Банки
Вицегувернерката Митреска: Нема одржлив и инклузивен економски раст без родова еднаквост
„Не може да се зборува за одржлив и инклузивен раст без родова еднаквост. Концептот на еднакви можности и еднакви шанси е единствениот начин да се искористи целосниот економски потенцијал на една земја. Сепак, само половината од женското работоспособно население во светот се активни, за разлика од машкото население каде што активноста е околу 75%. Нееднаквоста се огледа и преку пристапот до финансиите, кредитирањето и сопствеништвото на фирми од страна на жените. Постојат повеќе иницијативи, вклучително и од страна на Народната банка, за промена на овие состојби во интерес и на родовата еднаквост и за развој на економиите“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за ТВ-магазинот „Приказна“.
Светскиот економски форум изготвува посебен глобален индекс на родова еднаквост, а последните резултати покажуваат дека само 68% од родовиот јаз се затворени и дека со ова темпо на промени, ќе ни требаат уште 136 години за целосно затворање на јазот. Податоците за нашата земја се малку подобри, 75% од јазот е затворен, но очигледна е потребата за подобрување, имајќи предвид дека од 156 земји во светот, ние сме на 73. место. Од друга страна, индексот за економското учество и за економските можности е многу послаб и покажува дека само 58% од јазот во светот се затворени. Со други зборови, финансиската слобода за жените е многу помала, поради слабото учество во вкупната работна сила, помалото учество на високи и раководни позиции и во приватниот и во јавниот сектор, јазот во платите и слично.
„Во овој контекст, за одржлив раст е потребен и инклузивен финансиски систем, којшто обезбедува финансиски услуги за што поголем број индивидуи, вклучително и за жените“. Податоците на Светската банка покажуваат дека кај нас 80% од жените имаат сметка, наспроти 90% кај мажите. Во Европа не постои разлика помеѓу машката и женската популација во овој дел. Нешто помали се разликите во однос на користењето кредити и во однос на штедењето. Жените може да се споредуваат со мажите дури и во делот на дигиталната финансиска писменост и однесување. Иако родовиот јаз во делот на финансиската писменост и финансиската вклученост не е толку голем, сепак постои простор за подобрување“, вели Митреска.
Business Woman
Потврден континуитетот во Стопанска банка АД – Скопје: нов мандат за Мирјана Трајановска како Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
Стопанска банка АД – Скопје соопшти дека г-ѓа Мирјана Трајановска е повторно назначена за Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор на Банката.
Од Банката истакнуваат дека г-ѓа Трајановска својата професионална кариера ја градеше во рамките на Стопанска банка АД – Скопје, стекнувајќи долгогодишно искуство и експертиза во клучните области на банкарското и финансиското работење. Преку нејзиното досегашно раководење, таа даде значаен придонес во развојот, трансформацијата и стабилното работење на Стопанска банка АД – Скопје.
„Повторното назначување претставува потврда за довербата во нејзиното професионално и институционално знаење, лидерство, посветеност и искуство“, наведуваат од Стопанска банка АД – Скопје.
Банката ѝ упати честитки на г-ѓа Мирјана Трајановска за новиот мандат и изрази уверување дека таа и во наредниот период ќе продолжи да придонесува кон остварувањето на стратешките цели на Стопанска банка АД – Скопје и создавањето долгорочна вредност за клиентите, вработените, акционерите и пошироката заедница.
Банки
НЛБ прави клучен потег во трката за Адико Банка: ги менува условите за да ја добие битката со Рајфајзен Банк
Словенечката Нова Љубљанска Банка (НЛБ) најави дека ќе го намали минималниот праг на прифаќање во својата понуда за преземање на Адико Банка од над 75% на над 50%, по добивањето одобрение од Австриската комисија за преземање. Воедно, банката ќе го продолжи и рокот за прифаќање на понудата.
Одлуката доаѓа само неколку дена откако конкурентот Рајфајзен Банк Интернешнл (РБИ) го намали сопствениот праг на прифаќање на над 55%, со што дополнително се интензивира битката за преземање на австриската банка фокусирана на пазарите во Југоисточна Европа.
НЛБ моментално нуди 37 евра по акција, што е значително повеќе од понудата на Рајфајзен Банк Интернешнл (РБИ) од 26,5 евра по акција. Главниот извршен директор на НЛБ, Блаж Бродњак, изјави дека намалувањето на прагот треба да им даде поголема сигурност на акционерите дека понудата успешно ќе биде реализирана, нагласувајќи дека таа и понатаму останува највисока на пазарот.
Двете понуди остануваат отворени до 22 јули, а НЛБ потсети дека акционерите кои веќе ја прифатиле понудата на Рајфајзен Банк Интернешнл (РБИ) имаат можност да ја повлечат својата согласност и да се определат за понудата на словенечката банка.
Адико Банка работи во Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, каде што опслужува околу 900.000 клиенти преку мрежа од 155 филијали и други дигитални канали.
За НЛБ, преземањето би значело дополнително зајакнување на регионалното присуство и индиректен влез на хрватскиот банкарски пазар, додека за Рајфајзен Банк Интернешнл (РБИ) аквизицијата претставува можност за зголемување на пазарниот удел во Хрватска и повторен влез на словенечкиот пазар. НЛБ веќе ги обезбеди потребните одобренија за концентрација во Австрија, Србија и Македонија, а постапките пред останатите регулаторни тела сè уште се во тек.
Банки
Стопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
Стопанска банка АД – Скопје нуди промотивна каматна стапка од 4,9 отсто за сите купувања направени со Mastercard Platinum кредитната картичка до крајот на годината.
Картичката е наменета за корисници кои, покрај можноста за плаќање на кредит, бараат и дополнителни поволности при патување.
Меѓу придобивките се бесплатен пристап до повеќе од 1.800 аеродромски деловни салони преку програмата LoungeKey, како и можност за користење дополнителни поволности преку Mastercard Travel Rewards.

Барање за картичката може да се поднесе онлајн преку интернет-страницата на банката, преку услугата 24/7 АлоКредит на телефонскиот број (02) 15 110 или во најблиската филијала на Стопанска банка.
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии
-
Советипред 2 месеци
УЈП: За користење на „МојДДВ“ задолжителна е регистрација во е-Даночни услуги
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка АД Скопје: Исплатата на пензиите почнува од 1 јуни
-
Колумнипред 2 месеци
Најважни менаџерски вештини во дигиталното деловно опкружување
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Тортевски: Само половина од овластените ревизори во Македонија работат во ревизија
-
Кариерапред 2 месециАЛТА банка АД Битола објави оглас за вработување



