Connect with us
no baners

Бизнис

Новитет во инвестицискиот пазар – Крипто валути во класичните фондови

Објавено

на

Финансиските пазари се менуваат побрзо од кога било, а крипто валутите повеќе не се „алтернативна инвестиција“, туку стануваат дел од глобалниот финансиски систем. Ова води до едно важно прашање: Дали навистина сте безбедни од крипторизици, дури и кога не инвестирате директно во крипто валути?

Голем број на инвеститори, во Македонија и глобално, сеуште избираат класични инвестициски фондови или ЕТФ (ETF), мислејќи дека тоа значи сигурност и стабилност. Но реалноста е посложена, крипто валутите веќе продираат и таму каде што не ги очекувате.

Крипто валути – Дали сте навистина заштитени од ризик ако инвестирате во класични фондови?

Многу инвеститори во Македонија избираат класични инвестициски фондови, пензиски заштеди или ЕТФ (ETF), верувајќи дека така се држат настрана од непредвидливиот крипто пазар. 

Но, вистината е дека крипто валутите веќе тивко навлегуваат и во нив, и тоа без ваш избор. Дури и без намера, вложувањето во глобален ЕТФ или класични инвестициски фондови може да ве доведе до изложеност на високо нестабилни дигитални средства. 

Оваа појава е наречена „крипто лазење“ (crypto-creep), постепено и речиси незабележливо навлегување на крипто валутите во класичните инвестициони портфолија. Инвеститорите веќе не се безбедни од крипто лазењето дури и во класичните инвестиции.

Крипто валутите веќе се дел од класичните инвестиции

Иако некој инвеститор формално не вложува во крипто валути, тоа не значи дека неговото портфолио е безбедно од овие дигитални средства. Напротив, преку индекси и глобални фондови, крипто валутите се сѐ почесто присутни, индиректно.

Еве неколку примери:

  • Коинбејс (Coinbase), една од најголемите криптоберзи во светот, денес е дел од S&P 500, еден од најпопуларните индекси во светот.
  • Микростратеџи (MicroStrategy), компанија што држи огромна количина биткоини, е вклучена во Nasdaq 100.
  • Блок (Block – поранешен Square), финтек компанија што нуди крипто услуги, исто така е дел од S&P 500.

Иако овие индекси се далечни од македонската реалност, Македонските инвеститори често вложуваат преку странски посредници, домашни банки или преку меѓународни инвестициски фондови, каде што и тие индиректно можат да бидат изложени на крипто лазење.

P2P.mk – Вашата паметна алтернатива

Во услови кога традиционалните фондови стануваат сѐ покомплексни и сѐ помалку транспарентни, потребен е начин на инвестирање што е директен, јасен и под ваша контрола.

Токму тоа го нудиме ние преку нашата P2P.mk платформа. P2P (peer-to-peer) инвестирањето им овозможува на инвеститорите директно да инвестираат во потрошувачки и хипотекарни кредити. Нема посредници, нема сложени берзански структури.

Со P2P.mk:

  • Вие одлучувате каде оди вашата инвестиција – вие избирате во кои кредити да инвестирате.
  • Транспарентност – секој кредит на платформата е детално опишан.
  • Без криптоекспозиција – инвестирате директно во кредити, а не во акции поврзани со крипто валути.
  • Стабилен пасивен приход – јасно знаете кога и колку ќе добиете назад.
  • Почеток со само 3.000 мкд – пристапно за секој инвеститор.

Како функционира P2P инвестирањето преку P2P.mk?

На нашата платформа, инвестирате директно во потрошувачки и хипотекарни кредити за физички лица или компании. Нема посредници, нема фонд менаџери, нема скриени трошоци.

  1. Се регистрирате на платформата – едноставно, брзо и бесплатно.
  2. Ги разгледувате достапните кредити – детални информации достапни.
  3. Инвестирате избран износ во портфолио од кредити – можете да диверзифицирате, односно да инвестирате мали износи во повеќе кредити.
  4. Ги следите уплатите и приносите – сѐ е автоматизирано и достапно во реално време.

Со P2P инвестирање нема скриени ризици, нема необјаснивa изложеност на крипто валути, и нема зависност од глобални берзански шокови.

P2P.mk – Инвестирајте таму каде што знаете што добивате

Со тивкото навлегување на крипто валутите во глобалните индекси и
портфолија, време е да се постави прашањето: дали навистина инвестираме
онаму каде што мислиме? 

Со P2P.mk, го имате последниот збор, и контрола врз вашите средства. Без „криптолазење“ и без непредвидливи дигитални ризици. Изберете стабилност со P2P.mk без да се грижите за крипто валути во вашето портфолио коишто не сте ги избрале вие.

ПР објава

Бизнис

Андоновски: Ќе се појасни законската рамка за инфлуенсерите, ЕУ прави јасна разлика меѓу платформи и креатори на содржини

Објавено

на

Министерството за дигитална трансформација е во завршна фаза на усогласување на домашната регулатива со европските правила за воведување на моделот „Роаминг како дома“ со Европската Унија, а паралелно се отвора и прашањето за појасна законска рамка за инфлуенсерите и креаторите на дигитални содржини.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, информираше дека Европската комисија пред две недели официјално го започнала процесот за сите земји од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија. Според него, секоја држава ќе мора поединечно да ги исполни условите пред да започнат билатералните преговори.

Тој посочи дека државата веќе ги доставила измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации до Европската комисија, со кои се врши целосно усогласување со европските барања во делот на безбедноста, фер користењето на роаминг услугите, како и утврдувањето на прекуграничните цени. По добивањето на коментарите од Европската комисија, предлог-законот ќе биде испратен во Собранието.

Андоновски изрази очекување дека Северна Македонија ќе биде првата земја од регионот што ќе ги исполни сите критериуми за воведување на „роаминг како дома“. Потоа, како што појасни, ќе следуваат преговори со Европската комисија, која ќе биде посредник меѓу земјата и европските телекомуникациски оператори. Според неговите очекувања, договорите би можеле да се постигнат во текот на 2026 година, но динамиката ќе зависи од Европската комисија.

Во меѓувреме, институциите разгледуваат и можности за регулирање на статусот на инфлуенсерите и креаторите на содржини. Министерот соопшти дека веќе се одржала средба со претставници на Здружението на инфлуенсери, а планиран е и состанок со директорот на Агенцијата за аудио-визуелни медиумски услуги.

Според него, во постојната законска рамка постои недореченост, бидејќи Законот за аудио-визуелни медиумски услуги не прави јасна разлика меѓу платформите и креаторите на содржина. Во Европската Унија, како што нагласи, јасно се прави дистинкција меѓу платформи како Инстаграм, Фејсбук или Јутјуб и поединечните креатори кои ги користат тие платформи за објавување содржини.

Во наредниот период ќе се разгледува дали ова прашање ќе се решава со измени на правилниците или ќе биде потребна законска измена за целосно усогласување со европските стандарди.

Продолжи со читање

Бизнис

Во Владата денеска ќе се одржи панел дискусија посветена на економскиот раст и економската сигурност на граѓаните

Објавено

на

На панелот ќе учествуваат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Дискусијата ќе ја модерира портпаролката на Владата, Марија Митева.

Настанот ќе се одржи во Медија центарот на Владата и ќе може да се следи во живо преку официјалниот Јутјуб канал на Владата.

По завршувањето на панел дискусијата е предвидена и сесија за прашања од новинарите.

Продолжи со читање

Бизнис

Македонија е меѓу 10-те земји каде најлесно може да се добие државјанство

Објавено

на

Северна Македонија е меѓу земјите во светот што нудат релативно едноставни и транспарентни услови за добивање државјанство, покажува најновиот извештај на „Интернешнал ливинг“, кој ги анализира програмите за стекнување државјанство во 2026 година.

Покрај традиционалните механизми како државјанство по потекло или таканаречените „златни визи“, сè поголемо внимание привлекуваат програмите за државјанство преку инвестиција. Иако во јавноста често се нарекуваат „купување пасош“, овие модели подразбираат исполнување на јасно дефинирани инвестициски критериуми, по што следува постапка за стекнување државјанство.

Во изминатите години, ваквите програми беа под засилен надзор. Кипар ја укина својата шема во 2020 година по низа скандали, додека Малта ја затвори програмата по правна постапка со Европската Унија. Брисел сигнализира дека може да преземе мерки против земји кои нудат државјанство со безвизен пристап до Шенген зоната без доволно строги проверки.

Оттука, актуелните програми во 2026 година се карактеризираат со значително построги процедури за проверка на потеклото на капиталот и безбедносниот профил на апликантите.

За инвеститорите, второто државјанство претставува инструмент за диверзификација на ризик и проширување на опциите во услови на зголемена глобална неизвесност. Во европски контекст, покрај Северна Македонија, како релевантна дестинација се издвојува и Турција.

Трендот укажува дека побарувачката за алтернативни правни и резиденцијални опции ќе остане висока, но во рамки на построги регулаторни стандарди и зголемена меѓународна контрола.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange