Кариера
Оглас за вработување на Советник за клиенти-експозитура Куманово во Иуте Македонија
Иуте Македонија е дел од мултинационалната бизнис корпорација – IuteGroup AS, избрана за една од најбрзо-растечките компании во Европа. Македонските канцеларии се отворени од 2017 година и оттогаш како лидери на финтек пазарот и пионери во дигиталната трансформација создаваме исклучително корисничко искуство.
Нашиот тим се шири и во потрага сме на нов член кој ќе му се придружи на тимот за да ја направиме нашата одлична работна средина уште поубава и приказната уште поуспешна.
Советник за клиенти-експозитура Куманово
Твоите предизвици:
- Продажба и промоција на производите и услугите на Компанијата наменети за физички лица, за одржување на активно кредитно порфолио на компанијата;
- Градење и одржување на исклучително корисничко искуство при секој контакт со клиентите во врска со кредити, отплата, рати, поддршка при аплицирање;
- Директна и вкрстена продажба на услугите за финансирање на кредити од добиени барања за кредити во експозитурите, веб, партнерска мрежа, по телефон;
- Активно учествува во давање предлози и идеи за развој на ефикасноста на процесите, експозитурата, зголемување на продажбите.
Зошто да работите во Иуте?
- Компанијата нуди атрактивна плата и бонуси;
- Како дел од мултинационална ФИНТЕК компанија IUTE Group AS ќе имате можност да ги запознаете најновите иновации во овој сегмент;
- Интересни, предизвикувачки работни задачи секојдневно;
- Едноставна организациска структура;
- Вреднување на индивидуалниот придонес, но и тимскиот дух во рамки на експозитурата и компанијата во целост;
- Континуирани обуки за развој;
- Редовни интересни активности и бенефиции за вработените.
Потребни квалификации и способности:
- Универзитетска диплома
- Претходно работно искуство во финансиски институции ќе се смета за предност
- Напредни компјутерски вештини
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини, како и способност да се разберат потребите на клиентот
- Ориентиран кон резултати
- Тимски играч
- Способност за одредување приоритети
Рок за аплицирање: 15 август 2025 година
Испратете ја Вашата биографија на: [email protected], со назнака Советник за клиенти – Експозитура – Куманово.
Сите апликации се земаат во предвид со високо ниво на доверливост. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа, давате согласнот Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кандидати спроведен од страна на Иуте Македонија. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту пак, достапни на трети лица.
ПР објава
Кариера
АЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
АЛТА Банка објави оглас за вработување во Секторот за организација и ИТ, за позицијата Самостоен стручен соработник за организација, односно Team Leader.
Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати со искуство во банкарско работење, познавање на T-SQL и Microsoft SQL Database, како и аналитички пристап и интерес за работа со апликативни процеси.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија, односно CV на македонски јазик, на електронската адреса [email protected]. Во насловот на пораката треба да биде наведено: „Самостоен стручен соработник за организација (Team Leader)“.
Огласот е отворен до пополнување на работната позиција, соопштија од АЛТА Банка.
Кариера
Стопанска банка бара агент за грижа на корисници
Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за вработување на позицијата агент за грижа на корисници во рамки на контакт-центарот на банката.
Од банката посочуваат дека контакт-центарот има значајна улога во континуираната грижа за корисниците на нивните производи и услуги. Вработените во овој тим, како што наведуваат, добиваат можност темелно да ги запознаат производите и услугите на банката, но и да учествуваат во продажба, поддршка и унапредување на понудата.
Според објавата, позицијата нуди можност за градење просперитетна банкарска кариера во рамки на тимот на Стопанска банка.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку официјалната веб-страница на банката, во делот за кариера.
Кариера
НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица
НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.
Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.
Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.
Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Продуктипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Бизниспред 2 месеци„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Останатопред 2 месеци
УЈП испрати над 860.000 даночни пријави, граѓаните имаат рок до 31 мај за потврда
