Connect with us

Осигурување

Агенцијата за супервизија на осигурувањето го оцени како неоправдан чекор зголемувањето на цените на полисите за автоодговорност на осигурителните компании

Објавено

на

Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка.  По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.

Осигурување

Халк Осигурување учествуваше на Симпозиумот за интернационални студенти наменет за дигиталната ера

Објавено

на

Генералниот директор на Халк Осигурување, г-н Ило Ристовски, учествуваше како панелист на Симпозиумот за интернационални студенти организиран од Универзитетот Гоце Делчев во Штип и Факултетот за туризам и бизнис логистика.

На темата „Предизвиците во новиот свет на дигиталната ера – мултидисциплинарен пристап“, Ристовски ги сподели своите визии и искуства во однос на дигитализацијата во осигурителната индустрија. Тој нагласи дека процесот на дигитализација носи значајни предности, како што се подобрена достапност на услугите и зголемена ефикасност, но исто така отвора нови предизвици и потенцијални ризици, како што се зголемени безбедносни ризици и потреба за континуирано обновување на технолошките вештини.

„Во Халк Осигурување, веруваме дека дигитализацијата не само што ќе го трансформира нашето работење, туку и ќе има големо влијание на идните професионалци. Поддршката на младите и нивната едукација е клучна за создавање дигитално свесни и одговорни лидери на иднината“, изјави Ило Ристовски.

Симпозиумот беше одлична прилика за студентите да се запознаат со актуелните трендови во индустријата и да добијат насоки за тоа како да се прилагодат на брзо менувачкиот дигитален свет.

Продолжи со читање

Осигурување

АСО додели награда за најдобар труд на млад научник-истражувач по повод денот на осигурувањето 

Објавено

на

Во конкуренција на пет труда стручната комисија го награди истражувачкиот  труд на Кристијан Кожески, асистент на катедра на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје.

Трудот разбработува важни сегменти за влијанијата што врз цените на полисите за осигурување имот ги имаат БДП, долгорочните кредити, цените на недвижностите и бројот на издадени дозволи за градење. Оваа награда во вредност од 80.000 денари АСО ја доделува традиционално 14 години по ред, по повод денот на осигурувањето – 1 ноември на кој годинава АСО одбележува и јубилеј 15 години од основањето.

Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) додели награда за најдобар истражувачки труд на млад научник на тема од областа на управување со ризици во осигурувањето. Во конкуренција на пет труда од областа на управување со ризици и осигурување стручната комисија годинава наградата ја додели на Кристијан Кожески асистент на катедра на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје.

Плакетата за најдобар истражувачки труд на Кожески му ја додели д-р Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти при АСО. За авторот на прворангираниот труд АСО додели награда од 80.000 денари. Оваа награда за стимулација на работата на млади научници истражувачи од областа на управување со ризици во осигурувањето годинава се доделува по 14 пат.

Во своето истражување Кожески утврдува дека макроекономските и финансиските фактори играат значајна улога во одредувањето на премиите за осигурување на имот во Македонија. При тоа трудот насловен „Комплексната интеракција на макроекономските и финансиските детерминанти со премиите за осигурување на имот во Македонија: Динамична краткорочна и долгорочна анализа“ разработува како економскиот раст, цените на недвижнините и дозволите за градба имаат позитивен и значаен ефект, додека долгорочните кредити имаат неочекувано негативно влијание. Авторот исто така укажува на тоа дека овие наоди имаат важни импликации за осигурителните компании и креаторите на економски политики.

Целта на конкурсот што традиционално се распишува е за да послужи како стимулација за развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри.

Продолжи со читање

Осигурување

Масовна и успешна крводарителска акција по повод Денот на осигурувањето! Крв даруваа над 60 вработени во АСО и во осигурителни компании

Објавено

на

Под мотото „Солидарноста живот спасува“ крводарители од АСО и од десет осигурителни компании органзираа акција која медицинските лица и претставниците на Црвениот крст ја оценија како многу успешна и една од најмасовните на територија на Град Скопје.

Над 60 единици крв даруваа вработени во АСО и во осигурителните компании во крводарителската акција што по повод Денот на осигурувањето – 1 ноември, за прв пат ја организираше Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Медицинскиот персонал на Институт за трасфузиона медицина и на претставниците на Црвениот крст кои ја спроведоа оваа акција ја оценија како исклучително успешна и воедно потенцираа дека е една од најмасовните на територијата на Град Скопје.

Иницијативата на вработените во АСО за дарување крв ја поддржаа и крводарители од осигурителните компании и во неа земаа учество крводарители вработени во „Македонија осигурување ВИГ“, „Еуролинк“, „Кроација осигурување – неживот“, „Сава осигурување“, „Евроинс осигурување“,

„Кроација осигурување – живот“, „Винер Лајф“, „Прва живот“, „Граве“ и „Триглав осигурување – живот“.

Меѓу крводарителите на акција што се одржа вчера во просториите на АСО беа и Крсте Шајноски, претседателот и Злате Симоновски член на Советот на експерти при АСО. Шајноски се заблагодари на сите крводарители за масовниот одзив и истакна дека мотив за оваа акција на АСО бил принципот

на солидарност кој е постулат и водилка на осигурителната дејност. И токму неговото значење го докажале преку масовното дарување крв по повод денот на осигурувањето – 1 ноември.

Во рамки на своите активности по повод Денот на осигурувањето, покрај крводарителската акција, годинава АСО огранизираше едукативни средби со ученици и граѓани, а традиционално додели и награда за најдобар научно-истражувачки труд од областа на ризиците и осигурувањето.

Продолжи со читање

Популарно