Интервјуа
Очекувања 2023 година | САНЕЛ КУСТУРИЦА, ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

На почетокот на тековната 2023 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.
Од соговорниците побаравме да направат кратка ретроспектива на изминатата 2022 година, да ги споделат своите очекувања околу новите трендови во банкарскиот сектор во 2023 година, да дадат свој коментар на движењето на каматите на активата и пасивата, да ги истакнат предизвиците со кои ќе се соочи банкарскиот сектор по имплементацијата на новиот Закон за платежни услуги и платни системи и да откријат еден новитет кој банката ќе го воведе во тековната година.
За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Санел Кустурица, Претседател на Управниот одбор и Генерален извршен директор на Шпаркасе Банка АД Скопје.
Банкарство: Кратка ретроспектива на изминатата 2022 година. Кои настани ја одбележаа годината, дали беше успешна за Вас и кои поуки ги извлековте?
Санел Кустурица: Не би зборувал многу за предизвиците со кои се соочивме минатата година, бидејќи сите мои колеги од банкарскиот сектор веќе детално и исцрпно појаснија, а поголемиот дел се сведува на војната во Украина и живот и работа во услови на висока инфлација.
Но, ова секако не е првата криза со која се соочивме, ниту, пак, ќе биде последна. Сметам дека сите веќе научивме да функционираме во вакви околности, додека, пак, истовремено правиме сè што е во наша моќ за да го дадеме својот придонес во подобрување на постојниот амбиент за живот и работа.
Ние пред сè бевме фокусирани на нашите клиенти, зашто само помагајќи им ним во вакви кризни времиња, може да си помогнеме и себеси.
Имајќи ја оваа цел пред нас, во 2022 година продолживме со многу интензивна кредитна активност, остварувајќи вкупен кредитен раст од 10,7% при што во сегментот на корпоративни клиенти остваривме годишен раст од над 16%, со што значајно влијаевме на заживување на економската активност. Финансиравме одржливи, профитабилни проекти на голем број компании, проекти што овозможуваат отворање нови работни места
проекти што имаат влијание врз животната средина. А и преку сопствен пример на поставување фотоволтаични панели на покривите на нашите згради, сакавме да покажеме дека сите поединечно можеме да дадеме свој придонес.
Растот на депозитното портфолио од 11,2% што е значајно повисоко од просекот на банкарски сектор, говори за довербата што клиентите ја имаат во Шпаркасе Банка, а што е особено карактеристично во кризни времиња. Се разбира дека тука особено влијание има и припадноста кон Штаермеркише Шпаркасе и Ерсте групацијата, институции со докажана стабилност и сигурност во изминатите 200 години. Стратегиската определба на Групацијата за поддршка на македонската економија се покажа и преку кредитот од 50 мил. евра обезбеден за државата под навистина поволни услови.
Остваривме раст во сите сегменти на работењето, раст на нето-профитот и поврат на капиталот, пораст на вкупната актива, а високата капитализираност од 17,9% со адекватно ниво на ликвидност ја прават Шпаркасе Банка отпорна на идни евентуални кризи или надворешни шокови. Но, за нас најбитен показател за успешноста е задоволството на нашите клиенти. Горди сме на резултатите од спроведеното истражување на крајот на 2022 година, кои ни покажаа дека клиентите се задоволни од услугата на Банката.
Додека, пак, она што секако го знаевме, но го потврдивме и сега, е дека најбитен ресурс се нашите луѓе. Грижата за нашите вработени беше наш приоритет и во 2022 година и продолжува и понатаму. Покрај финансиските бенефити што ги обезбедивме, развиваме цел концепт со низа активности со кои ќе ја направиме Банката пријатно катче каде што вработените со задоволство ќе доаѓаат секој ден. Затоа што неспорно е дека само задоволни вработени ќе ни донесат и задоволни клиенти.
Земајќи го предвид погоре кажаното, може да се заклучи дека Шпаркасе Банка беше успешна во изминатата година.
Сепак, од оваа перспектива, многу далечна ми изгледа 2022 година. Cакам да гледам напред, да се фокусирам на новите предизвици и зацртани цели.
Така функционирам јас, така и целиот мој тим. И ние знаеме дека можеме многу повеќе и многу подобро и тоа ќе го докажеме во периодот што следува.
Банкарство: Краток коментар околу очекувањата за движењето на каматните стапки на кредитните/депозитните производи во 2023 година.
Санел Кустурица: Очекувам дека монетарната и фискалната политика ќе се движат во насока што ќе вроди со плод и дека ќе се постигне умерено зауздување на инфлацијата.
Верувам дека никој со сигурност не може да знае до кога ќе трае периодот на високи каматни стапки и кога би можело да се очекува нормализирање на состојбата.
Последните предвидувања покажуваат пооптимистички движења и очекувања за поголем раст на економијата, кои искрено се надевам дека ќе се остварат.
Би сакал да потенцирам дека ние како банка сме претпазливи и постепено ја креираме ценовната политика на нашите кредитни и депозитни производи, во насока на минимален импакт врз нашите клиенти. Секогаш сме подготвени да одговориме на потребите на клиентите по поволни услови и да го амортизираме евентуалниот удар од кризата.
Банкарство: Со какви предизвици се соочува банкарскиот сектор со имплементацијата на новиот Закон за платни системи и платежни услуги?
Санел Кустурица: Новиот Закон за платни системи и платежни услуги донесе значајни новини, кои постепено ќе се имплементираат во наредниот период иако значаен дел веќе се воведоа со почетокот на годината. Движењето во правец на усогласување со европската регулатива во областа на платежните услуги, може да донесе само бенефити за сите учесници во процесот и тука нема дилеми дека промените ќе влијаат значајно за подобрен квалитет од аспект на брзина, сигурност, транспарентност и конкурентност на услугите што ги обезбедуваме кон клиентите. Со воведување на концептот на отворено банкарство и PSD2 регулативата, се отвора значајна конкурентност на пазарот со влез на финтек компаниите, што од друга страна значајно ќе влијае кај банките дигитализацијата да се стави високо на агендата на приоритети во насока на дигитална трансформација во сите банкарски процеси.
Банкарство: Наведете еден новитет што Шпаркасе Банка АД Скопје ќе го имплементира во 2023 година и што очекувате од неговото спроведување?
Санел Кустурица: Дигиталната услуга станува приоритет во секојдневното дејствување, па во стратегиите за трансформација во Шпаркасе Банка дигитализацијата е на приоритетно место. Модернизацијата, зголемената дигитализација и подобрувањето на условите во понудата е трендот што клиентите годинава ќе го почувствуваат во сите сегменти на работењето.
Во оваа насока, Шпаркасе Банка е меѓу првите банки на пазарот што воведе дигитален идентитет. Нашите клиенти веќе можат да креираат дигитален идентитет од далечина со само неколку кликови од нивниот мобилен уред, а потоа да го користат како документ за лична идентификација и потпишување електронски документи од далечина. Следен чекор е дигитален onboarding на нови клиенти, при што ќе може да се отвори сметка, пакет, апликација за кредит и други операции, без присуство во експозитура, од удобноста на својот дом или канцеларија. Со ова, физичкото потпишување документи на хартија, постепено ќе станува минато, а воедно ќе придонесеме за оптимизација на интерните процеси, забрзување на времето за извршување на активностите и зголемена ефективност.
И понатаму ќе се залагаме да им понудиме на клиентите што поедноставни банкарски платформи каде што клиентите сами ќе може во секое време да ги извршуваат сите потребни банкарски операции за своите финансиски потреби, без да чекаат ред или да брзаат во работно време во експозитурите на Банката.
Покрај развојот на дигитални канали за клиентите, Банката паралелно посветено работи и на технологија и апликации што ќе водат кон интерна трансформација, оптимизација и автоматизација на процесите. Па, така, клиентите ќе можат да очекуваат платформа што значително ќе придонесе за побрз и поефикасен процес на одобрување на кредитните барања.
А, оваа година ќе нè видите и во едно ново руво. Веќе тече процесот на освежување на корпоративниот дизајн со нови бои, лого и креативи, приспособени на дигиталниот свет во кој живееме и следејќи ги визијата, вредностите и верувањата на големото Ерсте и Штаермеркише семејство. Брендот Шпаркасе станува уште попристапен и пофлексибилен за своите клиенти, целосно ориентиран кон иднината.
Интервјуа
Интервју | Д-р КАТЕРИНА БОШЕВСКА: Професионалното управување со побарувањата игра клучна улога за секоја економија

