Кариера
Јавен оглас за избор на двајца кандидати за вицегувернери на Народната банка на Република Северна Македонија
Врз основа на член 48 став 2, а во врска со член 49 став 3, член 50 и член 50-а од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.158/10, 123/12, 43/14, 153/15, 6/16 и 83/18 и„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/21, 74/24 и 16/25), Народната банка на Република Северна Македонија распишува
ЈАВЕН ОГЛАС за избор на двајца кандидати за вицегувернери на Народната банка на Република Северна Македонија
I.Критериуми за избор
1.Кандидатите за вицегувернери треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
– да бидат лица државјани на Република Северна Македонија и да имаат соодветна репутација;
– да имаат најмалку високо образование, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование и соодветно професионално или академско искуство на полето на економијата, финансиите, банкарството или правото;
– да не се должници во стечајна или ликвидациона постапка;
– да не им е изречена прекршочна санкција, забрана за вршење професија, дејност или должност и
– да не им е изречена споредна казна забрана за добивање дозвола за основање и работа на банка или друга финансиска институција, одземање на дозвола за основање и работа на банка или друга финансиска институција, забрана за основање на нови правни лица и привремена или трајна забрана за вршење дејност од областа на финансиите и банкарството.
II.Услови за избор
2.Кандидатите за вицегувернери покрај горенаведените критериуми, треба да ги исполнуваат и следниве услови:
2.1.да поседуваат еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од 5 години:
– ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
– ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
– ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
– ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен
– БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
– АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (B2)
3.За исполнување на горенаведените критериуми и услови, кандидатите кон пријавата која е објавена на интернет страната на Народната банка на Република Северна Македонија потребно е да достават:
-кратка биографија во која ќе бидат содржани податоци за претходното професионално или академско искуство на полето на економијата, финансиите, банкарството или правото;
-потврда за државјанство издадена од надлежен орган на Рeпублика Северна Македонија (не постара од 6 месеци пред денот на поднесувањето на пријавата);
-диплома или уверение за завршено високо образование, најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование;
-изјава за исполнување на критериумот од точка 1 алинеја 3 (заверена кај овластено лице – нотар);
-потврда за неизречена прекршочна санкција, забрана за вршење професија, дејност или должност (не постара од 6 месеци пред денот на поднесувањето на пријавата) издадена од Централниот регистар на Република Северна Македонија или надлежен суд според местото на раѓање;
-изјава за исполнување на критериумот од точка 1 алинеја 5 (заверена кај овластено лице – нотар) и
-меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од 5 години.
Сите потврди, дипломата или уверението за завршено високо образование меѓународно признатиот сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик, треба да бидат во оригинал или копија заверена кај овластено лице (нотар).
4.Рокот за доставување на пријави со потребните документи изнесува 30 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот.
5.Изборот на кандидати за вицегувернери на Народната банка на Република Северна Македонија ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.
6.Ненавремените и некомплетни пријави и документација нема да бидат разгледувани.
7.Пријавата со потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија, Бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр.1 – Скопје.
Кариера
Работната недела во ЕУ се скрати на 35,9 часа
Граѓаните на Европската Унија во просек работат помалку отколку пред десет години, покажуваат најновите податоци на Евростат.
Според статистиката, вработените на возраст од 20 до 64 години во 2025 година во просек работеле 35,9 часа неделно на главното работно место, додека во 2015 година просекот изнесувал 36,9 часа.
Најдолга работна недела имале вработените во Грција со просек од 39,6 часа. Следуваат Бугарија и Полска со по 38,7 часа, како и Литванија со 38,4 часа неделно.
Најкратко се работело во Холандја – 31,9 часа неделно. Потоа следуваат Данска и Германија со по 33,9 часа, како и Австрија со 34 часа.
Евростат објаснува дека податоците се однесуваат на реално одработени часови во текот на референтната недела, вклучувајќи прекувремена работа, но без боледувања, одмори и времето поминато во патување до работа.
Според професиите, најдолго работеле квалификуваните работници во земјоделството, шумарството и рибарството – околу 42 часа неделно. По нив следуваат менаџерите со 40,6 часа и вработените во вооружените сили со 39,4 часа неделно.
Најкратка работна недела имале работниците во основните занимања, со просек од 31,8 часа неделно.
Кариера
Иуте Македонија отвора клучна лидерска позиција: Раководител на партнерски екосистем за следната фаза на дигитален раст
Иуте Македонија е дел од естонската дигитална банкарска групација Иуте – групација која го редефинира начинот на управување со личните финансии, плаќањата и осигурувањето низ Југоисточна Европа преку технологија, иновации и паметни дигитални решенија.
Ние не следиме трендови. Ги создаваме.
Сега го шириме тимот и бараме личност која ќе ја гради следната фаза од нашиот раст:
Раководител на партнерски екосистем
Не бараме само раководител. Бараме архитект на партнерски екосистем.

Твојата мисија?
Да го менаџираш и надградиш партнерскиот екосистем што веќе години наназад го трансформира начинот на кој корисниците пристапуваат до финансиски услуги.
Ќе бидеш на пресекот помеѓу бизнис, технологија, дигитални продукти и стратешки партнерства – со директно влијание врз растот на компанијата.
Што ќе движиш?
Ќе ја водиш и редизајнираш продажбата на партнерските продукти низ сите канали и ќе создаваш партнерски понуди што носат вистинска вредност.
Ќе го управуваш производот од почеток до крај
Ќе градиш и развиваш силна партнерска мрежа – од идентификација на нови можности, до активација и раст.
Ќе управуваш партнерски продажни канали, API интеграции и перформанс базирани на податоци.
Ќе креираш беспрекорно дигитално корисничко искуство преку MyIute и ќе обезбедиш подготвеност за скалабилна партнерска дистрибуција.
Ќе дефинираш како финансиските продукти се интегрираат во дигиталниот свет – преку API функционалности и партнерски решенија.
Ќе трансформираш производи во паметни, дигитални канали за раст.
Кого бараме?
✔ Размислуваш како стратег, движиш како лидер и делуваш како builder.
✔ Имаш универзитетско образование.
✔ Искуство во финансиски сектор? Плус. Амбиција за трансформација? Неопходно.
✔ Дигиталните производи, податоците и аналитиката ти се природен јазик.
✔ Одлично комуницираш на македонски и англиски.
✔ Преговараш самоуверено, носиш одлуки и гледаш можности каде другите гледаат процеси.
✔ Имаш проактивен пристап, ориентација кон резултати и тимска енергија.
Што добиваш?
-Работа во една од најбрзо растечките дигитални банкарски групации во регионот
-Меѓународна средина и директна соработка со тимови низ различни пазари
-Простор за идеи, иницијативи и вистинско влијание
-Континуиран развој, учење и професионален раст
-Подароци за родендени, годишнини и важни животни моменти
-Тимбилдинзи во земјата и странство
-Спортски активности
-Дополнителни здравствени прегледи
Ако веруваш дека иднината на финансиските услуги се гради преку партнерства, технологија и дигитални екосистеми – време е да се запознаеме.
📅 Аплицирај до: 01 јуни 2026
📧 Испрати CV на: [email protected]
✉️ Назнака: Раководител на парнерски екосистем
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе се третираат доверливо.
Кариера
Комерцијална банка објави оглас за вработување во Секторот за ликвидност и финансиски пазар
Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат желба за професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работната позиција.
Комерцијална банка објави оглас за вработување на позицијата стручен соработник за порамнување во земјата и во странство во рамки на Секторот за ликвидност и финансиски пазар.
Во објавата се наведува дека Комерцијална банка нуди можност за работа во стабилна и современа институција со долгогодишна традиција, како и професионална средина која ги вреднува личните и професионалните квалитети на вработените.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку страницата за вработување на банката.
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 2 месециИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 1 месецУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Исплатата на пензиите за март започнува на 1 април
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка предвремено ги исплати пензиите за месец март
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Марјан Ристески: Акцизата на горивата под лупа, можно ново замрзнување на цените
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка вработува Помлад соработник за администрирање на кредити и гаранции (Back Office)


