Бизнис
ФИТР: 240 илјади евра достапни преку новиот јавен повик „Ваучери за иновации за Западен Балкан”
Фондот за иновации и технолошки развој денеска го објави јавниот повик „Ваучери за иновации за Западен Балкан”, со кој вкупно 240 илјади евра ќе се доделат за поттикнување на соработката помеѓу академската заедница со домашните, мали и средни компании, во насока на поддршка на научно истражувачки проекти кои ќе придонесат кон зголемување на иновативноста и конкурентноста на бизнисите.
Пилот програмата „Ваучери за иновации за Западен Балкан“ ја реализира Фондот за иновации и технолошки развој како дел од европскиот проект „Policy Answer” (Одговори за јавните политики – креирање, спроведување и поддршка на политиките за истражување и развој на Западен Балкан), во кој Фондот ја доби главната улога во пилотирање на мерки за поддршка за истражување, развој и иновации во сите економии од Западен Балкан. Проектот е финансиран од програмата Хоризонт Европа на Европската Комисија.
Главен критериум за подобност за прекураничката соработка е апликантот и давателот на услугата мора да бидат од две различни економии на Западен Балкан. На јавниот повик можат да аплицираат: правни деловни субјекти регистрирани како микро, мали или средна компанија во која било од економиите на земјите од Западен Балкан, инкорпориран според соодветниот актуелен Закон за трговски друштва на земјите од Западен Балкан и регистриран во која било агенција за регистрација на бизниси на земјите од Западен Балкан и лоциран во земјите од Западен Балкан.
Иновациските ваучери ќе можат да се искористат за покривање на 80% од вкупните трошоци на високо образовните институции, во износ од 8.000 евра без данок на додадена вредност (ДДВ). Останатиот дел од 20 отсто е учество на компанијата, корисник на услугите од факултетите. Доделените Ваучери за иновации примателот треба да ги искористи во период до девет месеца од датумот на потпишување на договорот.
Средствата од ваучерите ќе можат да се искористат за пренос на научно, технолошко или иновативно знаење што е ново за компанијата или за решавање на техничко/технолошки проблем што ќе го идентификува компанијата, односно за: развој на нови или подобрување на постоечките производи, процеси или услуги, доказ за концепт, физибилити студија, производство на лабораториски прототипови, производство на демонстративни прототипови, различни видови тестови, валидизација на технологијата, валидизација на нови или подобрени производи, процеси или услуги, развој и воведување на специјален софтвер за производ или процес, како и ИПР и трансфер на технологија.
Рокот за аплицирање на повикот за „Ваучери за иновации” е најдоцна до 26 Јуни 2024 година, до 16:00 часот. Аплицирањето е исклучиво електронски, преку веб страната на ФИТР: https://shorturl.at/qwD17
Бизнис
РКЕ денеска со нова одлука за цените на горивата, владините мерки продолжуваат до 1 јуни
Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ја донесе новата одлука за малопродажните цени на горивата, откако Владата ги продолжи мерките што се однесуваат на бензините и дизелот.
На вонредна седница, Владата одлучи мерките да останат во сила до 1 јуни, со образложение дека целта е да се обезбедат постабилни цени и да се ублажи финансискиот притисок врз граѓаните и стопанството.
Со одлуката продолжува примената на намаленото ДДВ за горивата, како и на пониските акцизи за бензинот и дизелот. Од Владата посочуваат дека со овие мерки домашниот пазар треба да остане поконкурентен во однос на земјите од регионот.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека продолжувањето на мерките е насочено кон одржување на пониски цени во услови на нестабилности на светските енергетски пазари.
РКЕ вообичаено новите цени на горивата ги соопштува во текот на денот, а тие почнуваат да важат од полноќ.
Бизнис
Гранит АД Скопје ќе гради и реконструира објекти на границата со Србија во проект вреден 6,8 милиони евра
Гранит АД Скопје потпиша договор вреден 6,8 милиони евра со Министерството за транспорт и врски на Северна Македонија за изградба и реконструкција на објекти на граничниот премин со Србија.
Според информациите, договорот предвидува изградба на нов објект и придружни капацитети, како и реконструкција на постојните станици на граничниот премин.
Проектот е дел од активностите за модернизација и подобрување на инфраструктурата на границата меѓу двете земји.
Гранит АД Скопје е една од најголемите градежни компании во земјата, со долгогодишно искуство во реализација на инфраструктурни и градежни проекти.
Бизнис
Европа АД Скопје ќе исплати повисока дивиденда: 50 денари по акција за 2025 година
Европа АД Скопје ќе исплати повисока дивиденда за 2025 година, откако акционерите ја одобрија одлуката за распределба на бруто-дивиденда од 50 денари по акција.
Минатата година компанијата исплати дивиденда од 30 денари по акција, што значи дека годинава износот е значително повисок.
Одлуката била донесена на собранието на акционери на компанијата, а повисоката дивиденда укажува на подобри финансиски резултати и зголемен принос за акционерите.
Европа АД Скопје е една од најпознатите кондиторски компании во Северна Македонија, препознатлива по производството на чоколади, бисквити и други слаткарски производи.
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Останатопред 2 месециСобраниската Комисија го одобри предлогот за зголемување на пензиите за 1.000 денари



