Connect with us

Продукти

Промотивно во НЛБ Банка, депозити со атрактивни каматни стапки

Објавено

на

Од денеска 15 септември, НЛБ Банка воведува нова, конкурентна промотивна понуда за депозити со атрактивни каматни стапки, дизајнирана за сите оние кои сакаат да го максимизираат растот на своите средства.

Промоцијата која се однесува на ново-склучени договори за штедење е со важност до крајот на месец октомври и нуди СУПЕР депозитни продукти со фиксни каматни стапки и тоа: за депозити во денари – каматни стапки до 3,5%, и за депозити во евра – каматни стапки до 2,5%, со рок на орочување до 36 месеци.

Со оваа промотивна понуда, НЛБ Банка им овозможува на клиентите да ги остварат своите финансиски аспирации, нудејќи им конкурентни каматни стапки и сигурност на нивните влогови.

Отворањето на депозитна сметка во НЛБ Банка е брз и едноставен процес. Клиентите можат да ја посетат која било експозитура на Банката и да добијат персонализирана услуга и искусен тим на финансиски експерти кој ќе им помогне да ја изберат вистинската опција за депозит.

Повеќе детали за промотивната понуда на НЛБ Банка може да се добијат во експозитурите на Банката, преку контакт центарот на телефонскиот број: 02/15 600 или на веб страницата на Банката, на линкот: СУПЕР ДЕПОЗИТИ.

Продукти

УНИБанка потпиша рамковен договор со Развојната банка на Северна Македонија за поддршка на зелени и општествено одговорни инвестиции

Објавено

на

УНИБанка склучи рамковен договор со Развојната банка на Северна Македонија за поддршка на зелени и општествено одговорни инвестиции со средства обезбедени од Француската агенција за развој (АФД).

 Во фокусот на кредитната линија ќе биде и поддршката на женското претприемништво, како и проектите поврзани со процесот на дигитализација, овозможувајќи ни да ја интензивираме нашата улога во поттикнувањето на понудата за финансирање на климатските промени, како и во стимулирање на иновативниот и инклузивниот раст во приватниот сектор. Се поддржуваат инвестиции од компании кои се минимум 51% во сопственост на жени или се раководени од жени.   

 Со оваа кредитна линија која има силна социјална компонента, цел е да се поттикне родова еднаквост, инклузивност како и поттикнување и развој на зелените проекти во земјата. Да се овозможи личен и професионален развој на жените претприемачи, да се поттикнат иновации и инвестиции во проекти кои позитивно влијаат врз животната средина, и кои имаат силен придонес за постигнување здрава животна средина.

“Со поддршката на жени претприемачи придонесуваме кон порамноправна и просперитетна иднина. Во нашата земја има многу жени кои се вистински лидери, кои со своите бизнис идеи можат да придонесат кон развој на економијата и општа благосостојба. Жените раководат со интегритет, непристрасност и принципиелност, но не секогаш им се даваат еднакви можности. Додека пак зелените проекти се поврзани со нашиот одржлив раст и развој, со здравата животна средина, и токму затоа е важно да ги поддржиме”, истакна Катица Кузмановска, Одговорен директор за бизнис развој во УНИБанка.

 УНИБанка ќе биде дел од банките во земјава преку кои ќе бидат достапни кредити во вкупен износ од 50 милиони евра, средства од кои 25% се наменети за финансирање на бизниси раководени од жени и инвестиции во дигитализација, а 75% за зелени проекти кои придонесуваат кон подобрување на климатските услови. Кредитите се отплатен рок до 15 години, со вклучен грејс период до 3 години и се со поволна фиксна каматна стапка, што ги прави интересни и прифатливи.

 УНИБанка е значаен дел од оваа заедница, и како општествено одговорен субјект и во иднина ќе поддржува различни еко проекти и инклузивни иницијативи, иницирани од институции или поединци, придонесувајќи на тој начин кон поттикнување на позитивни тенденции и корисни општествени пракси.

Продолжи со читање

Банки

Во месецот на штедење, Халкбанк го нуди ПРОМО депозитот со атрактивна камата од 4%

Објавено

на

Во октомври, светскиот месец на штедење, Халкбанк го активираше познатиот производ ПРОМО депозит, кој сега е со фиксна каматна стапка за орочување од дури 4% за штедење во денари, односно 3,1% за штедење во евра. Понудата за штедење, која во моментов е најтрактивна во земјата, важи во промотивниот период до 31.10.2024 година.

Со ПРОМО депозитот на Халкбанк, клиентите имаат можност да го зголемат својот капитал преку сигурен и стабилен финансиски партнер, користејќи ја поволната каматна стапка и одличните банкарски услови.

Рокот на орочување на заштедите е 13 месеци, а минималниот износ на вложување е 30.000 денари, односно 500 евра. Исплатата на каматата може да биде на крајот на периодот на орочување или месечно.

Кај овој производ не е предвидена можност за делумно повлкување на средства, ниту за
дополнителни уплати. Штедниот влог автоматски ќе се реорочи по истекот на период на
орочување при што ќе се земат предвид каматните стапки од генералното штедење кои
ќе бидат важечки според Одлуката за пасивни каматни стапки. Во случај на предвремено
раскинување на договорот за депозит, ќе се пресмета камата по видување, која во
моментот изнесува 0%.

Бидејќи штедењето пари се смета за здрава животна навика која обезбедува финансиска сигурност и е гаранција за побезгрижна иднина, најновата понуда на Халкбанк претставува идеална можност вашите заштеди да ги доверите на сигурен партнер и со понудената атрактивна камата да ја зголемите нивната вредност.

Продолжи со читање

Продукти

Силк Роуд банка во соработка со УНДП и ИОМ нуди кредит за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност со можност за грант до 30%

Објавено

на

Силк Роуд Банка во соработка со агенциите на Обиденетите Нации (ОН) во земјава (ОН Програма за Развој – УНДП и Меѓунардона Организација за Миграции ИОМ) во рамките на Заедничката програма на глобалниот фонд на ОН „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени во Северна Македонија“, воведе Наменски потрошувачки кредит за инвестиции на домаќинствата во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

Програмата има за цел да обезбеди поволна финансиска и техничка помош за недоволно опслужените домаќинства, во кои главен носител на приход е жена, самохрани родители, домаќинства со лица со попреченост, ромски домаќинства, повратници од странство и приматели на трансфери на средства, давајќи им можност да инвестираат во обновливи извори на енергија и ефикасни енергетски решенија.

Дополнително преку овој кредитен продукт, кредитокорисникот има можност за поврат на еднократен грант до 30%, финансиран од УНДП и ИОМ, од направената инвестиција финансирана со кредитот, врз основа на успешност, односно по валидација на истиот од независен проценител.

Максималниот износ за кредитниот производ е 1.200.000 денари, со рок на отплата до 84 месеци, а клиентите ќе може релаксирано да инвестираат во енергетски ефикасни апарати и надградби, соларни панели или други системи за обновлива енергија, користејќи ги условите со 5.40% фиксна каматна стапка за првите две години.

Ова партнерство е пример за посветеноста на Силк Роуд Банка за подобрување на животната средина преку проекти кои треба да придонесат во намалување на емисиите на стакленички гасови и загадувањето на воздухот, а истовремено да се унапредува и одржливиот развој во Северна Македонијa.

Сите дополнителни информации во врска со овој кредитен продукт клиентите може да ги добијат на интернет страницата на банката, на телефонскиот број 02 32 51 900 или во најблиската експозитура.

Продолжи со читање

Популарно