Банки
Комерцијална банка ќе биде Златен спонзор на Скопскиот маратон
За поддршка на спортот и на здравите навики и за многу дружба и спортски дух, Комерцијална банка станува Златен спонзор на годинашниот Скопски маратон, а трката на 5 километри ќе го носи името Комерцијална банка 5 КМ.
„Како поддржувачи на најмасовната трка ќе го обоиме во зелено дел од улиците во Скопје и ќе испратиме порака дека спортот, дружењето и општествената одговорност нѐ прават поздрави, посреќни и повесели”, велат од Комерцијална банка АД Скопје.
Комерцијална банка како општествено одговорна компанија и докажан поддржувач на спортските манифестации во земјава, од оваа година финансиски ќе го поддржи и најмасовниот спортски настан за трчање во земјава, кој веќе претставува македонски спортски бренд.
Во октомври ќе трчаме низ скопските улици, ќе се дружиме и ќе навиваме затоа што многу Полесно е заедно да стигнеме до целта!
Банки
Ангеловска-Бежоска на настан организиран заедно со ОЕЦД/ИНФЕ: Националната стратегија за финансиска едукација и финансиска вклученост е сеопфатен напор за подигнување на финансиската писменост
Финансиската едукација и финансиската вклученост се суштински за економскиот раст и општествениот развој, но и за граѓаните, бидејќи само финансиски едуцирано лице може да носи исправни одлуки за штедењето, кредитирањето и инвестирањето. Финансиската едукација е значајна и за целиот финансиски систем, бидејќи го намалува ризикот од презадолженост и со тоа придонесува за целокупната финансиска стабилност. Спроведувањето на Националната стратегија за финансиска едукација и финансиска вклученост во нашата земја, којашто е за првпат донесена од страна на финансиските регулатори предводени од Народната банка, е сеопфатен напор насочен кон справување со различни предизвици за финансиската писменост во земјата. Воспоставена е силна рамка за соработка, којашто обединува учесници од различни сектори, вклучувајќи ги и регулаторните и образовните институции, граѓанските организации и приватниот сектор. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на настанот за размена на искуства со неколку земји во доменот на финансиската едукација, организиран во рамките на регионалниот Проект за поддршка на финансиската едукација, спроведен од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) со поддршка на Министерството за финансии на Холандија и платформата „Манивајс“.
Раководителот на ОЕЦД за заштита на корисниците на финансиски услуги, финансиска едукација и вклученост, Мајлс Ларби, во своето видеообраќање на настанот им честиташе на Народната банка и на Координативното тело за финансиска писменост и финансиска вклученост за достигнувањата во финансиската едукација во изминатите години. Господинот Ларби наведе дека спроведувањето на Националната стратегија во Северна Македонија е во согласност со препораката на ОЕЦД за финансиска писменост и добрите меѓународни практики на ОЕЦД/ИНФЕ. Тој посочи дека „подобрувањето на финансиската писменост им помага на луѓето да носат посигурни финансиски одлуки засновани на информации, што на крајот придонесува кон нивната финансиска благосостојба“. „ОЕЦД преку регионалниот проект за финансиска едукација поддржан од Министерството за финансии на Холандија, изразува задоволство што може да го поддржи развојот на финансиската едукација во Северна Македонија и во другите земји низ годините“, рече Ларби.
Осврнувајќи се на финансиската писменост, гувернерката Ангеловска-Бежоска во своето обраќање ги посочи податоците од Меѓународната анкета за финансиската писменост на возрасното население на ОЕЦД/ИНФЕ од 2023 година[i], според кои нивоата на финансиската писменост ширум Европа и натаму се алармантно ниски, со само 52% од возрасното население во Европа со основни финансиски знаења, додека кај нас тој процент е уште понизок со 42%. Ова покажува дека иако се преземени повеќе активности за унапредување на финансиската писменост, сѐ уште има предизвици во светски рамки.
Во однос на финансиската вклученост, гувернерката се осврна на родовите јазови во финансиската писменост и вклученост, како едно од најважните прашања коешто е значајно не само од аспект на родовата еднаквост, туку и од аспект на економскиот развој. Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека кај нас се забележува значителен родов јаз во поседувањето сметка, така што 80% од жените и 91% од мажите во земјава имаат сметка во банка. „За да го премостиме овој јаз, мораме да спроведеме мерки насочени кон финансиската еманципација на жените, како достапноста на образовните ресурси приспособени кон потребите и околностите на жените, при што ќе се земат предвид факторите како што се семејните околности или работниот статус“, посочи гувернерката. Според неа, значителен јаз има и кај финансиската вклученост на младите лица во регионот во споредба со ЕУ. Кај нас, иако изминатата декада бројот на младите лица кои поседуваат сметка порасна (74%), сепак се забележува значителен јаз во однос на еврозоната (95%).
Ублажувањето на овие јазови е од особена важност, особено во нашиот регион, којшто заостанува и во делот на финансиската конвергенција и пристапот до финансирање. Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи на високиот јаз којшто постои во делот на финансиското посредување помеѓу регионот и ЕУ, со учество на заемите во БДП од 45% и 80%, соодветно, како и на други показатели коишто ја потврдуваат оваа констатација.
Во пресрет на последната година од периодот што го покрива Националната стратегија за финансиска писменост, секогаш е неопходна процена на ефективноста на сегашните програми преку анализа и повратни информации од засегнатите страни, мерење на знаењето и евалуација на промените во однесувањето коишто произлегуваат од образовните иницијативи. Размената на искуствата со колегите од Грузија, Ерменија Италија, Полска и Хрватска се значајни и за утврдувањето на насоките за новата среднорочна стратегија.
Банки
Прослава на професионалните јубилеи на вработените и благодарност за долгогодишната посветеност во НЛБ Банка
„Чест да се застане пред вас и да ви се оддаде почит за лојалноста, посветеноста и извонредниот придонес во развојот и успехот на нашата Банка. Да се биде дел од еден колектив со децении значи да се биде дел од нешто што се гради и расте и да се остави печат и трајно влијание за идните генерации колеги во Банката. Вие сте пример за тоа што значи непоколеблива припадност кон организацијата во која се работи, пример за лојалност кон еден работодавач, и што е најважно, пример за посветеност и страст. Во име на целата управа, ви благодарам.“ – вака Претседателот на УО на НЛБ Банка, Тони Стојановски ги поздрави колегите кои одбележуваат јубилеен стаж во Банката.
Со мала свечесност организирана во сопствената галерија, на 64 колешки и колеги, НЛБ Банка им ги прослави професионалните јубилеи – 10, 20 и 30 години во НЛБ Банка АД Скопје. Две колешки одбележаа 3 децении, 26 колешки и колеги, 2 децении, а 36 наши соработници одбележаа 10 години работен стаж во НЛБ Банка.
Се приклучуваме и ние кон честитките и им посакуваме уште многу успешни години и пензионирање во НЛБ Банка.
Банки
Ангеловска-Бежоска за „НИН“: Носење проактивни економски политики за поголема отпорност на идните предизвици
„Иако успешно поминавме низ голема економска бура, сѐ уште се соочуваме со променливи светски услови, поради што е потребна постојана будност и приспособливост“, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во авторски текст во престижниот српски неделник „НИН“. Во текстот гувернерката ја анализира последната инфлациска криза и одговорот на централните банки, којшто овозможи стабилизација без притоа економиите да западнат во рецесија, или, пак, да има последици за финансиската стабилност. Ангеловска-Бежоска посочува дека со оглед на значителното намалување на инфлацијата, централните банки започнаа со циклусот на олабавување на монетарната политика. Притоа, таа ја нагласува потребата за проактивни економски политики коишто можат брзо и ефективно да се справат со сложените предизвици коишто може повторно да се појават во иднина.
Гувернерката посочува дека и покрај смирувањето на инфлацијата, сепак и понатаму има предизвици поврзани со поголемата инерција кај нејзината базична компонента. Таа наведува дека базичната инфлација во регионот од 5%, иако е преполовена во однос на нејзината највисока вредност во кризата, сепак е поотпорна во однос на вкупната инфлација којашто е намалена за 80%. „Оваа упорност е во голема мера нагласена со динамиката на растот на платите, којашто во просек изнесува 12% номинално и 8% во реални услови, со што се истакнува можната улога на политиките за платите во одржувањето на овие ценовни притисоци“, посочува гувернерката.
Во однос на останатите политики, таа истакнува дека при минатите кризи фискалниот одговор ги поддржа економиите, но таа поддршка имаше цена, исцрпувајќи го фискалниот простор и зголемувајќи ги дефицитите и јавниот долг. „Оттука, задржувањето на определбата за фискална консолидација ќе биде од суштинско значење во наредниот период, не само за да се обезбеди фискална одржливост, туку и за да се обезбеди неопходната поддршка за монетарната политика“, посочува Ангеловска-Бежоска. Во текстот се истакнува дека структурните фактори како што се деглобализацијата, стареењето на населението и климатските промени, заедно со технолошкиот напредок како вештачката интелигенција и натаму ќе влијаат врз потенцијалот за раст. За да се приспособиме кон нив ќе биде потребен проактивен пристап преку структурните реформи, овозможувајќи им на економиите да бидат отпорни на можните нарушувања во снабдувањето и да ги ублажат инфлациските притисоци на подолг рок.
- Банкипред 6 дена
НЛБ Банка со известување до своите клиенти: Личните податоци во видеото не потекнуваат од нашите системи
- Банкипред 3 недели
Шпаркасе Банка доби нов член на Надзорниот одбор
- Колумнипред 2 месеци
Интервју во банка: Вашиот таен рецепт за успех!
- Банкипред 1 месец
Катерина Велиновски, Катерина Митровска и Павлина Симиџиоска Тодороска се најдобрите банкарски службеници од Стопанска банка АД – Скопје за 2024 година
- Банкипред 1 месец
Марија Даниловска, Зоран Митрески и Дејан Георгиевски се најдобрите банкарски службеници од Комерцијална банка за 2024 година
- Бизниспред 1 месец
Соња Грујевска и Андреј Андреевски се најдобрите службеници од КИБС за 2024 година
- Банкипред 6 дена
ТТК Банка започна со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита
- Банкипред 1 месец
Бојан Штерјовски е најдобриот банкарски службеник од ТТК Банка за 2024 година