Connect with us

Банки

Јанкоски, главен одговорен супервизор за информативните системи: Народната банка ги едуцира граѓаните како да се заштитат од измами преку сомнителни пораки

Објавено

на

Народната банка обезбедува финансиска едукација преку која ги информира граѓаните за ризиците од кибернапади, како што е измамата преку сомнителни пораки (фишинг). Брзиот технолошки развој и дигитализацијата, отворањето на ИТ-системите кон надворешни платформи за комуникација, сѐ повисокиот износ на електронски трансакции наметна потреба од јакнење на свесноста и засилена едукација на граѓаните за безбедносните стандарди во борбата против измамите преку сомнителни пораки.

„Народната банка е задолжена за воведување безбедносни стандарди од страна на деловните банки. Меѓутоа, очигледно е дека со развојот на технологијата, клиентите на оние банки со послаби безбедносни стандарди полесно стануваат жртви на измама. Како најраспространет начин на напад претставуваат измамите преку сомнителни пораки. Станува збор за кибернапад во кој напаѓачите користат измамнички тактики за да обезбедат чувствителни информации, како што се кориснички имиња, лозинки, броеви на платежни картички или други лични податоци“, истакнува Горан Јанкоски, главен одговорен супервизор за информативните системи во Народната банка за платформата „Само прашај“ на Институтот за комуникациски студии.

Јанкоски објаснува дека овој вид измама е мрежна измама во која напаѓачите испраќаат електронски пораки коишто изгледаат како да доаѓаат од постоечки банки и бараат од вас да наведете определени чувствителни податоци. Најчесто тоа се постигнува со вклучување врска којашто ги носи граѓаните до веб-локација каде што би требало да ги внесат своите податоци, но веб-локацијата е лажна, а информациите одат директно во рацете на напаѓачите. Истакнува дека е многу битно при ваквите измами да се провери од каде доаѓа адресата, дали е онаа адреса преку која банката вообичаено воспоставува контакт, дали пораката упатува на итност и дали има некаква е-врска во самата порака. „Тоа се црвените сигнали според кои граѓаните треба да сфатат дека се работи за порака со сомнителна содржина. Таа може да дојде од различни канали, па покрај преку електронските пораки, може да дојде и од лажни веб-локации коишто имитираат легитимни веб-страници или преку испраќање лажни текстуални пораки (СМС) коишто стигнуваат на вашиот телефон. Сакам да укажам дека граѓаните треба да обрнат внимание и на објавите на социјалните мрежи и злонамерното рекламирање“, истакнува Јанкоски. Според него, важно е граѓаните да се едуцираат како да се заштитат од кибернапад, а Народната банка во соработка со Институтот за комуникациски студии објави едукативен видео материјал на платформата „Само прашај“.

Банки

Мрежата на АЛТА банка опфаќа 18 експозитури во 11 градови низ Македонија

Објавено

на

АЛТА банка располага со широка мрежа од 18 експозитури распоредени во 11 градови низ Македонија, овозможувајќи им на клиентите пристап до банкарските услуги во повеќе региони во земјава.

Најголем број експозитури банката има во Скопје, каде што работат шест локации, додека во Битола клиентите имаат на располагање три експозитури.

АЛТА банка е присутна и во Тетово, Велес, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Охрид, Ресен и Демир Хисар, каде што располага со по една експозитура.

Во Скопје експозитурите се лоцирани на Анкарска, Никола Русински, Скупи, улица Македонија, Кузман Јосифовски Питу и во трговскиот центар „Бисер“ на булеварот Јане Сандански.

Во Битола, пак, експозитурите на банката се наоѓаат на улиците Добривоје Радосавлевиќ и Широк Сокак, како и на Партизанска.

Преку својата мрежа на експозитури, АЛТА банка обезбедува физичка достапност на банкарските услуги за граѓаните и компаниите во повеќе поголеми и регионални центри низ државата. На својата интернет-страница банката нуди и локатор за експозитури и банкомати, преку кој клиентите можат полесно да ја пронајдат најблиската локација.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка нема да работи на 8 септември по повод Денот на независноста

Објавено

на

Комерцијална банка ги информира клиентите дека во вторник, 8 септември, нејзините експозитури и филијали нема да работат по повод државниот празник – Денот на независноста.

Од Банката посочуваат дека неработниот ден се однесува на сите експозитури и филијали на Комерцијална банка.

Редовното работење ќе продолжи по завршувањето на празникот.

Продолжи со читање

Банки

Известување од Стопанска банка за работното време на 8 септември

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира клиентите дека нејзините филијали нема да работат во вторник, 8 септември 2026 година, по повод државниот празник.

Од Банката посочуваат дека клиентите и за време на празникот ќе можат да ги користат дигиталните услуги кои се достапни 24 часа дневно.

Банкарските услуги ќе бидат достапни преку мобилен телефон, компјутер и банкоматите на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange