Банки
Зошто е важна одлуката во која банка да примате плата?
Изборот на банка за примање на вашата плата, пензија, стипендија или дополнителни примања е важна одлука која влијае на квалитетот на вашето секојдневие и вашата иднина од повеќе аспекти. Од една страна се функционалностите, дигиталните услуги и бенефитите кои банката ги нуди за примателите на плата кои ќе ви донесат флексибилност, заштеда на време и пониски трошоци, но од друга страна е и репутацијата на банката и одговорното делување во располагањето со вашите средства, што директно влијае на општеството и животната средина во кое живеете.
Изборот на банка треба да се темели на доверба која произлегува од тоа колку банката сака да ве сослуша, разбере, насочи и да ве посоветува во донесување на правилни одлуки кога се во прашање вашите финансии. Односот кој го воспоставувате и искуството кое го градите со вашата банка во која сте примател на плата создава и подобри услови за вас доколку ви биде потребно да подигнете кредит, бидејќи банката ве познава и го знае вашето финансиско однесување.
Одлуката во која банка ќе примате плата истовремено треба да се заснова и на печатот кој вие го оставате во општеството преку таа соработка. Банките имаат огромен удел при одредувањето на насоката на движењето на економијата и на самата иднина на нашите општества.
Дали знаете дека парите што ги чувате во банка, односно вашата заштеда и платата што ја чувате на вашата трансакциска сметка, банката ги инвестира назад во економијата? Тоа е добро, се додека вашите средства се инвестираат во одговорни компании и проекти. Одговорното банкарство е начин да се осигура дека банките дејствуваат во најдобар интерес на нивните клиенти и на општеството и дека преземаат чекори за да помогнат во создавањето поздрава економска клима. Ова вклучува поддршка на мали и средни бизниси кои се моторот на економијата, стимулирање инвестиции во обновливи извори на енергија, промоција на штедење, промовирање на финансиската писменост и поттикнување одговорни деловни практики.
Како да се одлучите во која банка да примате плата?
Започнете со тоа што ќе се информирате за историјата, мисијата, визијата и вредностите на банката. Ова ќе ви го приближи начинот на кој банката работи, кои вредности ги почитува и негува и како ги третира своите клиенти. Исто така проверете ја нејзината репутацијата на пазарот. Погледнете дали банката инкорпорира ESG стандарди кои се доказ за одговорното и одржливото работење.
Многу важен показател е надворешната комуниција на персоналот на банката со клиентите што ќе ви овозможи да го оцените нивото на професионализам, компетентност, љубезност и одговорност на вработените, но и внатрешната комуникација, односно посветеноста на банката кон своите вработени и нивната лојаност кон институцијата.
Кога бирате банка во која ќе примате плата, секако важни се и придобивките кои банката ги нуди за своите своите клиенти.
Искористете ја промотивната понуда за приматели на плата во ПроКредит банка и добијте бесплатни банкарски услуги за целата година
ПроКредит Банка преку кампањата „Направи ПРОмена за да добиеш повеќе“ нуди специјална промотивна понуда наменета за сите нови клиенти кои ќе одлучат да ја примаат својата плата преку банката, пакет со кој добивате 12 месеци бесплатни банкарски услуги, подобри услови и поголема флексибилност.
Сите клиенти кои ќе станат нови приматели на плата во промотивниот период до 31 јануари 2024, добиваат 12 месеци бесплатна членарина за Mastercard кредитна и дебитна картичка, бесплатно одржување на платежна сметка, бесплатно електронското банкарство и мобилна апликација. Уникатна финансиска услуга на нашиот пазар која ја добиваат клиентите на ПроКредит банка е и бесплатна Флекси штедна сметка со камата по видување, која овозможува флексибилно штедење со најповолни каматни стапки. Банката ја цени лојалноста на своите клиенти, па така примателите на плата добиваат и повластени каматни стапки за орочени депозити, како и за кредити.
ПроКредит е позната по својата високо-квалитетна и персонализирана услуга, па така секој клиент постојано и без надомест добива поддршка од стручен Советник за клиенти, кој е тука за совет за сите финансиски одлуки и идни инвестиции.
Со изборот на ПроКредит банка, покрај тоа што ќе уживате во специјалните поволности на пакетот за нови приматели на плата, ќе станете и дел од одговорна институција која инвестира во градење одржлива иднина.
Направете промена, продолжете да напредувате и одберете банка која го гледа светот на ист начин како и вие.
Дознајте повеќе на следниот линк.
Банки
Фич: Кредибилната монетарна политика и стабилниот банкарски систем се клучни фактори за економската стабилност
Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност. Фич воедно оценува дека девизните резерви остануваат стабилни и обезбедуваат соодветна покриеност на идните надворешни плаќања.
Во извештајот, „Фич“ наведува дека кредибилната и конзистентна монетарна политика придонесува за стабилноста на економијата. Во услови на повисоки инфлациски притисоци, Народната банка, во јуни 2026 година, ја зголеми основната каматна стапка за 25 базични поени на 4,25%. Според „Фич“, просечната инфлација во периодот јануари – август 2026 година изнесува 3,7%, при што повисоките цени на енергијата и растот на трошоците за труд и кредитната активност се меѓу факторите што влијаат врз ценовните движења.
Во однос на банкарскиот сектор, извештајот потврдува дека тој останува стабилен и добро капитализиран, со солидна ликвидност и отпорност. Во вториот квартал од 2026 година банките имаат висока адекватност на капиталот од 19,5%. Квалитетот на активата останува солиден, со нефункционални кредити од околу 2%.
Народната банка и натаму е посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност. Во услови на променливи глобални економски услови и присутни инфлациски и надворешни ризици, централната банка внимателно ги следи инфлациските движења, кредитната активност и состојбата на финансискиот систем и соодветно ја приспособува монетарната политика.
Наодите на „Фич“ се потврда за важноста на кредибилната и соодветно водена монетарна политика, како и на стабилниот и добро капитализиран банкарски сектор, за одржување на макроекономската и финансиската стабилност.
Банки
Септемвриските пензии преку Халкбанк се достапни на сметките на пензионерите!
Халкбанк АД Скопје информира дека од 29 септември 2026 година, пензиите се достапни на сметките на пензионерите кои својата пензија ја примаат преку банката.
Средствата пензионерите можат да ги користат во сите филијали на Халкбанк, преку банкоматите, како и преку електронското и мобилното банкарство.
Пензионерите кои претходно дале согласност, пензијата можат да ја подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.
Од Халкбанк посочуваат дека пензионерите имаат повеќе можности за пристап до своите средства, зависно од начинот на користење на банкарските услуги.
„Важни се луѓето!“, порачуваат од Халкбанк АД Скопје.
Банки
АЛТА Банка Белград го зголеми уделот во АЛТА банка Битола на 95,266%
АЛТА БАНКА АД Белград дополнително ја зацврсти својата сопственичка позиција во АЛТА банка АД Битола, откако се стекна со уште 60 обични акции од македонската банка.
По последната трансакција, белградската банка располага со вкупно 372.468 обични акции, односно со 95,266 отсто од вкупниот број издадени обични акции на АЛТА банка АД Битола.
Известувањето е објавено согласно Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, кои предвидуваат објавување на промени кај акционери со значителни удели.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита
-
Банкипред 1 месецНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот





