Connect with us

Банки

Ангеловска-Бежоска: Според анкетата на Светската банка, Народната банка е домашна институција со најголема доверба

Објавено

на

Според анкетата на Светската банка, Народната банка е домашна институција којашто ужива најголема доверба во државата. Довербата на граѓаните и на институциите во нашата централна банка е на повисоко ниво и во однос на некои меѓународни институции, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во разговорот за емисијата „Каде се парите“ со Горан Теменугов на порталот „Пари“. Уште поважно е што и покрај последователните кризи во изминатите години, анкетата покажува дека довербата во централната банка во изминатите четири години е дополнително зголемена. Ова е потврда на позитивната оцена на јавноста за мерките и политиките коишто ги презема Народната банка како одговор на шоковите со коишто се соочуваме.

Анкетата, на која се осврнува гувернерката на Народната банка, ја спроведува Групацијата на Светската банка, секои четири години, врз испитаници од различни целни групи во земјава.

Гувернерката ја истакна важноста на довербата во централната банка од страна на јавноста, бидејќи таа е фактор за задржувањето на независноста на оваа клучна институција во системот, што, пак, е предуслов за задржување на макроекономската стабилност. „Независноста на централните банки зависи од неколку елементи. Првиот е регулативната рамка, односно колку е силна таа и колку ја заштитува независноста на централната банка од политички и други влијанија. Оцените коишто ги добиваме од ЕУ се високи и укажуваат на високо ниво на правна независност на централната банка. Друг многу важен фактор е кредибилитетот на луѓето, на раководството на централната банка, бидејќи не е доволно само да се има силна регулатива, туку и да може да се спроведува и некогаш да се носат и тешки одлуки, што говори за кредибилитетот на институцијата. Третиот фактор од кој зависи независноста на централната банка е довербата, бидејќи јавноста е најголемиот заштитник на независноста на централните банки. Една централна банка може да се заштити од влијанија, само ако ужива доверба во јавноста“, посочува гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Банки

Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата, како гаранција за стабилноста на девизниот курс

Објавено

на

Нивото на девизните резерви на крајот на минатата година достигна пет милијарди евра и тие се повисоки за околу 50% во однос на претпандемичниот период. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, посочува дека девизните резерви се најважниот фактор за одржување на стабилноста на домашната валута и дека во изминатиот период, и покрај кризите, тие речиси непрекинато растеа, како гаранција за задржување на стабилноста на девизниот курс.

Ангеловска-Бежоска посочи дека растот на девизните резерви главно се должи на откупот на девизи од страна на централната банка на девизниот пазар, којшто речиси постојано се остварува од средината на 2023 година. „Вкупно за изминатите две години ние како централна банка на девизниот пазар откупивме 750 милиони евра, со што во целост се надомести износот којшто беше искористен за интервенции на девизниот пазар во периодот на пандемијата и во периодот на енергетскиот шок. Сето ова јасно говори за воспоставените силни одбранбени механизми од идни потенцијални ризици и шокови, заради натамошно одржување на стабилноста на девизниот курс на домашната валута“, нагласи Ангеловска-Бежоска. 

Гувернерката посочува и дека несомнено странските директни инвестиции имаат позитивен придонес кон порастот на девизните резерви. „Во претпандемичниот период, странските директни инвестиции изнесуваа околу 3,5% од БДП, во просек, по забавувањето во текот на пандемијата следеше процес на постепено закрепнување, а минатата година во првите три квартали достигнаа 5% од БДП, што е солидно ниво според историските параметри“, истакна Ангеловска-Бежоска. Таа истакна дека странските директни инвестиции не се важни само за порастот на девизниот потенцијал во нашата економија, туку поопшто за инвестицискиот циклус и за побрз раст и зголемување на нивото на доходот, којшто кај нас за жал сѐ уште е низок.

Ангеловска-Бежоска истакна дека за остварување повисок економски раст особено е важна и солидната кредитна поддршка за граѓаните и компаниите од страна на банкарскиот сектор, чијашто стабилност и капацитет за кредитирање се зајакнати и покрај кризниот период, а адекватноста на капиталот е највисока во последниве две декади. Ова се должи меѓу другото и на мерките коишто ги преземаше централната банка. Гувернерката посочи дека важна улога за зголемувањето на инвестициите има и растот на зеленото кредитирање коешто во изминативе години се удвои од 2,2% на 4,4%.

Продолжи со читање

Банки

Средба Ангеловска-Бежоска – Палминтери: Народната банка цврсто чекори кон Европскиот систем на централни банки

Објавено

на

Народната банка постојано работи на усвојување на најдобрите европски практики и стандарди со што сѐ повеќе се приближува до Европскиот систем на централни банки. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорот на Република Италија во земјава, Паоло Палминтери.

Во оваа смисла беше нагласено значењето на поднесеното барање за членство на земјава во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Амбасадорот Палминтери ја изрази својата поддршка за заложбите на Народната банка во овој процес. Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека имајќи го предвид високиот степен на усогласеност на правната рамка, се очекува позитивна оцена што ќе овозможи скорешно пристапување на нашата земја во СЕПА.

На средбата, стана збор и за системот за инстант плаќања којшто централната банка на Италија го развива за земјите од Западен Балкан, по одлука на Европската централна банка (ЕЦБ) како клон на системот ТИПС со кој таа управува. Системот ќе овозможи инстант извршување на домашните плаќања во текот на кое било време од денот во текот на годината во секоја од земјите, како и на нивните меѓусебни плаќања и на плаќањата со земјите од ЕУ. Поставувањето платежна инфраструктура за инстант плаќања во земјите од регионот по стандардите и правилата на системот на ЕЦБ претставува историски исчекор за развојот на регионот и негова интеграција на единствениот европски пазар и пред земјите да обезбедат полноправно членство во ЕУ, се согласија гувернерката и амбасадорот.

Се разговараше и за билатералната соработка на нашата со централната банка на Италија, во рамките на втората фаза од Регионалната програма за зајакнување на капацитетите на централните банки на Западен Балкан, финансирана од Европската Унија. Оваа соработка ќе придонесе кон унапредување на стандардите и примената на најдобрите практики во Народната банка, преку споделување искуства и експертиза од страна на Банката на Италија.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и амбасадорот Палминтери ја потврдија својата заложба за понатамошно јакнење и продлабочување на соработката, заради унапредување на финансиската стабилност и натамошна интеграција на финансискиот систем со европскиот финансиски систем, особено во платежната сфера. 

Продолжи со читање

Банки

Европската централна банка за разлика од ФЕД одлучи да намали три клучни каматни стапки

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука да намали три клучни каматни стапки за 25 базични поени.

Така, од 5 февруари каматните стапки на депозитните капацитети ќе изнесуваат 2,75 отсто, што е најниско ниво од почетокот на 2023 година. Каматната стапка на операциите за главно рефинансирање е намалена на 2,9 отсто, а на маргиналните кредитни линии на 3,15 отсто.

Одлуката е донесена само еден ден откако Федералните резерви на САД ја задржаа референтната каматна стапка стабилна на 4,25 до 4,5 проценти.

Продолжи со читање

Популарно