Connect with us

Банки

Сите НЛБ клиенти во регионот на ЈИЕ со пристап до Apple Pay

Објавено

на

Вчера НЛБ Банка Скопје ја лансираше услугата Apple Pay со што стана првата банка на пазарот која на своите клиенти им го овозможи овој сервис. НЛБ Групацијата истовремено ја лансираше Apple Pay и во своите банки во Босна и Херцеговина и Косово – последните пазари на НЛБ каде што оваа услуга сè уште не беше достапна, овозможувајќи ја Apple Pay за сите НЛБ клиенти во регионот на Југоисточна Европа.

Ова е значајна пресвртница која го одразува нашиот стремеж кон иновации и длабоката посветеност на НЛБ Групацијата кон регионот на Југоисточна Европа. Ова е повеќе од само технологија, ова е и пристап, вклученост и доверба. Ние го испорачуваме она што е најважно за нашите клиенти – едноставност, безбедност и брзина во секојдневните плаќања. – вели во своето видео-обраќање Антонио Аргир, член на Управниот одбор на НЛБ д.д.

Антонио Аргир, член на УО на НЛБ д.д.

Со оваа иницијатива, НЛБ Групацијата уште еднаш покажа дека е повеќе од финансиска институција, односно дека е двигател на промени, партнер кој ги отвора вратите на глобалните иновации за клиентите во регионот. Како што појаснува Аргир, зад овој успех стои долготрајна и стратешка заложба, интензивни преговори и постојано застапување на интересите на клиентите и пазарите пред глобалните технолошки партнери: Се залагавме, преговаравме и конечно го убедивме Apple да ги отвори овие пазари. Ова е нашата улога, ова е нашето влијание. И додека од овој потег имаат корист сите банки во регионот, токму нашата визија и решителност го овозможија тоа. – заклучува Аргир.

Практично, НЛБ Групацијата одигра клучна улога, Apple да ги отвори пазарите на Македонија, Косово и Босна и Херцеговина, со што овозможи рамноправен пристап до напредни решенија за плаќање на милиони луѓе во регионот. 

Клиентите на НЛБ Банка Скопје кои со нетрпение ја очекуваа Apple Pay веќе од вчера можат да ги дигитализираат своите НЛБ кредитни и дебитни картички на Visa и Master Card и да плаќаат брзо, безбедно и удобно во продавници, преку апликации и онлајн.

Банки

Наградна игра за млади со ZIPP картичката од Комерцијална банка

Објавено

на

Клиентите на возраст од 18 до 29 години кои се корисници на Zipp Mastercard Debit World картичката од Комерцијална банка, со секоја трансакција учествуваат во Наградната игра ZIPP & WIN и добиваат можност да станат добитници на електричен MATE велосипед или 30.000 денари на нивната Zipp сметка.

Во периодот до 10 септември 2026 година, секоја трансакција со Zipp картичката направена во земјата со физичка картичка, преку телефон или смарт часовник, носи по една шанса (еден код) за освојување на една од наградите.

Колку повеќе трансакции, толку повеќе шанси за освојување на една од наградите.

Извлекувањето на добитниците ќе се одржи на 14 септември 2026 година.

Сите детали и правилата за Наградната игра се достапни на следниот линк.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со добивка од 1,41 милијарда денари во првото полугодие

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје во првите шест месеци од 2026 година остварила добивка пред оданочување од 1,412 милијарди денари, што претставува намалување од 30 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Според консолидираните неревидирани финансиски извештаи, позитивниот финансиски резултат пред оданочување и резервации изнесувал 1,781 милијарда денари и бил за 31 отсто понизок на годишно ниво.

Од Банката наведуваат дека намалувањето се должи на регулаторните и пазарните услови, пониските каматни стапки и каматни приходи, намалените провизии од платниот промет и меѓународните трансакции, како и на еднократните приходи наплатени во 2025 година од претходно отпишани побарувања.

Во првото полугодие Банката издвоила 368,4 милиони денари за исправка на вредноста на финансиските средства и за посебна резерва за вонбилансна изложеност.

Вкупната актива на Банката на 30 јуни 2026 година изнесувала 159,035 милијарди денари, при што е забележан органски раст.

Консолидираните извештаи ги опфаќаат финансиските резултати на Стопанска банка АД – Скопје и на Стопанска лизинг ДООЕЛ Скопје.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк нуди кредитна картичка со патничко осигурување и асистенција на пат

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ја промовира Visa Travel кредитната картичка, наменета за корисниците кои сакаат дополнителна сигурност и поволности за време на патувањата.

Со картичката корисниците добиваат асистенција на пат, како и патничко осигурување со покритие во времетраење од десет дена.

Дополнително, на корисниците им се овозможува попуст од 10 проценти при купување полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување.

Повеќе информации за условите и поволностите се достапни на интернет-страницата на Халкбанк.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange