Connect with us

Вработување

Комерцијална банка вработува Помлад соработник за општи, правни и финансиски работи во Филијала Струмица

Објавено

на

Доколку сакаш да ги оствариш твоите желби и амбиции за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирај за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.

Работна позиција: Помлад соработник за општи, правни и финансиски работи во Филијала Струмица.

Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

Работно време: 40 часа неделно.

Огласот важи до: 27.03.2024 година.

Работни цели и задачи:

  • Подготовка на документација потребна за воспоставување заложно право на побарувања пласирани од Филијалата,
  • Поведување постапки за присилна наплата на побарувања пласирани од Филијалата,
  • Активности за наплата на проблематични побарувања,
  • Застапување на Банката пред судови и други државни органи,
  • Следење и примена на прописите од областа во која што работи.

Потребни квалификации и способности:                           

  • Завршено високо образование од областа на правни науки,
  • Познавање англиски јазик и MS Office алатки,
  • Со или без работно искуство,
  • Висок личен интегритет, доверливост и чесност,
  • Прецизност во извршување на работните задачи,
  • Ориентираност кон потребите на клиентите,
  • Адаптибилност во динамична работна средина,
  • Комуникациски вештини за работа во тим.

Придобивки:

  • Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови,
  • Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство,
  • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции,
  • Доброволно приватно здравствено осигурување,
  • Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.

Би бил одличен дел од тимот ако ги поседуваш потребните вештини, се препознаваш во овие вредности и имаш силна мотивација за успех.

Пополни ја  следната апликација или достави твое CV на: [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски, бр. 3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување Помлад соработник за општи, правни и финансиски работи во Филијала Струмица”.

Телефон за контакт: (02) 3168-412

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на твојата апликација за работа согласен си твоите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, твоите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.

Вработување

Оглас за вработување на Асистент на Управен одбор во Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата:

 Асистент на Управен одбор
Локација: Дирекција-Скопје

 Одговорности и задачи:

  • Одговарање и пренасочување на повици на телефонска централа
  • Набавка за потребите на Банката 
  • Пречекување на клиенти и насочување кон соодветни служби
  • Прием и евиденција на влезна и излезна документација
  • Прием и евиденција на влезни фактури
  • Подготовка на табели за работно време
  • Подготовка на табели за користење на годишен одмор
  • Набавка на тековни канцелариски и потрошни материјали
  • Логистичка поддршка на службите на банката
  • Други работи по налог на претпоставениот и/или Управниот одбор.

Потребни квалификации:

  • Пожелно е 1 годишно работно искуство 
  • Завршено средно образование
  • Активно познавање на Англиски јазик
  • Флексибилен и проактивен пристап со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина
  • Напредно познавање на Office пакетот
  • Висок степен на чесност,етичност и доверливост.

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: [email protected].

*Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира. 

Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.

Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

Продолжи со читање

Вработување

Капитал Банка ја проширува својата мрежа

Објавено

на

Капитал Банка ја проширува својата мрежа!

Капитал Банка има потреба од надополнување на потенцијалната база на заинтересирани кандидати за следните позиции:

  • Референт на благајна и Раководител на експозитура – локација Охрид
  • Референт на благајна и Раководител на експозитура – локација Свети Николе

За да се приклучите на тимoт на Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: [email protected].

*Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Самостоен референт во Сектор за проценка

Продолжи со читање

Популарно