Connect with us

Бизнис

АЕТМ: Кон домашните е-трговци во 2023 година се слеале 453.6 милиони евра- годишен раст од 15%

Објавено

на

Анализа на бројот и вредноста на онлајн трансакциите

Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба во 2023 година на Народната Банка на Република Северна Македонија, вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 39,929.2 милиони денари или 649.3 милиони евра, односно бележи пораст од 18% во однос на 2022 година. Притоа, вредноста на направените вкупни е трансакции од физички лица изнесува 455.6 милиони евра и има пораст од 18.7%, додека правните лица оствариле пораст од 16.3% во однос на 2022 година. Доминира учеството на физичките лица во направените вкупни трансакции со 70.2%. Се зголемува и бројот на вкупните онлајн трансакции, но со помал интензитет на пораст односно 15.2% во однос на 2022 година. Кај правните лица бројот на реализираните вкупни е трансакции се зголемува за 8.7%, додека кај физичките лица за 17.1% во однос на минатата година. Просечната вредност на направените онлајн трансакции во 2023 година изнесува 33.7 евра и е за 2.3% поголема од 2022 година. При тоа растот на просечната вредност е поголем кај правните лица каде што просечната трансакција се зголемува за 6.8% и изнесува 45.6 евра, додека кај физичките има минимален пораст (1.05%) и изнесува 30.3 евра.

Во структурата на вкупната вредност на направените онлајн трансaкции во 2023 година се забележува намалување на учеството кон домашни е-трговци од 72% во 2022 година на 70% во 2023 година, на сметка на зголемениот раст на вредноста на направените е- трансакции кон странски е-трговци. Имено, во 2023 година вкупната вредност на направени е-трансакции кон домашни е-трговци направени и од домашни и од странски купувачи изнесува 453.6 милиони евра што преставува пораст од 15.2% во однос на претходната година. Македонците во странство со платежни картички на виртуелни продажни места оствариле трансакции во вредност од 195.6 милиони евра што преставува раст од 25.3% во однос на 2022 година.

Што се однесува до структурата на бројот на направените е-трансакции според потеклото на картичката и местото на направената трансакција кон домашните е-трговци Македонци и странци со своите картички оствариле 76% од трансакциите, додека во странство Македонците оствариле 24% од трансакциите. Тоа ни укажува на поголема просечна вредност која е направена кон странски е-трговци односно 42.9 евра. При тоа физичките лица оствариле просечна вредност по трансакција од 32.6 евра додека правните од 129 евра.

Понуда во е-трговија – Е-продажни места

Во 2023 година, согласно подaтоците на Народната банка има вкупно 1703 виртуелни места на продажба, што претставува зголемување од 105 нови е-продажни места или 6.5% пораст. Што се однесува до активни е-продажни места, од вкупните 75% биле активни, односно 1293 имале барем една трансакција во текот на 2023 година. Асоцијацијата за е-трговија неодамна направи унпаредување на регистарот на е-трговци, кој претставува единствен регистар на онлајн продажни места кој се обновува во соработка со 5те банки кои нудат процесирање на е-трансакции. Регистарот содржи и категоризација, односно може да се прегледаат сите активни е-трговци и може да се пребаруваат е-трговците.

“Вредноста на онлајн трансакциите бележи годишен раст од 18% во 2023 година. Вредноста реализирана кон домашни е-трговци (со домашни и странски картички) бележи раст од 15% и изнесува 453.6 милиони евра. Асоцијацијата за е-трговија минатата година придонесе за зајакнување на домашната понуда во е-трговија и тоа преку две иницијативи беа помогнати 65 микро, мали и средни компании да започнат да продаваат онлајн и да ги зајаканат своите дигитални вештини. И оваа година продолжуваме со бројни активности кои ќе придонесат за проширување и зајакнување на понудата во е-трговија, унапредување на дигиталните вештини, намалување на сивата економија и зајакнување на довербата во онлајн купувањето. Преку активности како што е регистарот на е-трговци, беџот за верификувани е-трговци и информативно-едукативните кампањи за јавноста влијаеме на поголема информираност, свесност и само-заштита на граѓаните со што придонесување и за унапредување на страната на побарувачката” – вели Претседателката на АЕТМ, д-р. Нина Ангеловска.

Бизнис

ОКТА го намалува дизелот за два денари по литар, но дали ќе поевтини и на бензинските пумпи?

Објавено

на

Компанијата ОКТА воведува привремен попуст од два денара по литар дизел гориво за трговците на големо и мало, кој ќе важи од 20 октомври до 2 ноември 2026 година.

Станува збор за мерка со која компанијата има цел да го поддржи домашниот пазар на горива и да го ублажи влијанието на нестабилните цени на меѓународните пазари.

Сепак, намалувањето на цената по која ОКТА го испорачува дизелот не значи дека горивото автоматски ќе поевтини за два денара и на бензинските пумпи. Конечните малопродажни цени и понатаму ќе ги определуваат трговците, во согласност со нивните комерцијални политики и состојбите на пазарот.

Од ОКТА информираат дека оваа мерка е продолжение на активностите за поддршка на домашниот пазар што компанијата ги спроведува од март годинава. Со најновиот попуст, вкупната вредност на поддршката од март 2026 година се очекува да достигне околу осум милиони евра.

Целта на мерките е да се придонесе за поголема стабилност и конкурентност на пазарот на горива во земјава, во услови на неизвесност на глобалните енергетски пазари.

Дали возачите ќе почувствуваат олеснување при полнењето гориво, ќе зависи од одлуките на бензинските пумпи, односно од тоа дали и во колкав износ ќе го пренесат добиениот попуст врз крајните потрошувачи.

Продолжи со читање

Бизнис

ССКМ организира тркалезна маса за поголемо учество на бизнис-заедницата во реформските процеси

Објавено

на

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) ќе организира Национална тркалезна маса на тема „Посилен глас на бизнисот за реформите“, со цел да се поттикне поголема вклученост на компаниите во креирањето економски политики и спроведувањето на реформите во земјава.

Настанот, кој ќе се одржи во Скопје, ќе биде посветен на улогата на приватниот сектор во реформските процеси, како и на можностите за зајакнување на соработката и дијалогот меѓу деловната заедница и надлежните институции.

Во фокусот на дискусијата ќе бидат начините на кои компаниите можат поактивно да учествуваат во донесувањето одлуки што директно влијаат врз нивното работење, деловната клима и економскиот развој.

Преку размена на мислења, искуства и конкретни предлози, тркалезната маса има за цел да придонесе кон подобро усогласување на реформските политики со реалните потреби и предизвици со кои се соочува стопанството.

Посебно внимание ќе биде посветено на потребата од поефикасна комуникација меѓу бизнис-секторот и институциите, со цел ставовите и иницијативите на компаниите да добијат поголема тежина при подготовката и спроведувањето на реформските мерки.

Националната тркалезна маса ќе претставува платформа за конструктивен дијалог и формулирање предлози насочени кон создавање поповолно деловно опкружување и поттикнување на конкурентноста на македонската економија.

Продолжи со читање

Бизнис

Македонските аеродроми со 3,33 милиони патници за девет месеци: Раст од 29% на годишно ниво

Објавено

на

Воздушниот сообраќај во Македонија продолжува да бележи силна позитивна динамика, покажуваат податоците на операторот ТАВ Македонија за периодот јануари – септември 2026 година.

Во првите девет месеци од годинава, аеродромите во Скопје и Охрид опслужиле вкупно 3.331.685 патници, што претставува зголемување од 29% во споредба со истиот период минатата година.

Истовремено, бројот на летови достигнал 22.147, што е за 10% повеќе на годишно ниво.

Најголемиот дел од патничкиот сообраќај се реализирал преку Меѓународниот аеродром Скопје, кој опслужил 3.065.692 патници, со годишен раст од 29,07%.

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, пак, забележал 265.993 патници, што претставува зголемување од 26,76%.

Разликата меѓу растот на бројот на патници и растот на бројот на летови покажува дека просечниот број патници по реализиран лет се зголемил, иако за целосна процена на искористеноста на капацитетите се потребни податоци за бројот на расположливи седишта.

Растот на воздушниот сообраќај има значење за повеќе сегменти од домашната економија, вклучувајќи го туризмот, угостителството, транспортот, трговијата и услугите.

За компаниите, поголемата поврзаност со странските пазари може да придонесе за полесно реализирање деловни патувања и подобра меѓународна достапност.

Сепак, бројот на аеродромски патници не треба директно да се поистоветува со бројот на странски туристи, бидејќи статистиката ги опфаќа и домашните патници, деловните патувања и другите категории патнички сообраќај.

Редакција Банкарство

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange