Банки
„Емоцијата има своја боја“ – нов проект на Халкбанк за едукација на најмладите
Халкбанк започнува нова активност за поддршка, едукација и забава на најмладите. „Емоцијата има своја боја“ е проект во кој преку видео приказни ќе се едуцираат децата како да ги препознаваат и изразуваат емоциите и да ги поврзуваат со одредени бои.
Станува збор за серија видеа во кои покрај штедливото слонче Халки, главен лик ќе биде Елиза, млада наградувана пијанистка и актерка. Елиза, исто како и Халки, многу сака да се дружи со пријателите, да глуми, да патува и да открива нови светови. Секое видео и текст ќе бидат внимателно креирани за да ги забавуваат и едуцираат најмладите. Во првите видео приказни во месец февруари, Елиза зборува за бојата на љубовта.
Преку проектот „Емоцијата има своја боја“, целта е да се поддржат родителите и воспитувачите да бидат подобри учители на децата, и да им помогнат да ги разберат своите емоции и подобро да се справат со нив. Во реализацијата на проектот е вклучена и м-р Катерина Димова, специјален едукатор и рехабилитатор, семеен системски советник, основач на Неуроклиник – Советувалиште за здрав раст и развој, ментално здравје, рана детекција, интервенција и стимулација на деца, адолесценти и возрасни.
„Важноста на валидизирањето на детските емоции е од огромно значење. За жал, ние често се фокусираме на однесувањето и дисциплината без да обрнуваме внимание на емоционалниот аспект. Во пракса и низ секојдневни примери се покажува дека е потребно да има емпатија, сослушување и именување на емоциите од страна на родителите за да се постигне валидизација на емоциите кај детето. Неприфаќањето на детските емоции може да ги натера децата да ги потиснат, што може да предизвика негативни последици. Затоа, важно е да им се дозволи на децата да ги изразат своите емоции и да се охрабруваат да го прават тоа“, објаснува Димова.

Халкбанк, како дел од својата политика за општествена одговорност, постојано спроведува различни активности за забава, едукација и дружење на најмалдите.
„Позитивните коментари за нашите активности во чиј фокус се токму децата се мотив повеќе да продолжиме со нови и иновативни пристапи за поддршка на детскиот развој. Сметаме дека денес е важно сите заедно да работиме на поттикнување на емоционалната интелигенција, социјализацијата и креативниот потенцијал на најмладите членови на општеството. Со видео приказните „Елиза раскажува“ заедно со креативните активности за различни бои и емоции, верувам дека ќе им овозможиме на децата да ги разберат и изразат своите емоции на посебен и креативен начин“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Следниот месец, емоција во фокус ќе биде емпатијата, претставена преку жолтата боја, што се насочува кон развивање на способноста на децата да разбираат и да се постават во положба на другите. Секој месец, една специфична емоција ќе се истражува и поврзува со одредена боја, со цел да им се помогне на децата полесно да ги научат и разбираат емоциите.
Банки
Комерцијална банка како партнер на НСРР ја продолжува поддршката за родова рамноправност и финансиска независност на жените
Комерцијална банка и оваа година ја потврдува својата општествена одговорност преку континуирана поддршка на Националниот совет за родова рамноправност (НСРР), продолжувајќи ја својата мисија за помагање, охрабрување и едуцирање на жените за зајакнување на нивната финансиска независност.
Како дел од оваа заложба, Комерцијална банка финансиски ќе го поддржи проектот „Дигитализација и дигитална видливост на услугите на Советувалиштето и СОС линијата при НСРР“, со цел унапредување на пристапноста до поддршка и информации за жените кои се соочуваат со различни животни и социјални предизвици.
Во рамките на акцијата „Биди своја, биди силна!“, Комерцијална банка активно ќе придонесува кон охрабрување и мотивирање на жените да носат информирани и правилни финансиски одлуки, да изградат финансиска сигурност и полесно да ги надминат предизвиците на начин што обезбедува самостојност и заштита.
Со континуираната поддршка на активностите на НСРР, Банката ја потврдува својата заложба за родова еднаквост и за достапна, целосна поддршка на жените во сите аспекти на финансиското и социјалното делување.
Банки
Шпаркасе Банка повторно ја доби сертификацијата „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ – потврда за транспарентност и грижа за клиентите
Шпаркасе Банка АД Скопје ја обнови сертификацијата „Фер финансиски услуги за потрошувачите“, доделена од Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ), со што уште еднаш ја потврди својата посветеност на транспарентно, одговорно и етичко работење.
Ова признание претставува потврда за континуираниот фокус на Банката кон фер услови, јасна комуникација и заштита на интересите на клиентите, како и за примената на највисоки стандарди во односите со потрошувачите.
Обновената сертификација обезбедува дополнителна стручна поддршка, релевантни увиди за корисничкото искуство и унапредување на добрите практики во финансискиот сектор.
Со вакви активности, Шпаркасе Банка продолжува да ја гради довербата на клиентите преку јасен и коректен пристап, поставувајќи ги нивните реални потреби во центарот на своето работење и потврдувајќи ја својата улога како одговорен и стабилен финансиски партнер.
Банки
Златници од Комерцијална банка за паметна и сигурна инвестиција и подарок што станува наследство
Подарокот златник носи многу повеќе од материјална вредност – тој претставува симбол на грижа, стабилност и долгорочна инвестиција. Токму со оваа идеја, Комерцијална банка во својата понуда ги вклучи јубилејните златници, наменети како внимателно избран подарок за најблиските, но и како сигурно вложување во иднината.
Во услови на зголемена неизвесност на финансиските пазари, златото традиционално останува еден од најстабилните облици на заштита на вредноста. Јубилејните златници нудат можност за промислено вложување, комбинирајќи финансиска сигурност, емоционална вредност и долгорочна стабилност.
Без разлика дали станува збор за инвестициска одлука, подарок за значаен животен настан или создавање наследство за идните генерации, златниците претставуваат избор што носи трајна вредност и јасна порака за одговорно планирање.
Јубилејните златници може да се купат во експозитурата во Централата на Комерцијална банка, додека целосната понуда и дополнителните информации се достапни на официјалната веб-страница на Банката.
-
Продуктипред 2 месециХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециФатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Комерцијална банка
-
Банкипред 2 месециКомплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје: Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст
-
Интервјуапред 2 месециИднината на пензиите во Македонија – разговор со Иван Стојановиќ од КБ Прво
-
Интервјуапред 2 месециFinSight со Слободан Трендафилов (ССМ): Што ако минималната плата не се зголеми до Нова година?
-
Интервјуапред 1 месецСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
-
Кариерапред 2 месециИуте Македонија вработува Специјалист за плаќања



