Интервјуа
Интервју | ФИЛИП ПЕТРОВСКИ: Податоците се новата валута во банкарството
Во свет каде што финансиските институции се под зголемен притисок – од технолошка конкуренција, растечки очекувања на корисниците и построги регулативи – традиционалните начини на работа брзо стануваат недоволни. Банките кои навремено ќе го прифатат потенцијалот на податоците ќе бидат оние што ќе преживеат и ќе просперираат. Дата Мастерс, како регионален лидер во DataManagement и AI решенија, стои рамо до рамо со банките во нивната трансформација – не само технолошка, туку културолошка и стратегискa.
Во ова интервју разговараме со Филип Петровски, Основач и Главен извршен директор на Дата Мастерс кој ни открива како помагаат на банките да ја направат таа критична трансформација: од фрагментирани системи кон интегрирана дата култура, од интуитивни одлуки кон вистински интелигентно банкарство.
Банкарство: На кои начини вашата компанија може да им помогне на банките да ги искористат податоците за подобрување на нивните услуги и оперативна ефикасност?
Филип Петровски: Банките располагаат со огромни количини на податоци: трансакции, демографија, корисничко однесување, кредитна историја, дигитални интеракции… Но без соодветна дата архитектура, овие податоци остануваат неупотребени, дупликативни затоа што за различни потреби на бизнис одделите се чуваат на посебни и различни места или често се случува и застарени. Дата Мастерс помага да се трансформира овој „хаос“ во консолидиран извор на интелигенција што ги поткрепува секојдневните операции, стратегиските одлуки и дигиталните иновации.
Клучни придобивки:
• Client 360 платформа која ги поврзува сите интеракции на клиентите – од мобилна апликација, кориснички шалтер, до контакт центар – овозможувајќи персонализирано и конзистентно искуство
• Аналитички dashboard-и во реално време, што им овозможуваат на менаџерите да донесуваат одлуки со сигурност и брзина базирани на податоци каде што “вистината” се црпи од едно место
• Self-Service аналитика, што овозможува на тимовите за маркетинг, продажба и продукт да добијат увид без потреба од програмер или дата инженер
• Оптимизација на операции, како автоматизација на обработка на барања, кредити или генерирање на регулаторни извештаи.
Нашата улога е не само да имплементираме технологија, туку да воспоставиме култура на „работа со податоци“, каде секој оддел знае како да ја претвори информацијата во акција.
Банкарство: Кои се најчестите предизвици со кои се соочуваат банките при имплементација на решенија базирани на вештачка интелигенција и како Дата Мастерс ги адресира овие предизвици?
Филип Петровски: Вештачката интелигенција (AI) е повеќе од модерен тренд – таа е темелот на новото банкарство. Но, патот до ефективна примена е поплочен со комплексности. Најчести предизвици што ги среќаваме се:
• Недоволна подготвеност на податоците – фрагментирани, недоследни или неструктурирани податоци во застарени системи
• Недостаток на експертиза – особено кај интерните тимови кои не се подготвени да дизајнираат и оперираат со ML модели
• Ризици од регулаторни прекршувања
• Недоверба на вработените – кои често AI го гледаат како закана, наместо поддршка
Решението на Дата Мастерс е AI-Ready DataArchitecture – што вклучува:
• Дата архитектура моделирана да подржува корисничко искуство и вредноста која секој корисник ја генерира во своето Customer Journey
• Стандарди за чистење и нормализација на податоци
• Предефинирани модели за churn, CLV, сегментација и cross-sell и Up-sell
• Следење на податоци и пристапи (data lineage и data access)
• Обука и вклучување на вработените во процесот (Data & AI Adoption Framework)
Со овој пристап, AI станува доверлив сојузник на бизнисот – а не црна кутија.
Банкарство: Може ли да споделите пример за успешна соработка со банка каде што вашите решенија довеле до значителни подобрувања во работењето?
Филип Петровски: Еден од нашите највлијателни проекти е имплементацијата на Client 360 + Self-ServiceAnalytics во средно голема банка во Европа. Банката имаше поприлично ”расфрлани” податоци низ системите, т.н. „data silos“, одделени системи за дигитално банкарство, CRM, контакт центар и филијали. Како резултат, вработените имаа фрагментарен преглед на клиентите, а маркетинг иницијативите беа засновани на интуиција, не на податоци.
Нашата интервенција:
• Изградивме единствена дата структура-модел базиран на клиентски профил со за near real-time следење на акциите на кориснсикот
• Имплементиравме BI решение кое им овозможина бизнис корисниците сами да ги креираат dashboard-и и извештаи
• Воведовме предиктивна анализа за CLV (Customer Lifetime Value) и cross-sell можности
• Вклучивме алатки за автоматизација на процеси поврзани со информации кон коринсиците(известувања, понуди…)
Резултати по 6 месеци:
• +22% дигитална активност
• +17% конверзија на cross-sell понуди
• 2 пати пократко време за подготовка на извештаи во маркетинг тимот
Тоа не беше само технолошка трансформација – туку организациска еволуција.
Банкарство: Како гледате на иднината на банкарството во контекст на дигиталната трансформација и улогата на податоците во тој процес?
Филип Петровски: Дигиталната трансформација е веќе тука – но вистинската разлика ќе ја направи DataTransformation. Идната генерација на банкарство ќе биде:
• Превентивна – базирана на real-time сигнали, не на ретроспективни извештаи
• Хипер-персонализирана – секоја понуда ќе биде соодветна за секој клиент во даден момент
• Вградена – банкарски услуги интегрирани во е-commerce, мобилни апликации, финтекпартнерства
Податоците ќе бидат основа на секоја одлука, од кредитен ризик до ESG стратегии. Банкарството ќе се движи од „продукт-ориентирано“ кон „дата-оригинирано“.
Дата Мастерс е тука да ја поддржи оваа еволуција преку:
• Стратегиски Дата модели
• ML & AI модели со целосна усогласеност
• Отворени API интеграции за финтек партнерства
Банкарство: Кои се најновите трендови во банкарскиот сектор во однос на употребата на податоци и аналитика, и како Дата Мастерс се прилагодува на тие трендови?
Филип Петровски: Трендовите денес се движат со брзина на светлина. Банкарскиот сектор е зафатен со пет фундаментални промени:
1. Client 360 дата модели – трансформација кон кориснички ориентирано дата моделирање и т.н. аналитички слоеви
2. ML за продуктивност и раст – од risk scoring до next-best-action препораки
3. Монетизација на податоците – банки што гикористат користат информациите од своите корисници до брзо креирање нови продуктиприфатливи за коринсиците и побрз Go ToMarket.
4. Cloud-first стратегии – миграција на податоци во хибридни или мулти-cloud платформи
Дата Мастерс се прилагодува преку:
• Microsoft Fabric и Azure Data Stackимплементации
• Data Library од 100+ use cases за банкарство
• Data Governance framework за регулаторна усогласеност
Практично, ние не се адаптираме на трендовите – ние ги предвидуваме и градиме решенија пред да станат потреба.
Банкарство: Како Дата Мастерс се справува со безбедноста и приватноста на податоците при работа со финансиски институции?
Филип Петровски: Соработка со банка без апсолутна доверба е невозможна. Затоа безбедноста кај нас не е „feature“ – тоа е темел. Ние работиме во средини што ги следат најстрогите барања. Применуваме zero-trustпристап на секое ниво. Безбедносната архитектура што ја имплементираме во нашите решенија не ги забавува процесите – туку го зголемува нивото на доверба, особено кај крајните корисници. За нас, довербата е единствениот вистински капитал што банката го поседува.
Банкарство: Што имате да споделите со читателите како за крај на ова интервју?
Филип Петровски: Податоци, доверба и трансформација……Податоците не се само дел кој зема простор на серверите кои треба да бидат заштитени од напад од надворешни субјетки – тие се валута на модерното банкарство. Но за да ја имаат вистинската вредност, тие мора да бидат структурирани, интерпретирани и употребени со јасна цел.
Во Дата Мастерс, ние не само што изградивме технологија – изградивме методологија и пристап што ги трансформира податоците во деловна вредност. Нашата визија е да продолжиме да им помагаме на банките да:
• Размислуваат аналитички
• Работат побрзо и поефикасно
• Се адаптираат пред пазарот да го наложи тоа
• И секогаш да ја задржат довербата како клучен капитал
Банкарството се менува. Податоците се алатката, а Дата Мастерс е партнерот кој може да им помогне на банките во овој пат.
Интервјуа
Интервју | Самоил Крстевски | Сопственик на маркетинг агенција Media Lab Solution
Во време кога дигитализацијата забрзано го менува начинот на кој брендовите комуницираат со публиката, маркетингот станува сè поважен дел од деловната стратегија. Но, поголемата брзина, бројот на канали и достапноста на новите технологии носат и нови предизвици, од одржување на квалитетот на комуникацијата до градење и зачувување на довербата.
За современите трендови во маркетингот, влијанието на дигитализацијата, значењето на практичното знаење и ризикот од површен пристап во маркетингот и комуникацијата, разговараме со Самоил Крстевски, сопственик на маркетинг агенцијата „Media Lab Solution“, кој има долгогодишно искуство во маркетингот, високото образование и работењето со компании, особено од финансискиот и осигурителниот сектор.
Банкарство: Вашиот професионален пат опфаќа искуство во високото образование, работа како маркетинг менаџер во неколку компании од осигурителниот сектор, а денес управувате со маркетинг агенција која работи на брендирање и позиционирање на сериозни компании, особено од финансискиот сектор. Како сите овие различни професионални искуства го обликуваа вашиот пристап кон бизнисот и градењето доверба со клиентите?
Самоил Крстевски: Работата во различни професионални сфери ми овозможи оформување на поширок и посуштински поглед кон пазарот, човечкиот фактор и вредноста на стратешки поставениот деловен пристап.
Многу често зборувам за тоа дека работата со студентите носи посебно задоволство и енергија. Искуството во високото образование ми овозможи континуирано и одблизу да следам многу генерации млади луѓе, да го разберам нивниот начин на размислување, нивните очекувања, амбиции и поглед кон иднината, но и да бидам во тек со промените што ги носи секоја нова генерација. Таа поврзаност со младите продолжува и денес. Дел од мојот тим го сочинуваат млади луѓе кои со своите идеи, енергија и поинаков поглед кон работата внесуваат свежина во секојдневието. Верувам дека токму спојот на искуството и новата енергија создава средина во која и едните и другите постојано учиме, се надградуваме и се движиме напред.
Осигурителниот сектор, од друга страна, претставува сериозна индустрија што гради силно чувство за одговорност кон клиентите и бара прецизна и јасна комуникација.
Денес, како сопственик на маркетинг агенција, овие искуства се спојуваат и маркетингот не се гледа само како промоција, туку како сериозна деловна функција што директно влијае врз кредибилитетот, репутацијата и долгорочната позиција на брендот.
Банкарство: Колку образованието денес има значење во создавањето професионалци што можат да одговорат на современиот пазар?
Самоил Крстевски: Образованието и понатаму има исклучително важна улога затоа што ги поставува темелите на знаењето, аналитичкото размислување и професионалната зрелост.
Но, денес не е доволно да се поседува само формално образование, најголема вредност има кога по завршеното образование се надградувате со добро практично професионално искуство. Неформалното образование, за жал, кај нас се уште е на многу ниско ниво и најчесто е сведено на обуки и школувања од некомпетентни предавачи. Така, често се случува и кај нас да пристигне навидум одлично “CV” од кандидати кои аплицираат за работа, а суштински се слаби познавачи на индустријата, алатките за работа и немаат чувство за оваа проблематика. Не е доволно да се наведе само дали е посетен некој курс или академија кога реалноста е поинаква и тој кандидат не е подготвен за работа на реални проекти.
Банкарство: Управувате со маркетинг агенција која соработува со реномирани домашни и странски компании. Како тоа го менува пристапот кон маркетингот?
Самоил Крстевски: Работата со различни компании, а особено оние од финансискиот сектор, наметнува многу повисоко ниво на одговорност. Во таков контекст, маркетингот не се сведува само на комуникација и видливост, туку станува дел од пошироката
деловна стратегија. Секоја порака мора да биде внимателно поставена, секој канал внимателно избран, а секоја кампања усогласена со законските прописи, регулативите, вредностите и репутацијата на клиентот. Тоа покажува дека во маркетинг комуницирањето мора да бидеме одмерени, аналитички поткрепени и суштински поврзани со деловните цели и очекувања.
Денешниот маркетинг свет се движи многу побрзо, а воедно е покомплексен и поконкурентен од кога било досега. Компаниите имаат на располагање повеќе канали, повеќе формати и повеќе алатки, но истовремено се соочуваат со многу поголем притисок да бидат релевантни, прецизни и доследни. Пазарот повеќе не наградува само присуство. Се повеќе се вреднува способноста да се изгради порака што има тежина, комуникација што создава доверба и стратегија што носи реална деловна вредност. Еден од најголемите предизвици е да се задржи квалитетот и сериозноста на комуникацијата во средина што постојано бара брзина и видливост.
Вториот предизвик е засилената конкуренција затоа што многумина имаат пристап до истите платформи и формати, а третиот и најважен е довербата. Денешната публика многу брзо препознава кога комуникацијата е неавтентична, пренагласена или без вистинска содржина. Токму затоа, брендовите мора да градат позрел, попрецизен и поодговорен однос со публиката.
Банкарство: Каква улога има дигитализацијата во современиот маркетинг?
Самоил Крстевски: Дигитализацијата денес има суштинска улога и веќе не се гледа како дополнување, туку како основа на современиот маркетинг. Таа овозможува попрецизно таргетирање, подобра сегментација, анализа на однесувањето на публиката, управување со кампањи во реално време и поефикасна дистрибуција на содржината.
Практично, дигитализацијата му овозможува на маркетингот да биде побрз, “попаметен” и многу поприлагоден на конкретниот корисник.
Генерално, сметам дека дигитализацијата и кај нас е навлезена на завидно ниво и не заостануваме многу од светските трендови, иако се уште се зборува дека треба да се воведе и дека се уште не е доволно застапена кај нас, па се организираат форуми, панел-дискусии на кој се зборува за недостатоците и проблемите, но никогаш не слушаме кое е всушност решението, како да се подигне свеста или да слушнеме некое практично искуство од имплементација на дигитализацијата.
Банкарство: На кој начин дигитализацијата најмногу ќе се користи во маркетингот во периодот што следи?
Самоил Крстевски: Моја лична проценка е дека најголема примена ќе има во прилагодениот пристап, автоматизацијата и аналитиката. Тоа значи дека брендовите се повеќе ќе се насочуваат кон комуникација што е приспособена на интересите, навиките и однесувањето на конкретниот корисник. Технологијата ќе зазема се поголема улога, но нема да го замени човечкиот фактор. Таа може да ја зголеми ефикасноста, да помогне во анализата и да го забрза извршувањето, но не може да ја замени проценката, интуицијата, стратешкото размислување и чувството за контекст. Маркетингот и понатаму ќе зависи од знаењето, зрелоста и способноста на луѓето да донесат правилни одлуки и да изградат вистинска врска со публиката.
Банкарство: Дали постои ризик дигитализацијата да доведе до премногу површен маркетинг?
Самоил Крстевски: Да, тој ризик е реален. Кога комуникацијата се сведува само на брзина, формат и постојано присуство, постои опасност да се изгуби тежината на пораката. Во обидот да бидат модерни и видливи, дел од брендовите стануваат премногу лесни во тонот и недоволно внимателни кон сопствениот идентитет.
Банкарство: Што денес бараат компаниите од една маркетинг агенција?
Самоил Крстевски: Тие бараат повеќе од креативно решение. Бараат партнер што пред се ја разбира индустријата, деловниот контекст, пазарот и специфичните цели на клиентот. Ние кои сме дел од оваа индустрија, често сме сведоци на лоши стратегии и погрешно комуницирање при презентација на одреден производ или услуга.
Секоја индустрија има свои правила и зборови што се користат за одредена публика. Мора да се внимава кога ќе се помине прагот и наместо одлична промоција ќе се создаде несакан ефект.
Современиот маркетинг не е прашање на видливост по секоја цена, туку на стратешко, одговорно и доследно градење доверба, репутација и долгорочна вредност.
Интервјуа
Дигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
Македонскиот банкарски сектор во изминатите години поминува низ значајна трансформација, поттикната од дигитализацијата, променетите навики на клиентите и растечкиот интерес за нови форми на инвестирање. Во такви услови, банките сè повеќе се позиционираат како финансиски партнери кои, покрај традиционалните услуги, нудат пристап до современи инвестициски решенија и дигитални финансиски алатки.
Во најновото издание на емисијата FinSight, гостин е Беркан Имери, член на Управниот одбор на Халк Банка, една од најбрзорастечките банки на македонскиот пазар во последните години.
Во интервјуто, Имери говори за развојниот пат на банката, промените во финансиското однесување на граѓаните и компаниите, како и за предизвиците и можностите што ги носи новата економска реалност.
Посебен акцент е ставен на сè поголемиот интерес на домашните инвеститори за вложување во хартии од вредност на меѓународните пазари, тема која добива на значење во услови на глобализирани финансиски текови и потреба од диверзификација на инвестициите.
Во разговорот се анализираат и актуелните движења на каматните стапки на депозитите и кредитите, побарувачката за станбени кредити, како и најчестите причини поради кои граѓаните се задолжуваат.
Дополнително, Имери зборува за искористеноста на средствата од унгарската кредитна линија од страна на македонските компании, улогата на банките во поддршката на бизнис-секторот и можностите за понатамошен економски развој.
Во време кога дигиталните услуги стануваат стандард, интервјуто отвора и важни прашања поврзани со сајбер безбедноста, заштитата од финансиски измами и иднината на безготовинските плаќања. Дали мобилниот телефон ќе стане главна алатка за плаќање и дали класичните платежни картички постепено ќе ја губат својата улога се дел од темите на кои Имери дава свој осврт.
На крајот од разговорот, тој ги открива и стратешките приоритети на Халк Банка за следните пет години, визијата за понатамошен раст и позиционирање на банката во сè поконкурентна финансиска средина.
Целото интервју со Беркан Имери во FinSight можете да го проследите во продолжение.
Новинар: Наташа Мерсовска
Интервјуа
Филомена Пљакоска Аспровска во FinSight: Дали мобилниот телефон ќе стане нашиот единствен паричник?
Како изгледа иднината на плаќањата во време кога дигитализацијата и вештачката интелигенција сè повеќе го менуваат начинот на кој купуваме, плаќаме и управуваме со сопствените финансии?
На овие и на многу други актуелни прашања одговори дава Филомена Пљакоска Аспровска, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на CaSys, во најновата епизода на поткастот FinSight, реализирана со поддршка на GEA – Алијансата за родова еднаквост при АЕТСМ.
Во разговорот се отвораат теми поврзани со улогата на CaSys во развојот на современата платежна инфраструктура во земјата, како и предизвиците и можностите што ги носи забрзаната дигитална трансформација на финансискиот сектор.
Дали мобилниот телефон постепено го заменува традиционалниот паричник? Се менуваат ли навиките на граѓаните кога станува збор за плаќањата и дали пластичната платежна картичка ќе остане дел од нашето секојдневие и во иднина? Ова се само дел од прашањата за кои се дискутира во интервјуто.
Пљакоска Аспровска зборува и за подготвеноста на македонското општество за безготовински плаќања, трендовите во користењето на платежните картички, како и за улогата на институциите во градењето поголема доверба кај граѓаните во дигиталните начини на плаќање.
Во фокусот на разговорот е и развојот на е-трговијата во Македонија. Каде се наоѓаме во споредба со земјите од регионот и со развиените европски пазари? Зошто дел од граѓаните сè уште се воздржани кога станува збор за онлајн купување и како можат подобро да се заштитат од злоупотреби и интернет измами?
Интервјуто обработува и теми поврзани со токенизираните плаќања, нивната безбедност и разликите во однос на традиционалните картични трансакции, како и очекувањата за тоа како ќе изгледаат плаќањата во следната деценија.
Дополнително, се разговара и за трансформацијата на банките во дигиталната ера, односно дали финансиските институции постепено стануваат технолошки компании, како и за активностите на Casys во областа на родовата еднаквост и намалувањето на разликите меѓу мажите и жените на работното место.
Новата епизода на FinSight е достапна на YouTube каналот на Банкарство.
Новинар: Наташа Мерсовска
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати јулската пензија
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита
-
Банкипред 1 месецНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје





