Connect with us

Продукти

Посебни поволности за НЛБ Кредитите овој февруари

Објавено

на

Ако периодов размислувате за нови инвестиции и можности кои не сакате да ги пропуштите, тогаш новата кампања на НЛБ Банка Скопје може да ви помогне конечно да ги реализирате вашите планови преку нивната понуда на кредити за физички лица.

Имено, сите физички лица кои во перидот од 1 до 29 февруари ќе се одлучат да аплицираат за потрошувачки, станбен, хипотекарен или автомобилски кредит преку НЛБ Банка, ќе можат да ја искористат поволноста и да ги добијат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на имот за кредитите со обезбедување на недвижен имот.

Една од придобивките кои ги обезбедува НЛБ Банка Скопје за своите корисници е и поедноставната, брза постапка за одобрување на бараниот кредит. За одобрување на потрошувачки кредит е потребна само лична карта, без дополнителна документација, а за истиот може да се аплицира со посета на некоја од експозитурите на Банката или пак преку апликацијата за мобилно банкарство, доколку клиентите го изберат целосно автоматизираниот мобилен кредит кој е во износ до максимум 10.000 евра.

Повеќе детали за сите кредитни продукти и промотивни понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.

Банки

ДОБРАТА КАМАТА ОД ДАЛЕКУ СЕ ГЛЕДА! Шпаркасе Банка со нова понуда за Депозит Плус

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува да воведува привилегии за клиентите, следејќи ги пазарните промени, и со тоа да креира атрактивни понуди што одговараат на нивните потреби.

Како синоним за стабилност, кога станува збор за штедењето, Шпаркасе Банка воведе нови каматни стапки за Депозит Плус, фиксни за целиот период на орочување, во период до 31.7.2024 година. Средствата со Депозит Плус во денари можат да се орочат на 13 и на 25 месеци, со што при орочување на 13 месеци, каматната стапка изнесува 3,60%, додека при орочување на 25 месеци каматната стапка изнесува 4%, што во моментов е меѓу најповолните каматни стапки на депозит со овие рочности и претставува уште еден показател за грижата на Шпаркасе Банка кон своите клиенти.

Депонентите, пак, кои ќе се одлучат за депозити во евра на 12 месеци добиваат каматна стапка од 2,30%, додека за 25 месеци каматна стапка од 3,30%.

Депозит Плус е орочен депозит со фиксна каматна стапка за целиот период на орочување, креиран за оние што се заинтересирани да направат добар план за заштеда на подолг период во стабилна финансиска институција.

Бидејќи штедењето е предизвик, но и многу корисна навика со која ја обезбедуваме нашата и иднината на нашите деца, на вас е да изберете партнер од доверба каков што е Шпаркасе Банка – дел од најсилната банкарска групација во Југоисточна Европа, која бележи близу 200 години традиција во штедење.

#ВерувајВоИднината

Комерцијален текст

Продолжи со читање

Продукти

Halk EZ пакетот за млади на Халкбанк прилагоден на нивниот стил и животни навики

Објавено

на

При изборот на банка, одлучувате за многу повеќе од само избирање на место каде што ќе ги чувате вашите финасии. Избирате партнер кој ќе биде ваш вистински и долгорочен поддржувач. Банката што ќе ја одберете денес може да игра клучна улога во обликување на финансиската иднина на вашето дете. Затоа, одберете банка која нуди финансиски пакети и решенија за сите генерации, олеснувајќи го секојдневието при извршувањето на едноставни финансиски трансакции притоа внимавајќи на корпоративната општествена одговорност.

Избирањето банка што ќе биде вистински пријател и поддржувач на развојот на младите е клучен чекор за нивната финансиска стабилност и успех во иднина. На младите покрај тоа што им е потребно да имаат безбедно место за своите финансии, потребно им е и да се стекнатсо знаења и вештини со кои ќе се подготват за животните предизвици што се пред нив. Денешните млади генерациисе технолошки писмени, па затоа тие преферираат банкашто нуди модерни дигитални услуги. 

Следејќи ги потребите на младите и нивниот динамичен стил на живот, Халкбанк АД Скопје креираше нов банкарски пакет Halk EZ, кој што е прилагоден на стилот и животните навики на еден современ млад човек. Покрај низата финансиски услуги и поволности, пакетот претставува и платформа за едукација, забава, дружење и вмрежување, а идејата е Halk EZ да прерасне во платформа што ќе овозможи сосема поинакво, брзо и лесно банкарско искуство.

Пакетот Halk EZ (Halk Easy) претставува иновативен банкарски пакет што нуди голем број поволности и динамични содржини за сите корисници на возраст од 16 до 24 години.

Пакетот нуди бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa PayWave дебитна платежна картичка без надоместок за годишна членарина, со која може да се повлекува готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење на истата и низа иновативни услуги како GarminPay, SmartSend и SmartCash. Пакетот е креиран за млади луѓе, студенти, средношколци и млади претприемачи кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии.

Дополнително, како дел од оваа иницијатива, Халкбанк АД Скопје ќе поддржува и поттикнува финансиска едукација на младите, културно-забавни настани и активности, како и корисно општествено-одговорни практики, пред сè во делот на заштита на животната средина.

Пакетот Halk EZ (Halk Easy) има посебна брендинг приказна чиј главен мотив е фонатаната Лотос во Градскиот парк во Скопје, како локација која со генерации претставува синоним за дружење и социјализација на младите. Со новиот брендинг ќе бидат креирани и Visa Halk EZ картички кои во наредните месеци ќе ги добијат сите корисници на пакетот.

Продолжи со читање

Продукти

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

Објавено

на

Во заедничките напори да поттикнат одржливи деловни практики, ПроКредит Банка во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) потпиша нова  Кредитна линија зa финансирање во зелена енергија (ГФФ Македонија) прилагодена за малите и средни претпријатија.

Се работи за кредитна линија од 3.5 милиони евра наменети за финансирање на бизнис инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. 

Кредитната линија е наменета за приватните компании, како и трговците поединци, кои сакаат да ја зголемат конкурентноста на својот бизнис преку инвестирање во т.н. “зелена” опрема која ќе им обезбеди долгорочна ефикасност и ќе им помогне во намалување на трошоците. 

Заложбата на ПроКредит Банка е токму зајакнувањето на овие компании чија визија е одржливо работење. Преку оваа кредитна линија, компаниите сега имаат пристап до финансиските ресурси неопходни за реализација на нивните одржливи решенија преку стимулација со поврат на средства до 5% за инвестициите за енергетска ефикасност и до 10% за инвестиции за обновливи извори на енергија, или пак за инвестиции кои се комбинација од истите. 

„Во рамки на оваа иницијатива се нуди сеопфатен пакет на техничка помош и услуги. Од помош при разбирање на сложеноста на зелените технологии до имплементирање на одржливи решенија, бизнисите имаат можност да ја добијат поддршката што им е потребна за да напредуваат во својот одржлив развој. 

Со овие услови сигурни сме дека не само што ја поттикнуваме финансиската одржливост, туку и ја нагласуваме важноста од колективните напори кон позелена, поодржлива иднина“- изјави Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка. 

“Со GFF кредитната линија, ги охрабруваме претпријатијата преку деловните банки да вложуваат во енергетски ефикасни технологии и обновливи извори на енергија, да инвестираат во соларни панели, системи за греење и ладење со ниска потрошувачка на енергија, и други иновации кои можат значително да ги намалат оперативните трошоци и да го подобрат еколошкиот отпечаток на бизнисите врз животната средина. 

Оваа иницијатива има за цел да го поддржи одржливиот економски развој и да ја намали зависноста од традиционалните извори на енергија, истовремено зголемувајќи ја конкурентноста на локалните претпријатија и нивната еколошка свест што ќе придонесе за намалување на емисиите на стакленички гасови и загадување на воздухот во земјата.” – велат од тимот на ГФФ Македонија.

Веќе 20 години ПроКредит Банка работи водена од визијата за одговорно банкарство, позиционирајќи се како пример за одговорност со одржливи банкарски практики и посветеност кон животната средина. Препознатлива е на пазарот за финансирање на т.н. “зелени кредити”, кои сочинуваат 20% од нејзиното кредитно портфолио. Овој процент на зелени кредити ја издвојува како лидер во банкарскиот сектор, поттикнувајќи култура на иновации и финансирање проекти со позитивно влијание врз околината.

Програмата Green Finance Facility (GFF Macedonia) се спроведува преку ЕБОР, а е финансирана од Владата на Република Северна Македонија и Joint SDG Fund, преку Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP). 

Сите информации и поволности за Кредитната линија за финансирање во зелена енергија на ПроКредит Банка се достапни тука

Продолжи со читање

Популарно