Connect with us

Банки

УНИБанка го заокружи првиот квартал на 2023 година со добивка од 2,1 милион евра

Објавено

на

УНИБанка заклучно со првиот  квартал од 2023 година оствари позитивни финансиски резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со нови атрактивни продукти вклучително и од областа на платните сервиси. И во овој период Банката продолжи со имплементација на нови технологии со цел пренасочување на клиентите кон дигиталните канали како побезбедни, поевтини и поедноставни начини на извршување на банкарските трансакции.

Повеќе од една година Банката се справува со предизвиците наметнати од енергетската криза и ескалацијата на руско-украинскиот конфликт кој предизвика силен раст и голема променливост на цените на примарните енергенси што предизвика раст на цените на сите останати производи и услуги. Во вакви услови основна цел на Банката е да се одржи и зачува ликвидната и солвентната позиција на банката, да се задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди како и да се обезбеди финансиска подршка на клиентите, притоа залагајќи се максимално за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедноста на вработените.

Остварени приходи

Остварените вкупни приходи од работење во првиот квартал од 2023 година изнесуваат 491.2 милиони денари  и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 12,6%.

Најголем придонес во остварувањето на  позитивен финансиски резултат во износ од 132.1 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 65,2% имаат приходи од камати, кои во споредба со истиот период  од 2022 година се зголемени за 20,3%, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население. Во вкупните приходи од дејноста на банката, треба да се истакне  порастот на приходите од провизии од 7,4%, како резултат на растечкиот тренд на дигитализација во користењето на банкарските услуги и продукти и привлекувањето на нови клиенти корисници на наведените услуги.

Остварени расходи

Остварените расходи во првиот  квартал  од 2023 година изнесуваат 359.1 милиони денари и бележат намалување од 8,4% во однос на истиот период од 2022 година. Намалувањето на расходите се должи пред се на намалување на административните расходи и на помалиот износ на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити.

Исполнување на планот и очекувања за претстојниот период

Податоците за остварување на билансните цели на банката се во согласност со  очекуваните во првиот квартал од 2023 година. Растот на кредитното портфолио на банката е во рамките на планот, со акцент на порастот на кредитирањето на население, кое бележи пораст од 1% во однос на Декември 2022 година.

Анализата на структурата на пасивата на билансот на состојба на 31.03.2023 година и нејзината споредба со планираната укажуваат на надминување на планираните извори на финансирање од секторот корпоративно и секторот население, кои се  зголемени за 4,9% и 2,6% респективно во однос на 31.12.2022 година. Воедно, и прибраните средства од финансискиот сектор бележат зголемување од 8,2% во однос на 31.12.2022 година што е согласно планираната стратегија на Банката за одржување на прифатливо ниво на ликвидност.

Во претстојниот период банката очекува да продолжи тенденцијата на зголемување на  активата, континуиран раст и задржување на квалитетот на кредитното портфолио на банката, кој би бил подржан со зголемен раст на депозитната база преку имплементација на нови депозитни продукти, во насока на зголемување на учеството на нефинансиските извори на финансирање, со посебен акцент на зголемување на учеството на трансакциските сметки,  оптимизирање на административните трошоци, зголемување на пазарното учество по различни сегменти во банкарскиот сектор во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста, подобрување на квалитетот на услугите, усовршување на дигиталните сервиси и канали за плаќање, развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење и исполнување на сите зацртани цели во Бизнис планот на Банката за 2023 година, а се со цел да излеземе во пресрет на различните потреби и интереси на клиентите.

Банки

ЕЦБ ги редизајнира евробанкнотите и ги повикува граѓаните да го изберат изгледот

Објавено

на

Европската централна банка ги повикува граѓаните да учествуваат во изборот на новиот изглед на евробанкнотите, преку анкета во која се претставени десет можни дизајни.

Учесниците во анкетата можат да ги разгледаат различните предлози за новите банкноти и за секој од нив да одговорат на по две прашања. Од ЕЦБ наведуваат дека целата постапка трае помалку од десет минути.

Различните апоени во рамки на еден дизајн може да се разгледуваат со стрелките на екранот или со повлекување на сликата. На крајот од анкетата се поставуваат и неколку општи демографски прашања, со цел одговорите подобро да се анализираат во контекст на мислењата на останатите учесници.

Учеството е доброволно и анонимно, а ЕЦБ посочува дека информациите за обработката на податоците и користењето колачиња се достапни во соодветните политики за приватност.

Со оваа анкета, граѓаните добиваат можност директно да го кажат своето мислење за тоа како би требало да изгледа следната генерација евробанкноти.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со 5% бонус поени за плаќање во Beauty Academy

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје информира дека корисниците на кредитните картички на банката можат да добијат дополнителен бенефит при плаќање во Beauty Academy.

Со секое плаќање со кредитна картичка на Халкбанк во Beauty Academy, клиентите добиваат 5% бонус поени.

Од банката порачуваат дека понудата е наменета за корисниците кои сакаат своите редовни купувања и услуги од областа на убавината да ги искористат и за дополнителни поволности преку програмата за бонус поени.

Понудата е дел од бенефитите што Халкбанк ги обезбедува за корисниците на своите кредитни картички.

Продолжи со читање

Банки

Вкупната актива на банките во ЕУ порасна на 34,33 трилиони евра

Објавено

на

Вкупната актива на кредитните институции со седиште во Европската Унија достигна 34,33 трилиони евра на крајот на март 2026 година, што претставува раст од 3,63 отсто во однос на 33,13 трилиони евра во март минатата година, покажуваат најновите консолидирани банкарски податоци објавени од Европската централна банка (ЕЦБ).

Во истиот период, уделот на нефункционални кредити во банките во ЕУ се зголемил за 0,02 процентни поени на годишно ниво и во март изнесувал 1,98 отсто.

Според ЕЦБ, агрегатниот принос на капиталот на кредитните институции во ЕУ изнесувал 2,44 отсто, додека стапката на основен сопствен капитал од највисок квалитет, односно CET1, била 16,27 отсто.

Објавените квартални податоци опфаќаат 335 банкарски групации и 2.284 самостојни кредитни институции, како и подружници и филијали под контрола на субјекти надвор од ЕУ кои работат на европскиот пазар. Според ЕЦБ, податоците покриваат речиси 100 отсто од билансот на банкарскиот сектор во Европската Унија.

Базата содржи показатели за профитабилноста и ефикасноста на банките, структурата на билансите, ликвидноста и финансирањето, квалитетот на активата, капиталната адекватност и солвентноста.

ЕЦБ посочува дека повеќето институции ги применуваат Меѓународните стандарди за финансиско известување и техничките стандарди на Европската банкарска управа, иако дел од малите и средните институции користат национални сметководствени стандарди.

Поради недостапност на податоците за Данска за првиот квартал од 2026 година, при пресметката на агрегатните податоци за ЕУ биле користени податоците од четвртиот квартал од 2025 година, а кај одредени показатели и податоци од првиот квартал од 2025 година.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange