Connect with us

Кариера

Алкалоид апсолутен победник, Пивара, Телеком и ТАВ меѓу најатрактивнитекомпании за вработување – Настан Работодавач на Годината

Објавено

на

Синоќа 17 Април 2024 во Хотелoт Лимак, Скопје се случи втората по ред Манифестација за избор на наjпосакуван работодавач „Работодавач на годината“, а во организација на првиот сајт за огласи за работни места во земјава Вработување.ком

Концепирана како Оскари за работодавачите, оваа манифестација прв пат се случи минатата година оддавајќи им признание на најпосакуваните, но и предизвикувајќи ги помалку атрактивните.

Оваа година пред присутни 300 посетители македонски и странски компании, им се оддаде признание на најатрактивнте за 2023 година, кои со своите огласи и објави предизвикале најмногу внимание кај посетителите на сајтот, а и спроведената анкета за привлечноста на компаниите за вработување ја потврдува нивната атрактивност.

Манифестацијата ја отвори Генералниот менаџер на Вработување.ком Дарко Велков, кој нагласи дека ова е еден исклучително тежок период за пазарот на труд и токму заради тоа ваквата манифестација е охрабрувачка за сите компании кои се дел од македонскиот бизнис.

“Вечерва нема да има губитници, ќе имаме наградени и мотивирани. Ќе имаме предизвикани и предизвикувачи. Вечерва сите овде присутни сме победници затоа што заеднички опстојуваме и се бориме за човечки ресурси, се бориме со миграциите, со инфлацијата и со пребрзото технолошко менување на светот. Но, ќе заклучам ако во маката јунакот се познава тогаш сите ние овде присутни компании сме јунаци” – заклучи Велков.

Беа доделени награди во вкупно 8 категории, а една компанија ја доби титулата апсолутен победник.

Добитници на наградите:

  1. 1. Најпосакувана болница за вработување СИСТИНА
  2. 2. Најпосакуван маркет за вработување ЛИДЛ
  3. 3. Најпосакувана компанија за вработување во категорија храна и пијалоци СКОПСКА ПИВАРА
  4. 4. Во категоријата најпосакувана банка за вработување добитник е КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА
  5. 5. Најпосакувана компанија од категоријата странски инвестиции е ЏОНСОН МЕТИ
  6. 6. Најпосакувана компанија од нафтената индустрија е МАКПЕТРОЛ
  7. 7. Најпосакуван телекомуникациски оператор во кој граѓаните со задоволство би се вработиле е ТЕЛЕКОМ
  8. 8. Во категоријата најпосакувана компанија за транспорт и логистика добитник е ТАВ МАКЕДОНИЈА

Апосолутен победник пак, во однос на сите добитници, според бројот на гласови на анкетата и направената статистика на број на прегледи како и интересот на апликантите за нивните објави на сајтот Вработување.ком, е компанијата АЛКАЛОИД која со оваа титула се закити и минатата година.

Останувајќи и оваа година прва компанија во која луѓето без размислување би се вработиле, АЛКАЛОИД ја докажа својата апсолутна доминација во однос на посветеноста на своите сегашни и идни вработени.

Заблагодарувајќи се за наградата Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје Живко Мукаетов им оддаде признание на своите 3000 вработени потенцирајќи ги годините на опстојување и традиција на Алкалоид – вкупно 88.

Нагласи дека и понатаму вистинските вредности ќе бидат на прво место во нивната компанија, дека им е чест што по втор пат се одбрани за најатрактивна компанија за вработување во Македонија и изрази надеж дека и во останатите 22 единици кои се надвор од Македонија во иднина ќе го добијат ова признание.

На манифестацијата беше доделена и една специјална награда.

„Работодавач со најуспешен ребрендинг раст“ која отиде во рацете на РЕПЛЕК, а за „Најуспешна емплоер брендинг кампања“ статуетката отиде во рацете на Флекс Кредит.

Организатор и творец на наградната манифестација е сајтот Вработување.ком кој прослави и 21 година од своето основање а од минатата година е во сопствеништво на финската компанија за огласи за работа Алма Кариера која работи во 11 европски земји, вклучувајќи ја Хрватска, Босна, Словенија, Словачка, Чешка, Естонија, Литванија, Латвија, Финска и Македонија.

Водител на настанот беше актерот Гораст Цветковски.

no baners

Кариера

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности!

Шпаркасе Банка АД Скопје има потреба од Благајник Соработник, Сектор за население.

Што ќе биде твојата улога?

  • Спроведување на сите готовински и безготовински трансакции со клиенти на благајна – физички и правни лица, работа со готовина, менувачко работење и подготовка на дневни и други извештаи;
  • Одлично познавање на производите и услугите на Банката, учество во продажни кампањи, промоции и активна продажба на сите банкарски производи, како и реализација на продажните цели;
  • Креирање, ажурирање и одржување на портфолиото на клиенти преку сеопфатно, професионално опслужување, следење и одржување на задоволството на клиентите и градење на долгорочни релации со клиентите;
  • Постапување согласно деловната политика за чување банкарска и деловна тајна, строго почитување на процедурите за работа, доверливост и високо ниво на интегритет и работна етика.

Кои квалификации се потребни?

  • Минимум ССС;
  • Работно искуство во продажба и промоција на производи и услуги, остварување на таргети и работа со клиенти во банкарскиот или друг сектор/индустрија ќе се смета за предност;
  • Активно познавање на работа со компјутер (MC Office);
  • Познавање на англиски јазик (конверзација, разбирање, пишување);
  • Одлични комуникациски и продажни вештини, одлични организациски вештини и способност за одредување приоритети, активна продажба, тимска работа, препознавање на ризикот во работењето и способност за работа под притисок.

Кои ќе бидат твоите придобивки?

  • Континуирана обука и можност за кариерен развој во банкарската групација Erste & Steiermärkische Sparkasse;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Конкурентна плата и дополнителни надоместоци;
  • Мотивирачка организациска култура во која се почитува иницијативноста, анагажманот, но и тимскот дух;
  • Настани и активности за добросостојбата на вработените (employee’s wellbeing).

Шпаркасе банка ве охрабрува да ја искористите оваа можност и да аплицирате на отворената позиција со испраќање на CV и мотивациско писмо на: [email protected] заклучно со 17.02.2026 година со назнака „Апликација за Благајник-соработник Штип“.

Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на интервју.

Шпаркасе банка Ве замолува за доставување на согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 6 месеци, доколку сте согласни со истото. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.

За дополнителни информации, посети ја страницата www.sparkasse.mk.

ТИ ЈА ПРАВИШ РАЗЛИКАТА! #КариераБезБариера #ВерувајВоИднината

Продолжи со читање

Бизнис

Македонија добива уролог обучен за роботска хирургија на глобална програма

Објавено

на

Mакедонскиот уролог д-р Виктор Станков, од Универзитетската клиника за урологија во Скопје, кој е на меѓународна програма за едукација по роботска хирургија во Кина, доби признание за „Outstanding Fellow“, доделено во рамки на годишното собрание на болницата First Affiliated Hospital of Guangzhou Medical University во Гуангжу, каде што ја обавува едногодишната fellowship програма.

Станува збор за високо-специјализирана програма која се реализира во рамки на глобалната Endourological Society – водечка светска организација во областа на минимално инвазивната и роботската уролошка хирургија. Програмата овозможува интензивна практична обука и директно учество во комплексни роботски хируршки процедури со најсовремени технолошки системи.

Инаку признанието се доделува на учесници кои покажале исклучителни професионални резултати, посветеност и високо ниво на експертиза во текот на програмата.

Неговата едногодишна програма завршува наскоро, по што ќе се врати дома сертифициран за работа на робот. Со стекнатото знаење и практично искуство во областа на роботската хирургија, д-р Станков изразува подготвеност и амбиција да придонесе кон развојот на оваа високо-софистицирана медицинска гранка во земјата, со цел воведување и унапредување на најсовремените, минимално инвазивни хируршки техники.

„Се надевам дека знаењето стекнато во еден од најнапредните центри за роботска урологија ќе имам прилика да го споделам и имплементирам кај нас. Верувам дека Македонија ќе создаде клима и услови за да ги овозможиме придобивките од роботската хирургија и за нашите граѓани“, изјави д-р Станков.

Роботската хирургија претставува глобален тренд во современата медицина, овозможувајќи поголема прецизност, побрзо закрепнување и подобри клинички резултати за пациентите. Со неговото враќање, Македонија добива дополнителен капацитет за развој на оваа област и можност за приближување кон светските стандарди во уролошката хирургија.

Инаку ова е второ признание на Д-р Станков, тој претходно победи на натпреварот на млади уролози во Кина, каде од вкупно 200 учесници тој го освои првото место за најдобра презентација на операција. Натпреварот беше следен онлајн од 9000 уролози од цела Кина.

Продолжи со читање

Кариера

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку сакате професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим од професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.

Работна позиција: Помлад соработник – Cashier во Скопје

Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

Работно време: 40 часа неделно.

Огласот важи до: 13.02.2026 година.

Работни цели и задачи:

  • Извршување готовински и безготовински платежни трансакции во денарскиот платен промет;
  • Понуда на депозитни производи;
  • Промоција и продажба на банкарски производи;
  • Брз трансфер на пари;
  • Менувачко работење;
  • Учество во промотивни кампањи.

Потребни квалификации и способности:                           

  • Завршено високо образование од областа на економските науки;
  • Познавање англиски јазик и MS Office алатки;
  • Со или без работно искуство;
  • Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
  • Прецизност во извршување на работните задачи;
  • Ориентираност кон потребите на клиентите;
  • Адаптибилност во динамична работна средина;
  • Комуникациски вештини за работа во тим.  

Придобивки за Вас:

  • Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
  • Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
  • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
  • Доброволно приватно здравствено осигурување;
  • Програма за спорт и рекреација;
  • Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл. 

Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.

Аплицирајте на: веб страницата на Банката на следниот линк, или преку e-пошта: [email protected], со назнака: „Помлад соработник – Cashier во Скопје”.

Телефон за контакт: (02) 3168-412

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange