Connect with us

Платежни картички

Mastercard кредитни картички од Комерцијална банка без надомест за аплицирање

Објавено

на

Дозволете си повеќе со кредитните картички од Комерцијална банка, кои до 15.06.2023 година може да ги добиете и без надомест за аплицирање и обработка на барање.

Може да изберете Mastercard Standard, Mastercard Revolving или Мastercard Skopje City Mall кредитна картичка, зависно од тоа која вам најмногу ви одговара, и да уживате во поголема куповна моќ, бескаматен период, разни попусти, поврат на средства, учество во наградни игри… Дополнителна кредитна картичка може да добијат и вашите најблиски.

Mastercard кредитните картички од Комерцијална банка се прифатени секаде во светот и овозможуваат поголема слобода во купувањето.

Повеќе информации се достапни на следниот линк: https://kb.mk/kreditni.nspx.

Платежни картички

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Објавено

на

Како што се приближува времето на празници и големиот број неработни денови, многумина се подготвуваат да заминат на пат низ државата или во некоја од странските земји. Иако овој период е идеален за празнична авантура и истражување на различни возбудливи локации, за да се обезбеди непречено и пријатно патување, пожелно е што е можно подобро однапред да се подготвите за вашата претстојна авантура. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат во тоа:

Планирајте однапред – Патувањата во време на празници често значат зголемена гужва и повисоки цени. Врз основа на вашето истражување, однапред резервирајте го сместувањето и превозот. Споредете ги цените, читајте рецензии и изберете ги опциите што им одговараат на вашите преференции и буџет.

Спакувајте лесен багаж – Спакувајте ги само најосновните работи за да избегнете носење на тежок багаж. Проверете ја временската прогноза за локацијата на која патувате и спакувајте се во склад со тоа.

Подгответе ги патните документи – Проверете ги условите за пасош и виза за вашата дестинација и погрижете се вашата патна исправа да важи најмалку шест месеци по планираниот датум на поаѓање. Направете копии од вашите патни документи и чувајте ги физичките и дигиталните копии на безбедно место.

Креирајте буџет – Воспоставете реален буџет за патување за да можете да ги одредите ограничувањата за трошење. Истражете ги просечните трошоци за вашата дестинација и соодветно распределете ги средствата, а бидете сигурни да вклучите и фонд за непредвидени трошоци. Секако, потребно е навреме да аплицирате и за платежна картичка, која ќе ги задоволи сите ваши потреби и финансии за време на патувањето.

Идеален придружник на вакви патувања е кредитната платежна картичка Visa Travel на Халкбанк, која нуди низа бенефиции за време на патувањето и особено е наменета за клиенти кои често патуваат или сакаат да патуваат низ Европа со автомобил.

Картичката се карактеризира со: кредитен лимит до максимум 300.000 денари во зависност од кредитоспособноста, до пет плати вкупна кредитна изложеност по кредитни платежни картички, достапност на средствата 24/7 преку АТМ или преку домашната и меѓународната мрежа на ПОС терминали кои овозможуваат плаќање со Visa картички и минимален месечен износ за враќање на средства од 3%, кој понатаму може повторно да се користи.

Со Visa Travel корисникот добива бенефиции како Халк Асистенција на пат од Халк Осигурување АД Скопје, бесплатно патничко осигурување со покритие од 10 дена за првата година, како и 10% намалување на цените на сите полиси за доброволно осигурување преку Халк Осигурување АД Скопје. На корисникот му следува и пристап до Drive Angel – мобилна апликација која ги предупредува возачите на небезбедно возење, овозможува итни повици и повици во случај на несреќа.

Корисникот на Visa Travel картичката може да ги ужива и поволностите како плаќање на рати без камата и собирање бонус поени кај одредени трговци  и користење на истите при секојдневните пазарувања на ПОС терминалите на Халкбанк АД Скопје.

Покрај тоа, доколку со Visa Travel картичката се направи резервација на Booking.com преку линкот наведен на веб страната на Халкбанк АД Скопје, 60 дена по  успешно реализираниот престој,  4% од платениот износ ќе биде рефундиран на трансакциската сметка која е поврзана со картичката.

Продолжи со читање

Платежни картички

Аплицирај за кредитна картичка од Халкбанк и добиј 1.000 или 2.000 денари во вид на бонус поени

Објавено

на

Сите клиенти кои ќе аплицираат за кредитна картичка од Халкбанк имаат можност да добијат 1.000 или 2.000 денари во вид на бонус поени на својата кредитна картичка кои веднаш можат да ги искористат за пазарување на првиот ПОС терминал на Банката.

Со најновата понуда на Халкбанк, првите 1000 активирани картички за кои е аплицирано во филијалите на банката ќе добијат 1.000 денари во вид на бонус поени, додека 2.000 денари во вид на бонус поени ќе добијат првите 500 клиенти кои аплицирале за кредитна картичка преку електронското банкарство на Халкбанк.

Бонус поените се вредносно еднакви на пари, односно 1 поен = 1денар и истите можат да се искористат на кое било продажно место каде постои ПОС терминaл на Халкбанк. Со едноставно вметнување на картичката во терминалот, се користи опцијата –искористи бонус поени, се наведува сумата на поени која се сака да се искористи и плаќањето ќе биде реализирано откако ќе се потврди трансакцијата со ПИН код. 

Истовремено, при пазарување со кредитната картичка издадена од Халкбанк во пре-дефинирани периоди на различни типови продажни места објавени од страна на Банката, во иднина можат да се заработуваат нови бонус поени од купувањата што секојдневно се реализираат. Бонус поените се дел од бонус програмата со која Халкбанк континуирано спроведува различни бонус кампањи и ги наградува своите клиенти кои се корисници на Мастеркард и Виза кредитни картички.

Затоа побрзајте и искористете ја можноста да добиете дополителни средства со вашата кредитна картичка и истовремено во иднина да заработувате со бонус програмата на Халкбанк.

Продолжи со читање

Домашни банки

Банките апелираат до граѓаните да не отвараат сомнителни СМС пораки и да не споделуваат податоци од платежните картички

Објавено

на

Банките апелираат до граѓаните да внимаваат на обиди за злоупотреби на нивните платежни картички.(повеќе…)

Продолжи со читање

Популарно