Connect with us
no baners

Банки

Капиталните инвестиции и кредитниот раст во главен фокус на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

no baners

Со раст на нето-добивката, силна кредитна поддршка на населението и на бизнис-секторот, како и со раст на бројот на клиенти и депозити, Стопанска банка АД-Скопје успешно ја заокружи 2022 година. Постигнатите високи резултати во работењето се продолжение на континуираниот раст на Банката и на силната посветеност кон клиентите, вработените и заедницата во целост.

Анализата на податоците од работењето на Банката во минатата година покажува раст и развој во сите сегменти. Постигнувањата се резултат на стабилниот систем на Банката, внимателното пристапување кон ризиците, докажаниот бизнис-модел, силната капитална позиција и доброто корпоративно управување. Сето ова го зацврстува статусот на Стопанска банка како лидер во пазарното учество и важен фактор во креирањето и одржувањето на стабилноста на финансискиот систем во земјата.

Стопанска банка успешно се справи со наметнатите предизвици од неизвесното финансиско опкружување на светско ниво и ја заврши годината со нето добивка пред оданочување во износ од 2.617.019 илјади денари (42.557.860 евра). Истовремено, остварената добивка пред оданочување и исправка на вредност изнесува 3.851.117 илјади денари (62.626.713 евра), што претставува зголемување за 10% во однос на 2021 година.

Поддршката на населението и стопанството е евидентнa преку зголеменото кредитно портфолио за 10% во однос на минатата година. Фокусот на Банката и во наредниот период ќе биде насочен кон кредитниот раст преку пласман на кредити за физички лица и за бизнис-секторот. И покрај финансиската несигурност и високата инфлација, депозитите пораснаа за 5%, што ја потврдува силната доверба на клиентите во Банката.

Банката со најдолга традиција на пазарот минатата година започна ново поглавје во своето работење со инвестиција во новата компанија „Стопанска лизинг“, која на физичките лица и компаниите им нуди финансиски и оперативен лизинг преку највисоко ниво на финансиска поддршка и советување. Со ова Банката го збогати финансискиот пазар со нови производи во сферата на лизингот.

Позитивните финансиски резултати се стабилна основа за натамошни капитални инвестиции на Стопанска банка. Најзначајна од нив е и изградбата на нова административна зграда во центарот на Скопје која започна при крајот на 2022 година. Оваа многу значајна инвестиција на Банката, за чија изведба и изградба се ангажирани исклучиво домашни компании, претставува значаен проект не само за вработените и клиентите туку и поттик за целокупната економија во земјата. Покрај тоа, Банката продолжува со инвестициите во дигитализацијата на банкарските услуги во согласност со светските трендови и вложувањето во развојот и едукацијата на вработените.

Минатата 2022 година на Стопанска банка АД – Скопје ѝ донесе признание за најдобра банка во Република Северна Македонија според реномираниот магазин „Euromoney“ од Лондон, Обединетото Кралство, кој ја оценува работата на банките и финансиските институции во светот според различни критериуми, како што се остварените резултати во работењето, позицијата на пазарот, иновациите и воведените нови услуги, системот на управување и односот на вработените.

no baners

Банки

Алта Банка започна со исплата на февруарските пензии

Објавено

на

Алта Банка АД Битола ги информира своите клиенти дека исплатата на пензиите за февруари започна од 27 февруари 2026 година.

Средствата се веќе достапни на трансакциските сметки на пензионерите и можат да се подигнат во сите филијали на Банката, согласно вообичаената банкарска процедура.

Со оваа активност, Алта Банка обезбедува навремена, сигурна и ефикасна исплата на пензиите, со цел олеснет пристап до средствата за своите клиенти.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје започна со исплата на пензиите за февруари од денес (петок, 27 февруари).

Пензионерите кои користат дебитна картичка можат да располагаат со средствата веднаш, овозможувајќи им безбедно и практично плаќање во продавници, онлајн или подигање пари од банкомат.

За оние кои повеќе сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 27 февруари и во секој работен ден после тоа.

Мапата со филијалите и експозитурите на Комерцијална банка е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch

Оваа мерка ја гарантира навремената и сигурна исплата на пензиите и ја олеснува пристапноста до средствата за сите корисници на услугите на Банката.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ја известува јавноста дека пензиите за февруари 2026 година се веќе достапни за подигање.

Пензионерите можат да ги примат средствата на своите трансакциски сметки во сите филијали на Банката, преку банкомати, како и електронско и мобилно банкарство.

За корисниците кои дале согласност, подигањето на пензиите е можно и преку поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange