентирана кон клиентите, да се пријават на огласот.
Кандидатите треба да достават биографија и мотивациско писмо на електронската адреса [email protected], со назнака во предметот на пораката: „За Референт за работа со благајна во експозитура – Експозитура Прилеп“.
Од АЛТА Банка посочуваат дека новиот член на тимот ќе има можност да ја гради својата професионална кариера во банкарскиот сектор и да биде дел од организација која е посветена на обезбедување квалитетна услуга за клиентите.
Огласот е отворен за сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите и сакаат да се приклучат на тимот на АЛТА Банка.
-
Продуктипред 2 месециУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Бизниспред 2 месеци
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година
-
Бизниспред 1 месецОд полноќ нови цени на горивата
-
Банкипред 2 месециСилк Роуд Банка: Пензиите за април исплатени, достапни преку експозитурите, банкоматите како и електронското банкарство
-
Останатопред 1 месец
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Кариерапред 2 месециАЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист)
-
Советипред 1 месец
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата


