Connect with us
no baners

Бизнис

Витаминка прва во Македонија седигитализира со Microsoft – Dynamics 365 Finance and Operation

Објавено

на

Витаминка е првата компанија во Македонија која во сите процеси, производство, набавка, магацини, продажба и финансии, го имплементира ЕРП решението од Microsoft – Dynamics 365 Finance and Operation. Со ова Витаминка е на пат кон целосна дигитализација на работата, од влез на суровина до излез на готов производ и нивно складирање.

Инвестицијата во најновите технологии е значаен чекор напред и придонесува за подобрување на оперативната ефикасност, модернизација на операциите, унапредување на производниот процес, подобро корисничко искуство и можности за раст и следење на иновативните светски трендови.

Витаминка е компанија каде што воведувањето на иновативни решенија и примената на нови технологииотсекогаш се гледале како инвестиција во раст и развој. На овој начин, со модернизација и следење на новите технолошки решенија, ги имплементираме најдобрите практики и ја унапредуваме работата во еден синхронизиран и ефикасен систем, докажан и користен од големи интернационални компании во светот. Отвораме можности за компанијата но и за пазарот и индустријата, затоа што дигитализација во оваа индустрија е неопходна, обезбедува сигурност и гаранција на она што излегува како готов производ“, истакна Сашо Наумоски, генерален извршен директор на Витаминка.

Дигитализацијата на оперативното работење е жив процес кој постојано се унапредува и менува, а ова решение е платформа на која може да се работи и да се биде во постојан тек со овие промени. 

Комплексноста на нашата компанија е тоа што истата располага со 9 производствени погони, 18 производни линии лоцирани на 3 физички одделени локации низ земјата, а тоа бараше сеопфатно софтверско решение што ќе доведе до унифицирање на процесите и обезбедување на податоци и анализа на истите, кои се неопходни за понатамошни одлуки и правци во работењето на компанијата. Овој систем е рамка во која компаниитеформираат стандарди и прилагодување на работата и процесите, што го прави идеален избор за бизниси кои постојано растат и инвестираат во иновации. Перспективата од овој систем е веќе видлива и отвора големо поле за работа и иновација на компаниските процеси“, вели Васко Наумоски, ИТ менаџер во Витаминка и одговорен за имплементација на Dynamics 365 системот.

Имплементацијата на овој ЕРП систем Витаминка ја спроведе со партнер компанијата на Microsoft, Axapta Masters, лидер во областа на Microsoft D365 решенија во Македонија.

„Оваа значителна трансформација на компанијата ќе ѝобезбеди не само економска предност и финансиска стабилност на долгорочен план, туку ќе овозможи и понатамошна платформа за развој во процесот на автоматизација и следење на иновативните светски решенија во нашата област. Со Axapta Masters, Витаминка го отвори патот кон нови успеси и висини во својата успешна македонска бизнис приказна“, истакна директорот на Axapta Masters – Игор Трпковски. 

На линкот е достапно видео за примената на ЕРП решението од Microsoft – Dynamics 365 Finance andOperation од Витаминка.

Банки

Караван за финансиско советување и забава со НЛБ Банка и Кроација Осигурување Живот во Ист Гејт Мол

Објавено

на

Оваа сабота, 31 мај, од 12:00 до 14:00 часот НЛБ Банка и Кроација Осигурување Живот ве покануваат да ја посетите НЛБ експозитурата во Ист Гејт Мол и да уживате во едукативен и забавен настан.

Настанот е дел од Караванот за финансиско советување, кој трае од 19 мај до 20 јуни. Посетителите ќе имаат можност да се информираат и добијат стручни совети за производите на Кроација Осигурување Живот, достапни преку НЛБ Банка. Организаторите ветуваат креативна забава за најмладите и подароци – идеално за целото семејство!

Караванот продолжува и во наредниот период во експозитурите на НЛБ Банка низ земјава, во соработка со партнерите Сава Осигурување, Кроација Осигурување Живот, Сава Пензиско Друштво, Триглав Осигурување Живот и НЛБ Фондови, со цел да им овозможи на клиентите сеопфатна едукација, стручно советување и детални информации за сите небанкарски финансиски продукти кои се нудат преку НЛБ Банка.

НЛБ Банка, како водечка финансиска институција, постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, нудејќи им на клиентите широк избор на банкарски и небанкарски продукти на едно место. Банката е тука да ги поддржи клиентите во носењето паметни финансиски одлуки и во обезбедувањето сигурна финансиска иднина.

Продолжи со читање

Бизнис

Македонскиот тим – вицешампиони на финалето на Европскиот квиз за пари за 2025 година

Објавено

на

Нашите претставници на Европскиот квиз за пари, учениците Марин Христоски и Алексеј Мицкоски од ООУ „ Кире Гавриловски – Јане“ од Прилеп, под менторство на наставничката Соња Јорданоска, го освоија второто место на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост. Финалето се одржа на 23-ти мај 2025 година во Брисел, Белгија во организација на Европската банкарска федерација (ЕБФ).

Тимот од Италија го освои првото место, додека пак третопласирани беа учениците од Шведска.

Овогодинешниот Европски квиз за пари забележа рекорден одзив во 30 земји во Европа, при што над 73.000 ученици од 2.877 училишта ширум Европа учествуваа на националните натпревари одржани во земјите учеснички. Од сите учесници само 60 продолжија во финалето на Европскиот квиз за пари, кое беше организирано со дводневна агенда и вклучуваше низа активности за запознавање и зближување помеѓу тимовите.

Иницијативата, започната од ЕБФ во 2017 година, цели да ги подобри финансиските знаења на младите луѓе и да поттикне финансиски одговорна генерација.

Оваа година на натпреварот учествуваа вкупно 30 земји: Албанија, Австрија, Бугарија, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Норвешка, Полска, Португалија, Република Северна Македонија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Турција и Украина.

Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност ќе продолжи да ја поддржува и промовира финансиската едукација како клучен елемент за успешната и независна иднина на младите луѓе.

Продолжи со читање

Бизнис

ПроКредит Холдинг вклучен во германскиот индекс на мали компании SDAX

Објавено

на

ПроКредит Холдинг АГ, матичното друштво на германската групација за влијателно банкарство „ПроКредит“, која е претежно активна во Југоисточна и Источна Европа, ќе стане дел одSDAX. Оваа одлука ја објави „СТОКС Лтд“. ПроКредит Холдинг се вбројува меѓу 160-те најголеми јавно котирани компании во Германија, според пазарната капитализација на слободниот промет на акции.

Вклучувањето во SDAX стапи на сила на 9 мај 2025 година. Од своето котирање на регулираниот пазар (Prime Standard) на Франкфуртската берза во 2016 година, ПроКредит постојано се усогласува и со барањата на пазарот на капитал. Најважно е тоа што ПроКредит во 2023 година успешно ја заврши трансформацијата на својата правна форма во акционерско друштво (AG, претходно: KGaA).

Вклучувањето на нашите акции во SDAX претставува важна пресвртница за ПроКредит. Ова е силен сигнал што дополнително ја зголемува видливоста на нашата групација на пазарот на капитал и пошироко.“ „Во ПроКредит, убедени сме дека одговорното банкарство во економиите во транзиција имасеопфатно позитивно економско, еколошко и социјално влијание, со атрактивни и одржливи приноси за инвеститорите. Како такви, нашето вклучување во индексот SDAX нè охрабрува и ова го сметаме за знак на почит и признание за она што го правиме, како и во однос на тоа каде го правиме тоа. Во исто време, остануваме цврсто фокусирани и решени да продолжиме со спроведување на нашата амбициозна стратегија за раст и трансформација, што ќе ни овозможи да оствариме дополнително одржливо влијание, како и да создадеме вредност за нашите акционери“, изјави Хуберт Шпехтенхаузер, претседател на Управниот одбор на ПроКредит Холдинг АГ.

Продолжи со читање

Популарно