Банките и компаниите треба да продолжат да го доверуваат управувањето со побарувањата на надворешен партнер како што е ЕОЅ, бидејќи преку услугите за наплата и откуп на побарувања се дава значителна поддршка за компаниите и за економскиот систем. Преку оваа поддршка, тие ја враќаат ликвидноста, а истовремено помагаат граѓаните да се интегрираат повторно во системот овојпат ослободени од нивните задолжувања.
Покрај услугите за наплата и откуп на побарувања, компанијата ЕОЅ нуди услуги за меѓународна наплата на побарувањата исто така се’ повеќе наоѓаат своја успешна примена. Компаниите се свесни дека управувањето со побарувањата е една комплексна област, а особено кога нивните задоцнети и заостанати побарувања се наоѓаат кај субјекти кои се наоѓаат во странство. Мрежата на компании и партнери на ЕОЅ во 180 земји околу светот и експертизата на нивните вработени овозможува решавање на 99% од предметите без започнување на правна постапка, што значи помалку трошоци и побрзо разрешување на проблемот за компаниите. (more…)
Интервјуа
Чадиковски за АЕТМ: Комерцијална банка докажа дека е пионер во воведувањето напредни и клучни дигитални решенија

Комерцијална банка континуирано развива нови и современи решенија, генерално базирани на нови технологии, со цел да излезе во пресрет на новите потреби и навики на клиентите. Можноста за верификација на дигиталниот идентитет, надополнета со можноста за електронски потпис е клучна пресвртница за целосна трансформација на дигитализацијата во нашата земја, вели во интервју за АЕТМ, Киро Чадиковски, Директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка. (more…)
Интервјуа
Очекувања 2023 година | СТЕВЧЕ КУЗМАНОВСКИ, ПРОКРЕДИТ БАНКА АД СКОПЈЕ

На почетокот на тековната 2023 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.
Од соговорниците побаравме да направат кратка ретроспектива на изминатата 2022 година, да ги споделат своите очекувања околу новите трендови во банкарскиот сектор во 2023 година, да дадат свој коментар на движењето на каматите на активата и пасивата, да ги истакнат предизвиците со кои ќе се соочи банкарскиот сектор по имплементацијата на новиот Закон за платежни услуги и платни системи и да откријат еден новитет кој банката ќе го воведе во тековната година. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство