Банки
СИГНАЛ ЗА ДОВЕРБА – Член на Надзорен одбор купи акции од Комерцијална банка во вредност од речиси пола милион евра!

Овој период се покажува како сè поатрактивен за инвестирање во Комерцијална банка АД Скопје, што дополнително се потврдува со најновите активности на самите членови на нејзиното раководство.
Имено, според соопштението објавено на Македонска берза, г-н Горан Антевски, генерален менаџер на „Раде Кончар – ТЕП“ и член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, се стекнал со 1.000 обични акции на Банката.
„Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-н Горан Антевски, член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 1.000 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје“, се вели во соопштението објавено на Македонска берза.
Според пресметките на Банкарство.мк, а врз основа на податоците од Македонска берза, просечната цена по акција на ден 06.05.2025 година изнесувала 29.398,73 денари, што значи дека вкупната вредност на трансакцијата се проценува на речиси 30 милиони денари, односно приближно 478.000 евра.
Ова не е првпат Антевски да го зголеми својот удел во Комерцијална банка, бидејќи во изминатиот период тој неколку пати купуваше акции, вклучително и неодамнешна трансакција на дополнителни 100 обични акции.
Купувањето на акции од страна на членови на менаџментот е јасен сигнал за силна внатрешна доверба во идниот развој и стабилноста на институцијата. Тоа истовремено упатува порака и до јавноста и до инвеститорите дека Комерцијална банка е позиционирана како солиден и профитабилен избор за вложување.
Комерцијална банка АД Скопје, како една од водечките банки во земјата и понатаму е меѓу најликвидните и највреднуваните хартии од вредност на домашниот пазар на капитал.
Банки
Експозитурата „Илинден“ на НЛБ Банка, нов модерен банкарски објект на нова локација

НЛБ Банка ги отвори вратите на својата експозитура „Илинден“ која од неодамна е преселена на нова локација на Улица 2 бр.1в, кај кружниот тек во населбата Илинден. Новата експозитура сместена на површина од 108м2 претставува модерен, репрезентативенбанкарски објект, чиј деловен модел е обмислен во насока на удобност и функционалност.
Со внимателен избор на материјали, отворен концепт и интуитивна организација на просторот, експозитурата овозможува поголема ефикасност на работните процеси и унапредено корисничко искуство.

Во објектот се сместени два шалтера за благајничко работење, канцеларии за кредитирање на физички лица, платен промет и картично работење, како и 24/7 часовна АТМ зона со банкомат за исплата и уплата на готовина, а наскоро ќе биде ставена во функција и самоуслужна машина за уплата на дневен пазар за правни лица, без чекање на шалтер и без посредство на банкарски службеник, чија предност е што средствата многу брзо доспеваат на сметката на правниот субјект.

Новата експозитура во населбата Илинден е дел од пошироката стратегија на НЛБ Групацијата 2025 – 2030 година за модернизација и дигитализација на продажната мрежа, водена од забрзаната технологија и сè поголемата потреба од страна на клиентите за самостојно, едноставно, брзо и безбедно банкарско работење, која истовремено ги рефлектира вредностите на Банката – иновативност, доверба и грижа за клиентите и вработените.
Експозитурата во Илинден го задржува досегашното работно време и истата ќе работи од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок.
Банки
Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и финансиската стабилност

Гувернерот д-р Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург. Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.
За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.

Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.
Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.
Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.
Банки
Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на Годишното генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), во чии рамки оствари бројни средби со повеќе свои колеги од централните банки од регионот и од светот. На средбите на БИС, покрај гувернерот, учествуваше и вицегувернерката Емилија Нацевска.
На Собранието на БИС беа разгледани и усвоени најновиот извештај за работата на БИС и Годишниот финансиски извештај на БИС за 2025 година, коишто се осврнуваат на политиките на централните банки коишто во изминатите години на неколку последователни кризи ги ублажија последиците од кризите и овозможија задржување на стабилноста во економиите. Беше истакнато дека и натаму се препорачуваат политики коишто ќе обезбедат финансиска и макроекономска стабилност, како и јакнење на финансиските позиции на централните банки.
Дискусиите во рамките на Годишното собрание на БИС се од исклучително значење за согледување на предизвиците со кои се соочуваат централните банки секојдневно и за утврдување на мерките и активностите за нивно надминување, но и за подготовка за идните трендови во работењето што ги носи дигитализацијата, имајќи ја предвид улогата на БИС во меѓународната соработка за поддршка на монетарната и финансиската стабилност. Народната банка е полноправна членка на БИС со уште шеесет и две централни банки и монетарни институции од светот, коишто учествуваат и имаат право на глас на Генералното собрание.
- Банкипред 1 недела
Стопанска банка АД – Скопје назначи нов Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
- Банкипред 2 месеци
НЛБ Банка Скопје e првата банка во земјата со формална апликација кон СЕПА, единствената област за плаќање во евра
- Анализипред 2 месеци
АНАЛИЗА: Дали Македонците најмногу пари трошат за време на попусти, одмори или празници?
- Банкипред 2 месеци
ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите и ја води политиката претпазливо и професионално
- Банкипред 2 месеци
Халкбанк АД Скопје со нова експозитура во Diamond Mall – банкарските услуги поблиску до клиентите
- Банкипред 2 месеци
Европските инвестициски банки со најдобри трговски резултати во последната деценија
- Бизниспред 2 месеци
Mint Bonus прославува една година успех на програмата за лојалност на клиенти
- Останатопред 2 месеци
Колку пари контролира Ватикан? Финансиската моќ на новиот папа Лав XIV (Роберт Превост)