Продукти
Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк
Како што се приближува времето на празници и големиот број неработни денови, многумина се подготвуваат да заминат на пат низ државата или во некоја од странските земји. Иако овој период е идеален за празнична авантура и истражување на различни возбудливи локации, за да се обезбеди непречено и пријатно патување, пожелно е што е можно подобро однапред да се подготвите за вашата претстојна авантура. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат во тоа:
Планирајте однапред – Патувањата во време на празници често значат зголемена гужва и повисоки цени. Врз основа на вашето истражување, однапред резервирајте го сместувањето и превозот. Споредете ги цените, читајте рецензии и изберете ги опциите што им одговараат на вашите преференции и буџет.
Спакувајте лесен багаж – Спакувајте ги само најосновните работи за да избегнете носење на тежок багаж. Проверете ја временската прогноза за локацијата на која патувате и спакувајте се во склад со тоа.
Подгответе ги патните документи – Проверете ги условите за пасош и виза за вашата дестинација и погрижете се вашата патна исправа да важи најмалку шест месеци по планираниот датум на поаѓање. Направете копии од вашите патни документи и чувајте ги физичките и дигиталните копии на безбедно место.
Креирајте буџет – Воспоставете реален буџет за патување за да можете да ги одредите ограничувањата за трошење. Истражете ги просечните трошоци за вашата дестинација и соодветно распределете ги средствата, а бидете сигурни да вклучите и фонд за непредвидени трошоци. Секако, потребно е навреме да аплицирате и за платежна картичка, која ќе ги задоволи сите ваши потреби и финансии за време на патувањето.
Идеален придружник на вакви патувања е кредитната платежна картичка Visa Travel на Халкбанк, која нуди низа бенефиции за време на патувањето и особено е наменета за клиенти кои често патуваат или сакаат да патуваат низ Европа со автомобил.
Картичката се карактеризира со: кредитен лимит до максимум 300.000 денари во зависност од кредитоспособноста, до пет плати вкупна кредитна изложеност по кредитни платежни картички, достапност на средствата 24/7 преку АТМ или преку домашната и меѓународната мрежа на ПОС терминали кои овозможуваат плаќање со Visa картички и минимален месечен износ за враќање на средства од 3%, кој понатаму може повторно да се користи.
Со Visa Travel корисникот добива бенефиции како Халк Асистенција на пат од Халк Осигурување АД Скопје, бесплатно патничко осигурување со покритие од 10 дена за првата година, како и 10% намалување на цените на сите полиси за доброволно осигурување преку Халк Осигурување АД Скопје. На корисникот му следува и пристап до Drive Angel – мобилна апликација која ги предупредува возачите на небезбедно возење, овозможува итни повици и повици во случај на несреќа.
Корисникот на Visa Travel картичката може да ги ужива и поволностите како плаќање на рати без камата и собирање бонус поени кај одредени трговци и користење на истите при секојдневните пазарувања на ПОС терминалите на Халкбанк АД Скопје.
Покрај тоа, доколку со Visa Travel картичката се направи резервација на Booking.com преку линкот наведен на веб страната на Халкбанк АД Скопје, 60 дена по успешно реализираниот престој, 4% од платениот износ ќе биде рефундиран на трансакциската сметка која е поврзана со картичката.
Осигурување
Сава Осигурување нуди „Личен пензиски советник“ за поголема поддршка на осигурениците
Сава Осигурување нуди услуга „Личен пензиски советник“ за своите членови, со цел да обезбеди директна и стручна поддршка за пензиското осигурување и управувањето со пензиската заштеда.
Преку оваа услуга, секој член со претходна согласност ќе добие личен пензиски советник кој ќе помогне во појаснување на функционирањето на македонскиот пензиски систем, проверка на редовноста на уплатите, како и информирање за приносите и надоместоците.
Советникот ќе овозможи и проверка и ажурирање на личните податоци, како и поддршка за електронско следење на пензиската заштеда.
Од Сава Осигурување велат дека со оваа услуга се воведува „човечки пристап“ во пензиското осигурување, со фокус на поголема информираност и сигурност за членовите.
Граѓаните можат преку веб-страницата на компанијата да проверат кој е нивниот личен пензиски советник со внесување на ЕМБГ.
Банки
Халкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
Халкбанк АД Скопје, во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), нуди кредитна линија за поддршка на одржливо земјоделство и поттикнување на сигурен раст наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и индивидуални земјоделци.
Кредитната линија има за цел да обезбеди финансиска поддршка за работен капитал и инвестиции во одржливи земјоделски активности, со што се поттикнува модернизација на производството и зголемување на конкурентноста на домашните компании.
Услови на кредитната линија:
- Износ од 5.000 до 250.000 евра
- Рок на отплата до 5 години
- Месечни, квартални или полугодишни ануитети
- Варијабилна каматна стапка од 5,5% (до 36 месеци) и 5,75% (над 36 месеци), поврзана со 6-месечен EURIBOR
- Надомест за обработка од 1,3% до 1,5%
Дополнителен бенефит на кредитот се обуки, работилници за фармери и грант компонента до 1.000 евра (до исцрпување на средствата).
Со оваа кредитна линија, Халкбанк продолжува да ја реализира својата стратегија за поддршка на зеленото финансирање и зајакнување на локалната економија преку обезбедување пристапни извори на средства за оние кои создаваат реална вредност и поддршка на одржливиот развој на земјоделскиот сектор, создавајќи можности за посилна економија и подобра иднина за домашните производители.
Продукти
КБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
Доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, познато како Трет пензиски столб, овозможува дополнително пензиско осигурување засновано на капитализација на уплатените средства, со цел обезбедување повисоки приходи по пензионирањето.
Овој модел на осигурување функционира независно од државниот пензиски систем и е наменет за вработени лица, долгорочно невработени, лица ангажирани на проекти или во странски мисии, како и за лица кои немаат приходи по ниедна основа. Во системот можат да се вклучат и трети лица, како брачни другари и членови на семејството.
Според условите, право на членство имаат сите лица на возраст од 15 до 70 години кои немаат остварено право на пензија согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување и не користат средства од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување.
Доброволното пензиско осигурување овозможува и колективно осигурување преку професионални пензиски шеми, во кои работодавците уплатуваат дополнителни средства за пензиско осигурување за сите или дел од своите вработени.
Системот се темели на акумулација и капитализација на средствата на индивидуалните или професионалните сметки, при што средствата се инвестираат преку доброволните пензиски фондови. Висината на идните пензиски надоместоци зависи од износот и периодот на уплата, приносот од инвестициите и наплатените надоместоци.
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Анализипред 2 месециРеалната нето плата во Северна Македонија порасна за 4,9% во јануари
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје: Отворена позиција за работа со мали и средни претпријатија


