Банки
Преку нејзиниот докажан бизнис модел базиран на стабилни фундаменти, Стопанска Банка “изброи” 42,5 милиони евра добивка за 2022 година
Во согласност со неревидираните финансиски извештаи на Стопанска Банка АД-Скопје (во натамошниот текст: СБ или Банката) со пресечен датум 31.12.2022 година, добивката пред оданочување на Банката изнесува 2.617.019 илјади денари, односно незначителни 4% под нивото остварено минатата година. Истовремено, остварената добивка пред оданочување и исправка на вредност изнесува 3.851.117 илјади денари, што претставува зголемување за 10% во однос на 2021 година. Со тоа, Банката го задржува долгогодишниот континуитет на постигнати успешни финансиски резултати засновани на стабилни фундаменти, прудентен пристап кон ризиците, докажан бизнис – модел, силна капитална позиција и добро корпоративно управување. Успешното работење е остварено во услови на органски раст на активата на Банката која на крајот на годината изнесува 122.848.627 илјади денари, што претставува раст од 8% во однос на 2021 година. На тој начин, Банката го продолжува перманентиот раст на нејзините бизнис – активности во согласност со својата деловна стратегија.
Како потврда за континуираната успешна работа, надградба и посветеност кон клиентите, своите вработени и кон заедницата е добиената награда за најдобра банка во земјава од Euromoney Awards for Excellence, 2022. Прогласувањето на најдобрите банки се одржа во Лондoн, каде што на претставниците на Стопанска банка им беше врачено признанието кое е едно од најзначајните во светската банкарска индустрија. Наградата секоја година ја доделува реномираниот британски магазин „Euromoney“ кој ја оценува работата на банките и финансиските институции во светот според различни критериуми, како што се остварените резултати во работењето, позицијата на пазарот, иновациите и воведените нови услуги, системот на управување и односот на вработените. Стопанска банка е добитник на наградата за најдобра банка според прикажаните врвни резултати во секоја област на работењето за оценуваниот период од април 2021 година до март 2022.
Според „Еурoмани“ Стопанска банка постигнала најдобри финансиски резултати во силната конкуренција на домашниот банкарски сектор. И покрај континуираните инвестиции на банката во дигиталното банкарство, таа успева да ги контролира трошоците и да постигне балансиран раст. Од позначајните активности кои ја одбележаа 2022 година помеѓу другото, може да се истакнат: започнувањето со работа на друштвото во целосна сопственост на Банката – СБ Лизинг, ставањето на темелите на новата административна зграда на Банката која ќе биде изградена по врвни технолошки и оперативни стандарди, склучувањето на кредитната линија со ЕБРД за финансирање на микро, мали и средни компании за подобрување на нивната конкурентност итн.
Нето-приходите од камати изнесуваат МКД 4.204.272 илјади и се зголемени за 9% во однос на истиот период од минатата година, пред сѐ како резултат на интензивните кредитни активности и зголемувањето на кредитното портфолио.
Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат МКД 898.638 илјади денари и се зголемени за 8% во однос на анализираниот период во 2021 година, што се должи на зголемениот обем на активности, од кои најмногу во делот на платните услуги и картичното работење.
Нето-приходите од курсни разлики забележаа пораст од 43% и изнесуваат МКД 157.532 илјади, како резултат на зголемениот волумен на тргувања на девизниот и менувачкиот пазар. Останатите приходи од дејноста забележаа зголемување од 28% и изнесуваат МКД 594.070 илјади.
И покрај ценовните флуктуации и високата инфлација, континуираните инвестиции на Банката во дигиталното банкарство и човечкиот капитал, Банката успеа да ги ограничи оперативните трошоци од работењето и да ги одржи на релативно стабилно ниво, при што трошоците за вработени изнесуваат 958.918 илјади денари, додека оперативните
трошоци изнесуваат 886.927 илјади денари.
Во анализираниот период, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа, во износ од 1.234.098 илјади денари, која е зголемена за 60% во однос на истиот период од претходната година, пред сѐ како резултат на високо прудентниот пристап во управувањето со кредитниот ризик, во услови на изразени неизвесности во домашната економија и на глобалната сцена.
Вкупната актива изнесува МКД 122.848.627 илјади денари и е поголема за 8% во однос на 2021 година.
Паричните средства и парични еквиваленти споредени со крајот на 2021 година се повисоки за МКД 1.601.647 илјади денари, односно за 8%, како резултат на зголемената ликвидност, особено во втората половина на годината.
Кредитите на и побарувања од други комитенти нето остварија пораст од 10% и изнесуваат МКД 85.894.084 илјади.
Кредитите на и побарувањата од банки изнесуваат МКД 297.437 илјади денари и бележат зголемување во однос на крајот на 2021 година за 7%.
Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат МКД 10.386.884 илјади денари, што претставува намалување од 16% во однос на минатата година, поради пренасочување на овие средства во кредитни активности во согласност со деловната политика на Банката.
Останатите побарувања забележаа пораст од 22% и изнесуваат МКД 1.904.662 илјади.
Вкупните депозити на други комитенти остварија пораст од 5%, односно се зголемија за МКД 4.720.318 илјади и на крајот на 2022 година изнесуваат МКД 94.393.757 илјади.
Капиталот и резервите изнесуваат МКД 22.268.420 илјади денари, што претставува зголемување за 13% во однос на крајот на 2021 година.
Вложувања или продажба на материјални средства (недвижности, постојки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи).
Недвижностите и опремата изнесуваат МКД 1.582.808 илјади и бележат зголемување за 93% како резултат на почетните вложувања во нов деловен објект на Банката.
Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемување поголеми од 30 % споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи).
Обврските по кредити изнесуваат МКД 1.930.696 илјади денари и се зголемени во однос на крајот на 2021 година за 14%, пред сѐ поради искористување на поволните услови од расположливите кредитни линии.
Банки
Славески и Светска банка договорија експертска поддршка за инстант плаќања
Гувернерот на Народна банка, Трајко Славески, и заменик-претседателката на Светската банка, Антонела Басани, потпишаа договор за техничка и експертска поддршка за воведување систем за инстант плаќања во земјата, соопшти Народна банка.
Со поддршка на Светска банка се интензивираат активностите за приклучување кон СЕПА и за вклучување на домашните банки во шемата за кредитни трансфери, што треба да овозможи побрзи и поевтини прекугранични плаќања.
На средбите во Вашингтон било истакнато дека Светска банка ќе продолжи да ја поддржува интеграцијата на финансискиот систем во европските платни механизми, вклучително и воспоставување систем за инстант плаќања и негово поврзување со ТИПС на Европската централна банка, како и со системите во Западен Балкан.
Народна банка работи на решение засновано на модел на ТИПС, развиен од Банката на Италија, а за таа цел е потпишан договор за техничка соработка со Светска банка, кој опфаќа експертска поддршка во дизајнот и имплементацијата.
Соработката меѓу двете институции вклучува и поддршка во области како финансиска стабилност, регулатива, дигитализација, управување со ризици и финансиска вклученост.
Делегацијата на Народна банка учествувала и на работна средба во Вашингтон со претставници на меѓународни институции и централни банки од регионот, каде биле разгледани следните чекори за воведување на системот за инстант плаќања.
Банки
Славески на средба со заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли: Потврдена силна поддршка за независноста на централните банки и засилена внимателност во услови на глобални ризици
Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, заедно со министерката за финансии Димитриеска – Кочоска и нашата делегација, остварија средба со заменик-генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, во рамките на Пролетните средби на ММФ и Светската банка коишто се одржуваат во Вашингтон.
Разговорите се одвиваа во контекст на засилена глобална неизвесност, предизвикана од геополитичките тензии на Блискиот Исток и значаен фокус на самата средба беше ставен на ефектите врз светските енергетски текови, инфлациските притисоци и потенцијалните ефекти врз економските изгледи. Двете страни разменија мислења за потребата од внимателно следење на ризиците и навремена подготвеност на креаторите на политики за адекватен одговор во случај на нивно прелевање врз домашната економија.
Посебен акцент беше ставен на можноста од појава на индиректни, односно второстепени ефекти врз инфлацијата, при што беше нагласено дека Народната банка будно ја следи состојбата и е подготвена, доколку е потребно, да реагира со расположливите монетарни инструменти со цел зачувување на ценовната стабилност.
Гувернерот Славески ја истакна определбата на Народната банка за водење претпазлива, конзистентна и кредибилна монетарна политика, која е насочена кон одржување на стабилноста на цените и заштита на финансиската стабилност во услови на засилена глобална волатилност и неизвесност.
Во разговорите беше нагласено и значењето на независноста на централните банки, вклучително и нивната оперативна и финансиска независност, како клучен предуслов за ефективно и навремено спроведување на монетарната политика и за одржување на довербата во институциите. Во овој контекст беше истакнато дека стабилните институционални рамки се особено важни во периоди на зголемени надворешни шокови и брзи промени во глобалното окружување.
Од страна на соговорниците беше реафирмирана важноста на континуираната соработка меѓу Народната банка и ММФ, како и поддршката на Фондот во насока на натамошно унапредување на аналитичките и институционалните капацитети.
Средбата, како што беше оценето, претставува потврда на заедничката заложба за одржување на макроекономската стабилност и зајакнување на отпорноста на економиите во услови на зголемени глобални ризици, при што централните банки остануваат клучен столб на стабилноста.
Банки
ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката
Народната банка остварува континуиран напредок во областа на статистиката, со висока усогласеност со меѓународните стандарди и засилена транспарентност. Ова беше истакнато на средбата на гувернерот д-р Трајко Славески и делегацијата на Народната банка со претставници на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд, одржана на маргините на Пролетните средби на ММФ и Светската банка.
На средбата беше нагласено дека Народната банка активно придонесува кон иницијативата на ММФ за проширување на СДДС плус стандардот. Во таа насока, од јануари 2026 година започна редовна дисеминација на дополнителен индикатор, кој се однесува на показателот за нето-отворена девизна позиција во однос на капиталот, на Националната страница за стандардни податоци (NSDP).
Значаен напредок е постигнат и во областа на финансиските сметки, со објавување на кварталните податоци за трансакции. Со тоа, Народната банка целосно ги имплементира препораките на ММФ, во однос на опфатот на податоците, со што се постигна усогласување со најновите меѓународни стандарди во оваа област.
Во доменот на екстерните статистики се преземаат активности за натамошно подобрување на квалитетот и деталноста на податоците. Во овој контекст, се реализира и проектот за воспоставување единствен склад на статистички податоци, финансиран од Европската комисија преку ИПА 2021.
Во доменот на монетарната статистика, продолжуваат активностите за воспоставување интегриран систем за известување за статистички и супервизорски потреби. Подзаконските акти донесени во 2025 и 2026 година воспоставуваат сеопфатна рамка за усогласено известување од банките и штедилниците, при што новиот систем ќе започне со примена од септември 2026 година, а известувачите веќе активно го тестираат.
Соговорниците ја истакнаа важноста на досегашната соработка и изразија подготвеност за нејзино понатамошно продлабочување, со фокус на унапредување на статистичките практики и усогласувањето со меѓународните стандарди.
-
Анализипред 2 месециПросечната плата во Македонија близу 47.000 денари – раст од 7,6% на годишно ниво
-
Интервјуапред 2 месециПензиски парадокс: Од минималец до доброволен фонд – новиот модел на младите вработени
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециЗошто е сменет директорот на Развојната банка и кој е неговиот наследник!?
-
Продуктипред 1 месецДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Останатопред 2 месециМакедонските пензионери во странство останаа без покачена пензија
-
Банкипред 2 месециХалкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите


