Connect with us

Анализи

8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?

Објавено

на

Со цел утврдување на статусот на жената во општеството, Банкарство.мк спроведе истражување на тема „Жените во Управните одбори на банките во Република Северна Македонија”. Истражувањето ја опфаќа процентуалната застапеност на жените во Управните одбори на банките во Македонија, па за таа цел беа анализирани сите банки.

Прашањето за разновидноста и улогата на жените во македонските компании е комплексно и претставува мултидимензионален проблем кој опфаќа различни демографски карактеристики, како на пример, бројот на членови во одборот, родовата и расна застапеност во одборите, квалификациите на членовите, нивна етничка припадност и националност.

Во изминативе неколку години, развојот на банкарскиот систем во Северна Македонија бележи значителен прогрес. Сепак, нивото на развој, мерено преку степенот на финансиско посредување е пониско во однос на останатите земји во транзиција (земјите од Централна и Источна Европа) и значително заостанува во однос на земјите од Европската Унија. Банкарскиот сектор на Република Северна Македонија, кој воедно има доминантно учество во финансискиот систем, се состои од 12 комерцијални банки, Развојната банка на Северна Македонија и Народната Банка на Република Северна Македонија.

Од истражувањето на Банкарство.мк во вкупно 14 банки во земјава, дојдовме до податок дека вкупното учество на жените во Управните одбори на банките во Република Северна Македонија изнесува 25,64% што воопшто не е задоволувачки процент, но зачудувачки и понизок во однос на претходните години.

Доколку направиме анализа по банки, за жал нема ниту една банка каде Управниот одбор го сочинуваат единствено жени, но, има неколку банки каде се застапени само мажи.

Банки каде што жените воопшто не се застапени во Управните одбори се НЛБ Банка, Силк Роуд Банка, Централна кооперативна банка и Развојната банка на Северна Македонија.

Само по една жена која е дел од Управниот одбор имаме во Стопанска банка – СкопјеХалкбанкШпаркасе Банка, ТТК БанкаУНИБанка, ПроКредит БанкаСтопанска банка – Битола и Капитал Банка.

Иако не се мнозинство, повеќе од една жена има единствено во Управниот одбор на Комерцијална Банка.

Кај регулаторот, НБРСМ, помеѓу извршните членови (гувернер и вицегувернери), три членови или 75% се жени, додека само еден, односно 25% е од машкиот пол.

Единствено УНИБанка и Народната банка на Република Северна Македонија имаат жени на челната позиција.

Имено, според анализата на Меѓународната Организација на Трудот само 5-7% од генералните директори во светот се жени, а во Македонија статистиката покажува дека на менаџерските позиции во македонските компании помалку од 10% се жени.

И покрај се, македонската жена е заинтересирана да учествува во општествените процеси, но исто така сака да се чувствува подеднакво успешна и важна во корпоративниот свет. Сака да биде дел од политиката, се грижи за семејството, но и дава голем придонес и во стопанството преку бизнис заедницата. Жените и мажите во урбаниот свет имаат подеднакво право да се произнесат како индивидуи, но биолошките разлики се тие кои ги прават различни. Дискриминацијата врз жените е проблем на целото општество, затоа сите треба да се залагаме за нејзина елиминација.

Посветеноста и одговорноста за родова еднаквост треба да бидат секојдневна обврска!

Анализи

Дали падот на цените на становите во ЕУ ќе се преслика во Македонија?

Објавено

на

Цените на становите во еврозоната паднаа за 2,1% во третиот квартал од 2023 година, а во целата Европска унија се намалени за 1%. Во Македонија во четвртиот квартал пораснаа за 7% споредено со истиот период претходната година, а за три месеци се повисоки за 1%.(повеќе…)

Продолжи со читање

Анализи

Наташа Пукл ќе биде нов независен член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 39 став 1 од Статутот на НЛБ Банка АД Скопје, Собранието на НЛБ Банка на својата седница одржана на ден 21.02.2024 година донесе Одлука за именување на независен член на Надзорниот одбор.(повеќе…)

Продолжи со читање

Анализи

И македонските банки ќе мора да овозможат инстант плаќања

Објавено

на

Македонските банки ќе мора да дозволат инстант плаќања за граѓаните и компаниите кои ќе се извршуваат во многу кратко време од околу 10 секунди. Тоа значи дека парите од сметката на плаќачот ќе легнат на сметката на примачот за не подолго време од 10 секунди. Ова претставува своевидна револуција во светот на платежните трансакции затоа што примачот веднаш ќе може да располага со парите и да врши натамошни трансфери доколку му се потребни.(повеќе…)

Продолжи со читање

Популарно