Банки
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
Steiermärkische Bank und Sparkassen AG ВРАБОТУВА:
ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР
НА ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ
одговорен во делот за управување со ризици
ЛОКАЦИЈА: Скопје, Република Северна Македонија
Членот на Управен одбор е одговорен за овозможување ефикасно и ефективно управување со ризикот во различни сегменти на банкарството поврзани со стратешки, пазарни, оперативни, финансиски, правни и ризици за усогласеност. Оваа функција треба да ги балансира ризикот и приливите во банката со цел да се обезбеди раст при внимателно водење на деловното работење во согласност со локалните и општите регулаторни барања.
Главни одговорности:
- Целосна одговорност на ниво на правното лице (Банката) за стратегиско управување со ризик (вклучувајќи методи и модели на ризик, управување со ризик на ниво на претпријатија, оперативен ризик и физичка безбедност), управување со кредитен ризик (вклучувајќи го делот на обезбедување за корпоративни клиенти и население, управување со колатерал) и банкарски операции
- Одговорност за креирање и спроведување на стратегијата за ризик за локалната банка која произлегува од Групната стратегија за ризик и изјава за отвореност за превземање на ризик со цел постигнување на избалансирано кредитно портфолио
- Градење на организација и системи кои обезбедуваат ефективно извршување и следење на добиените позиции
- Оддржување на силно опкружување за внатрешна контрола и обезбедување на целосна усогласеност со сите барања на Групацијата и барањата за управување
- Развивање, управување и усовршување на квалитативното и квантитативното известување за ризик што ги задоволува потребите на внатрешните и надворешните засегнати страни
- Идентификување, анализа и ублажување на внатрешни и надворешни настани кои би можеле да го загрозат одржливото и внимателно банкарско работење на локалната банка; осигурување дека Банката е усогласена со регулативите и набљудување на факторите кои би можеле негативно да влијаат врз бизнисот или инвестициите на банката
- Ефективна соработка со трети страни, регулаторни тела и други, со цел постојано подобрување на стандардите за управување со ризик и усогласеност како и на оперативниот модел на банката
- Привлекување и дополнително развивање на висококвалификувани професионалци: „Најкомпетентните луѓе на најважните позиции“. Одговорен за клучниот персонал и развојот на клучните играчи
- На колаборативен начин континуирано и конзинстентно придонесува за трансформација на Банката во модерен и ефикасен давател на финансиски услуги конкурентен во дигиталната ера.
Кои квалификации се потребни:
- Универзитетска диплома и докажано искуство од најмалку 10 години на позиција поврзана со ризици во банкарска групација регулирана од Европската Централна банка
- Искуство во управувањето со финансискиот ризик и познавање на регулаторните директиви според кои банката треба да работи; солидни технички вештини
- Стратешки деловен партнер: способен партнер за Генералниот директор и Управниот одбор и способен да придонесува и да ги унапредува иницијативите во согласност со целокупната стратешка визија и цел на организацијата за долгорочно создавање вредност. Силна комерцијална ориентација и докажана способност за партнерство со линиските менаџери и оперативни тимови
- Предизвикувачки капацитет кој ќе се осигура дека сеопфатната слика за позицијата е земена во предвид во процесите на донесување одлуки
- Способност и подготвеност да се покаже и да се изведе независност во размислувањето за да се избегне пристрасноста на „групното размислување“ во процесите на донесување одлуки
- Ефективен комуникатор – вербално и писмено со колегите и надворешните договорни страни. Способност за справување со различни високи засегнати страни, разбирање на нивните позиции и поседување на капацитет, доверба и кредибилитет да влијае како што е потребно
- Искусно деловно расудување, раст на ниво на Oдбор, супериорни вештини за управување со конфликти, страст за зголемување на вредноста на акционерите и подобрување на процесите низ организацијата. Исклучителен лидер со силен карактер, личен интегритет и мотиватор на луѓе и тимови. Поседување на чувство на удобност во меѓународна средина
- Цврст и директен карактер во комбинација со способоност за дипломатија и прифаќање на различни гледишта. Можност за оддржување на сопствениот став на конструктивен начин, со истовремена посветеност за поддржување на тимската одлука
- Добро развиена личност, со висока енергија и самомотивираност. Тимски играч – флексибилен во размислувањето и прилагодлив на промени. Извонредни интерперсонални вештини
- Способност за водење и мотивирање на тимот за ризик, способност за влијание врз останатите колеги на сите нивоа во организацијата и прикажување на чувство за насока и посветеност кон тимот за ризик
- Ригорозна контролна етика и вреднување на пошироките одговорности на улогата кон регулаторите, клиентите, инвеститорите и пазарот
- Познавање на најдобрите глобални практики поврзано со меѓународните случувања во областa на ризиците. Способност за поставување на трендови во својата област
- Силен комерцијален став со длабок интерес за перформансите на бизнисот и комерцијалната приказна зад бројките
- Трудољубивост и истрајност; способност да се надминат пречките за постигнување на деловната цел
- Исполнување на сите локални и групни барања како што се „фит и соодветно“ за членство во Управниот одбор
Нашата понуда:
- Предизвикувачко работно опкружување во динамичен тим
- Висок степен на одговорност и можност за обликување на иднината на Банката
- Личен и професионален развој
- Пакет за компензација што одговара на сениоритетот на позицијата
Љубопитни?
Со нетрпение ја очекуваме вашата апликација.
Ве молиме испратете ја вашата апликација (CV и мотивационо писмо) на англиски јазик до Андреа Баер на: [email protected]
Краен рок: 20 октомври 2023 година
#верувајвосебе #верувајвоиднината
Банки
НЛБ Банка со потрошувачки кредит до 2,5 милиони денари и фиксна каматна стапка од 5,3%
НЛБ Банка Скопје нуди потрошувачки кредит во износ до 2.500.000 денари, со фиксна каматна стапка почнувајќи од 5,3 проценти и можност за одобрување за само неколку минути.
Под мотото „Следната авантура можеби е поблиску отколку што мислиш“, НЛБ Банка ги претставува можностите што ги нуди потрошувачкиот кредит за реализација на личните планови и желби на граѓаните.
Без разлика дали станува збор за патување, ново искуство или остварување на одамна планирана цел, потрошувачкиот кредит овозможува пристап до финансиски средства во износ до 2,5 милиони денари.
Според информациите објавени од Банката, каматната стапка е фиксна и започнува од 5,3 проценти, додека постапката за одобрување може да заврши за само неколку минути.
„Твојот план. Твојот следен чекор“, порачуваат од НЛБ Банка, охрабрувајќи ги граѓаните да се информираат за можностите за финансирање на своите потреби.
Повеќе информации за условите, каматните стапки и постапката за аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Банката: https://www.nlb.mk/fizicki-lica/krediti/potrosuvacki-krediti.
Пред донесување одлука за задолжување, граѓаните треба да ги проверат сите услови, вклучително и вкупните трошоци на кредитот и месечните обврски за отплата.
Банки
Комерцијална банка донираше над 800 килограми облека за социјално загрозени граѓани
Над 800 килограми зачувана и употреблива облека донираше Комерцијална банка во рамки на хуманитарната акција „Подари приказна, облечи си среќа“, насочена кон поддршка на социјално загрозените семејства и ранливите категории граѓани.
Во акцијата се вклучија голем број вработени во Банката, кои донираа облека со цел таа да добие нова намена и да стигне до оние на кои им е најпотребна.

Собраната облека, преку Црвениот крст, ќе биде распределена на социјално загрозени семејства и лица згрижени во установи. Дел од донацијата ќе биде понуден и во продавницата „Копче“ по симболични цени.
Со оваа иницијатива, Комерцијална банка обезбедува конкретна поддршка за граѓаните во социјален ризик, истовремено поттикнувајќи ја повторната употреба на облеката и поодговорното користење на ресурсите.
Акцијата е дел од активностите на Банката за поддршка на заедницата и промовирање на вредностите на хуманоста, солидарноста и општествената одговорност.
Банки
Дејвид Вајан е назначен за извршен директор и главен финансиски директор на Групацијата Светска банка
Претседателот на Групацијата Светска банка, Аџај Банга, го објави назначувањето на Дејвид Вајан за извршен директор и главен финансиски директор на Групацијата Светска банка.
Вајан поминал две децении во BNP Paribas, каде што раководел со финансиските и стратешките функции и структурирал значајни трансакции на пазарите на капитал за финансиски институции, влади и централни банки, како на пазарите во развој, така и на развиените пазари.
Како главен финансиски директор, Вајан ќе биде одговорен за финансиското управување, трезорските операции и управувањето со ризиците во рамките на билансот на Групацијата, чии средства се ангажирани во повеќе од 100 земји во развој.
Тој ќе раководи и со издавањето обврзници преку Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD), Меѓународната асоцијација за развој (IDA) и Меѓународната финансиска корпорација (IFC), кои заедно обезбедија речиси 82 милијарди американски долари од меѓународните пазари на капитал во фискалната 2026 година.
Исто така, ќе работи на унапредување на агендата на Групацијата за мобилизирање приватен капитал, вклучително и развој на нови финансиски механизми и инструменти наменети за привлекување приватни инвеститори во голем обем.
„Дејвид ја помина својата кариера управувајќи со финансии од голем обем и тесно соработувајќи со инвеститори, влади и централни банки за создавање финансиска архитектура што им овозможува на институциите да постигнуваат исклучително големо влијание“, изјави Банга.
Тој додаде дека ова е идеалната комбинација од искуства потребни за управување со финансиската функција на Групацијата Светска банка, управување со ризиците и зголемување на приватниот капитал што се мобилизира за развој.
Вајан неодамна ја извршуваше функцијата глобален раководител за финансии, стратегија и капитални учества во BNP Paribas Asset Management.
На оваа позиција ја предводеше аквизицијата на AXA Investment Managers во вредност од 5,1 милијарди евра, една од најголемите трансакции во историјата на европскиот сектор за управување со средства. Со оваа трансакција беше создаден еден од најголемите управувачи со средства во Европа, со 1,6 билиони евра средства на клиентите.
Тој, исто така, ги развиваше глобалните партнерства на компанијата, особено во Азија и Латинска Америка.
„Длабоко сум почестен што ќе ѝ се приклучам на Групацијата Светска банка и што ќе придонесувам кон нејзината мисија – искоренување на екстремната сиромаштија и поттикнување заеднички просперитет на планета погодна за живот“, изјави Вајан.
Тој нагласи дека Групацијата е во одлична позиција да соработува со сите засегнати страни на пазарите во развој и на развиените пазари, со цел насочување финансиски средства кон развојните цели, истовремено промовирајќи силно управување со ризиците.
„Со нетрпение очекувам да им се приклучам на високоценетите тимови на Групацијата Светска банка, под водство на Аџај“, додаде Вајан.
Претходно, Вајан бил извршен директор и раководител на банкарското работење за Европа, Блискиот Исток и Африка (EMEA) во BNP Paribas Corporate and Institutional Banking, каде што активно придонесувал за глобалниот развој на деловното работење на компанијата, вклучително и на пазарите во развој во Африка, Блискиот Исток и Азија.
Тој бил и предводник на советодавните услуги за државни институции, советувајќи влади и централни банки за сложени финансиски трансакции.
Пред да се приклучи на BNP Paribas, Вајан работел во Банката на Франција, а кариерата ја започнал како адвокат, советувајќи компании за прекугранични трансакции.
Покрај извршните функции, Вајан бил член на повеќе управни одбори, како неизвршен претседател или директор, особено во финансиски институции во Азија и Латинска Америка, како и во котирани и некотирани финтек-компании.
Предавал финансии, одржливи финансии и меѓународна макроекономија на HEC School of Management и Sciences Po Paris, а воедно е и член на Управувачкиот одбор на Меѓународниот советодавен панел за кредити за биолошка разновидност.
-
Банкипред 2 месециНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот
-
Анализипред 2 месециМакедонија ќе има два система за инстант плаќања: КИБС Инстант и мобилна апликација „Стрела“ преку КИБС и TIPS Clone преку Народната банка
-
Колумнипред 2 месециКој ќе биде македонскиот Revolut?
-
Банкипред 2 месециКристина Трпезановска: NLB Smart POS им овозможува на малите бизниси полесен пристап до дигитални плаќања
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува ИТ професионалец – Специјалист за ИТ за независна валидација
-
Банкипред 1 месецНЛБ Банка: Исплатени пензиите за август, средствата се достапни веднаш
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка денеска ги исплаќа августовските пензии

