Connect with us

Uncategorized

АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА ТРИЈАТ РАЦЕ – Банката изврши исплата на дивиденда на нето износ од 2.372 денари по акција

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје информира дека на ден 25.06.2024 година изврши исплата на дивиденда согласно Одлуката за определување на износ на дивиденда и утврдување на дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје на Собранието на акционери од 29.05.2024 година.

Вкупниот износ на дивиденда кој им се исплаќа на акционерите изнесува 2.251.304.796 МКД. Износот на бруто дивиденда по акција изнесува 2.636 МКД.

Исплатата на дивиденда се изврши за сите акционери кои имаат сметки во НЛБ Банка АД Скопје и за акционерите кои имаат доставено уредни инструкции за исплата на дивиденда во предвидениот рок.  

Uncategorized

Александра Радевска ќе продолжи да раководи со Стопанска банка а.д. Битола и во наредниот период

Објавено

на

Досегашниот прв човек на Стопанска банка а.д. Битола, Александра Радевска ќе продолжи да раководи со Банката и во наредниот период.

„Врз основа на Одлука од Надзорен одбор бр. 02-6042/1/I.1-1 од 16 мај 2024 година и Решение за издавање претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-8878/11 од 4 јуни 2024 година, за член и претседател на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола повторно е именувана г-ѓа Александра Радевска“, се вели во соопштението на Стопанска банка а.д. Битола објавено на Македонска берза.

Александра Радевска по професија е дипломиран економист од областа сметководство и ревизија, а подоцна и магистeр по економски науки од областа на сметководството и ревизијата. Од 2013 година, од страна на Советот за унапредување и надзор на ревизијата добива лиценца за вршење на работи на ревизија за овластен ревизор.

Радевска, покрај нејзиниот работен ангажман, од април 2013 година ја врши функцијата член на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола, а од септември 2019 година е член и претседател на Одборот за ревизија на Банката.

Таа ја извршува функцијата член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола во неколку мандати од април 2013 година до јуни 2023 година.

Од јуни 2023 година, Александра Радевска е член на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, а под нејзина одговорност се следниве сектори: Сектор за управување со ризик, Сектор за финансии, Сектор за контрола на усогласеност на Банката со прописите и спречување перење пари и финансирање тероризам, Сектор за управување со инвестиции и имот и Сектор за правни работи и решавање проблематични пласмани.

На ден 9.11.2023 година со одлука на Надзорен Одбор бр. 02-15514/1/I-9 г-ѓа Александра Радевска е именувана за претседател и член на Управен одбор.

Продолжи со читање

Uncategorized

Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од годинава пораснал за 1,2 проценти

Објавено

на

Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од годинава забележа раст од 1,2 проценти, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2024 година, номинално расте за 4,8 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто – домашниот производ е 72 отсто. 

Извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 6 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 0,5 проценти. 

Според проценетите податоци на ДЗС, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2023 година е 0,9 проценти. 

За споредба стапката на раст на БДП во третото тримесечје од 2023 година била 1,2 отсто. 

Продолжи со читање

Uncategorized

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2023 година вкупниот промет изнесува 496.838.797 денари и бележи енормен пораст од 124,40% во однос на претходниот месец февруари.(повеќе…)

Продолжи со читање

Популарно