Connect with us

Вработување

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство.

Банката има тековна потреба за вработување во Дирекција за деловна мрежа и за таа цел, ТТК Банка АД Скопје објавува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО
Помлад благајник во Филијала Скопје
(2 извршители)

Вработување

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Аналитичар/Самостоен аналитичар
во Сектор за корпоративни пласмани
во Дирекција корпоративно банкарство

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Секторот за внатрешна ревизија на НЛБ Банка го зајакнува својот тим на успешни професионалци и нуди можност за работење во сегментот на внатрешна ревизија.

Доколку имаш желба и амбиција да се приклучиш на НЛБ тимот и заедно да ги споделувате предизвиците на работењето на проценка на општата ефикасност на работењето на Банката, следење и почитување на прописите, контрола, надзор и следење на работниот процес, советување на раководсвото и вработените; развивање и имплементација на стручните стандарди и начела за внатрешна ревизија, НЛБ Банка ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:

Ревизор
во Сектор за внатрешна ревизија

Улога во тимот:

  • Имплементација на стручни стандарди и начела на внатрешната ревизија, согласно Меѓународните стандарди за професионално практикување на внатрешната ревизија и интерните акти на Секторот за внатрешна ревизија;
  • Оцена на клучните ризици во работењето на Банката, со цел дефинирање на годишните и долгорочните планови на ревизорски прегледи;
  • Подготовка на ревизорски програми и спроведување на редовни/планирани, вонредни и ненајавени ревизорски прегледи на работењето на Банката;
  • Изработување на извештаи за спроведените ревизорски прегледи, во согласност со Прирачникот за внатрешно ревидирање;
  • Оцена на усогласеноста на работењето на Банката со законската регулатива, Стандардите на НЛБ Групацијата, процедурите и интерните упатства за работа;
  • Оцена на ефикасноста и ефективноста на воспоставените интерни контроли и адекватноста на системите за управување со ризици на ревидираните подрачја;
  • Дефинирање на ревизорски препораки со цел подобрување на системите на внатрешна контрола и управувањето со ризици;
  • Следење и известување за статусот на реализација на ревизорските препораки;
  • Изработување на Годишно мислење за квалитетот на контролниот систем и управувањето со ризици во Банката;
  • Изработување на известувања од областа на Внатрешната ревизија за потребите на надлежните органи во Банката, НЛБ Групацијата и регулаторите.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование од економски науки;
  • Минимум 2 години работно искуство во сегментот на ревизија;
  • Поседување на лиценца од подрачјата ревизија, ризици или compliance, ќе се смета за предност;
  • Спремност за самостојна работа и предлагање на нови методологии и пристапи во работата;
  • Способност за тимска работа, концентрација и надминување на проблеми/конфликти;
  • Аналитички вештини и способност за оценка, планирање, контрола и одлучување;
  • Напредно користење на стандардни ИТ алатки;
  • Одлично познавање на англиски јазик.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).

Потврди го твојот интерес со доставување на кратка биографија (CV), најдоцна до 17.11.2024 година на: [email protected] со назнака за Ревизор во Сектор за внатрешна ревизија.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, вработува едно лице на работно место Соработник за работа на благајна во Експозитура Крива Паланка. 

Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 17:00 часот

Неделно работно време: понеделник – сабота

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:

  • Најмалку високо образование од областа на економските науки;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
  • Одлични комуникациски способности;
  • Позитивен приод кон работата;
  • Висок степен на прецизност.

За ова работно место предвидена е основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. 

Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка, испратете CV и пропратно писмо на: [email protected].

Огласот ќе биде активен заклучно со 11.11.2024 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Продолжи со читање

Популарно