Вработување
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
Деловниот сектор за работа со корпоративни клиенти на НЛБ Банка АД Скопје го зајакнува својот тим на успешни професионалци и нуди можност за работење во Службата за мали и средни претпријатија.
Доколку имаш желба и амбиција да се приклучиш на тимот за работење во сегментот на работа со корпоративни клиенти, НЛБ Банка те мотивира да се пријавиш на отворената работна позиција:
Банкарски комерцијалист за личен третман
Деловен сектор за работа со корпоративни клиенти
Улога во тимот:
- Промовирање, понуда и продажба на продукти и услуги на правни лица на постојни клиенти и аквизиција на нови клиенти;
- Остварување на продажните цели и резултати со цел зголемување на пазарното учество, портфолиото и конкурентската предност на Банката;
- Воспоставување, посредување, уредување и проактивно негување и развој на контакти и деловни аранжмани со клиентите
- KYC активности (познавање на бизнис моделот, финансиските извештаи и показатели на клиентот).
Потребни квалификации и компетенции:
- Универзитетско образование;
- Претходно искуство за работа со клиенти (работа со правни лица, анализа на финансиски показатели) ќе се смета за предност;
- Развиени комуникациски и продажни вештини потребни за советување на клиенти и продажба;
- Способност за тимска работа, одлучување, самоиницијативност, организациски и аналитички вештини;
- Одлично познавање на англиски јазик, како и стручно/напредно користење на MS Office.
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
- Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).
Потврди го твојот интерес со доставување на мотивациско писмо во кое ќе ги образложиш амбициите, мотивите и начините на придонес на наведеното работно
место како и кратка биографија (CV) најдоцна до 27.03.2024 година на: [email protected] со назнака за Банкарски комерцијалист за личен третман.
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
Вработување
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
УНИБанка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Заменик директор во Дирекција Трежри
Скопје
Квалификации:
- Високо стручно образование – Економски факултет;
- Најмалку 3 години релевантно работно искуство на иста или слична позиција;
- Да поседува ACI Dealing Certificate;
- Одлично познавање (вербално и писмено) на англиски јазик, како и напредно користење на MS Office;
- Одлични способности за тимска работа;
- Способност за самостојно планирање, организирање и навремено исполнување на задачите;
- Познавање на законските прописи кои ја регулираат дејноста.
Твоите професионални активности:
- Ја помага работата на Директорот на дирекцијата при раководење, организирање, координирање и контролирање на работата во Дирекцијата;
- Го воспоставува, координира и следи извршувањето на задачите во рамките на секторите на Дирекција Трежри;
- Обезбедување средства од финансиски институции, анализа и следење на истите;
- Следење на состојбите на денарската и девизните сметки на Банката и соодветна алокација на истите;
- Следење на отворените девизни позиции по валути и склучување на девизни трансакции со цел исполнување на интерните и законските лимити;
- Следење на меѓувалутните односи и информациите на домашниот и меѓународниот девизен пазар и пазарот на пари;
- Тргување на девизен пазар, пазарот на пари и пазарот на капитал согласно доделените задачи, а во рамки на интерните и законските лимити и процедури;
- Работа со инвестициско злато;
- Доставува предлози за подобрување на организацијата на работењето во Дирекцијата;
- Учествува во работата на органи на Банката согласно Статутот и другите интерни акти на Банката;
- Ги следи дневните движења на ликвидноста, исполнувањето на интерните и законските лимити поврзани со ликвидноста и дава предлози за остварување на поставените цели;
- Учествува во работни групи за креирање и изработка на нови решенија во работењето на Банката;
- Го следи движењето на активата и пасивата на Банката, на редовна основа го известува Директорот за тоа и дава предлози за нивно усогласување;
- Врши следење на постапувањето по дадените препораки од ревизиите и периодично го известува Директорот и надлежните органи на Банката.
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Доколку сте одговорна, прецизна и активна личност, ориентирана кон остварување на високи резултати, придружете се и Вие кон успешниот тим на професионалци!
УНИБанка нуди динамична работа со можност за професионален развој и усовршување, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Бенефиции:
- Конкурентна плата и бенефиции;
- Политика на наградување преку системот на бонуси;
- Обуки за личен и професионален развој;
- Колективно осигурување од незгода, дополнително здравствено осигурување;
- Спортски активности и настани за дружење.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на: [email protected], или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 20.10.2024 година.
Вработување
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство.
Банката има тековна потреба за вработување во Дирекција за деловна мрежа (Оддел за работа со население) и за таа цел, ТТК Банка АД Скопје објавува:
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО
Благајник во Филијала Битола
(1 извршител)
Вработување
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности!
Шпаркасе Банка АД Скопје има потреба од Менаџер за проектно финансирање, Сектор за корпоративни клиенти / Служба за проектно финансирање.
Што ќе биде твојата улога?
- Детектирање на потенцијалните проекти и иницирање контакти и комерцијално следење на предложените проекти и нивна реализација по одобрувањето, согласно предвидената проектна документација;
- Активно следење и запознавање со спецификите на пазарот, регулативата, главните учесници на релевантниот пазарен сегмент;
- Анализа на потребите на клиентите, советување и продажба на соодветни продукти и услуги, имајќи ја во предвид профитабилноста и специфичните потреби на клиентите;
- Подготовка на стратегија за соработка со клучните клиенти, која вклучува начини да се зголеми обемот на производи и услуги кои клиентот ги користи, како и подобрување на профитабилноста. Презентација и усогласување на стратегиите со стандардите на Групацијата;
- Евалуација на тековните и потенцијалните проекти преку предвидување на паричните текови, квантифицирање на приносите на инвеститорите и утврдување на ризиците на проектите;
- Активна соработка во процесот на финансиско моделирање за финансирање на проекти и помагање во екстерните евалуации и студии за проектите;
- Актувно учество и координација во склучувањето на договорите со клиентот, обезбедувањето и исполнетоста на условите на финасирање;
- Активно следење на фазите на реализација на проектот (вклучително и посета), следење на напредокот и идентификување на потенцијалните ризици;
- Активно учество во регионалната комуникација со другите банки од Steiermärkische Sparkasse Групата, соработка во однос на стратегиите за клиентите, како и усогласување на понудите за клиентите. Обезбедување подобар профит од тие процеси во рамки на Банката и пошироко во регионот.
Кои квалификации се потребни?
- ВСС / Економски факултет или соодветно високо образование;
- Најмалку 3 години работно искуство во банкарски сектор ќе се смета за предност;
- Активно познавање на работа со компјутер (MC Office);
- Одлично познавање на англиски јазик (конверзација, разбирање, пишување);
- Одлични комуникациски и продажни вештини, одлични организациски вештини и способност за одредување приоритети, тимска работа, препознавање на ризикот во работењето и способност за работа под притисок.
Доколку веруваш дека токму ти си она што го бара Банката и имаш желба да се приклучиш кон тимот на Шпаркасе банка, искористи ја оваа можност и да аплицирај на отворената позиција со испраќање на CV и мотивационо писмо на: [email protected] заклучно со 15.08.2024 со назнака „Апликација за МЕНАЏЕР ЗА ПРОЕКТНО ФИНАНСИРАЊЕ“.
Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на интервју.
Шпаркасе банка Ве замолува за доставување на согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 6 месеци, доколку сте согласни со истото. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.
За дополнителни информации, посети ја страницата www.sparkasse.mk.
ТИ ЈА ПРАВИШ РАЗЛИКАТА! #верувајвоиднината #кариераБезБариера
- Банкипред 1 недела
Тројца кандидати во трка за испразнетото место во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје?
- Продуктипред 6 дена
Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена
- Банкипред 7 дена
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Банкипред 7 дена
ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери
- Продуктипред 1 недела
Комерцијална банка: Активирајте ја алатката мТокен како метод на засилена автентикација!
- Банкипред 7 дена
Комерцијална Банка: Исплатата на пензиите за септември започнува на 01 октомври
- Банкипред 2 месеци
Промени во Управниот одбор на една од најголемите банки во земјава!?
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје