Connect with us
no baners

Останато

Ангелоски ќе присуствува на регионален инвестициски форум на Јахорина 2024

Објавено

на

Инвестициско-развојната банка на Република Српска, во соработка со Владата на Република Српска и со поддршка на претседателот на Република Српска, г. Милорад Додиќ, ќе биде домаќин на дводневен инвестициски настан насловен “Инвест Српскa”.

Овој настан, кој се одржува под слоганот „Истражи, дискусирај, инвестирај“, ќе се одржи во хотелскиот комплекс „Термаг“ на Олимписката планина Јахорина, од 12 до 13 ноември 2024 година, ќе присуствува и претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија г-дин Трајан Ангелоски.

Настанот ќе свика истакнати претставници на домашни и меѓународни институции, меѓу другите и Петер Сијарто, министер за надворешни работи и трговија на Унгарија, претставници од бизнис секторот, ќе бидат присутни претставници од Коморите како клучен сегмент во поврзувањето на бизнис секторот, и организации, ќе имаат можност да слушнат експертски излагања на тема „Актуелните глобални настани и нивното влијание врз земјите од Западен Балкан“ и можност дополнителна да создадат нови патишта за идни деловни партнерства.

На локалните и регионалните лидери ќе понудат длабинска анализа на актуелната геополитичка ситуација во контекст на глобалните промени, како и нивното влијание врз економската стабилност и развојниот потенцијал на Република Српска, како и на целиот Балкан.

За време на Конференцијата, дискусиите ќе се фокусираат на актуелните глобални настани и нивните влијанија врз домашните социо-економски трендови, модалитетите за промовирање на извозот и инвестициите.

Инвестициите претставуваат клучна можност за економски развој на секоја земја, отворање нови работни места и зајакнување на инфраструктурата. Важноста на инвестициите како двигател на одржливиот раст е тематски во центарот на конференцијата, за која ќе се дискутира на еден во панелите „Инвестициите како развојна можност“. Врвни експерти од областа на економијата и инвестициите ќе разговараат за улогата на инвестициите во остварувањето на стратешките развојни цели, како и за предизвиците и можностите со кои се соочува Република Српска и земјите од регионот.

„На Форумот ќе бидат презентирани конкретни понуди за инвестирање во Република Српска, од јавен проект до инвестиции во деловни и индустриски зони, деловни врски меѓу меѓународни компании и компании од Република Српска преку B2B средби, кои се дополнителна можност за извоз кој е клучен фактор за одржлив економски раст и подобрување на конкурентноста на економијата, да ги поврземе инвеститорите и експертите од различни сектори се нови можности за развој и раст, кои се главна заложба на Сојузот на стопански комори“ – истакна Ангелоски.

Останато

Флекс Кредит со награди за клиенти во пресрет на Superior Runs во Штип

Објавено

на

Флекс Кредит повторно се вклучува како спонзор на тркачкиот настан Superior Runs, најавувајќи дополнителни активности и награди за граѓаните во пресрет на трката.

Компанијата информира дека во периодот од 20 до 25 април, покрај спортската атмосфера поврзана со настанот, ќе понуди и промотивна акција во своите филијали во Штип. Според најавата, секој клиент со одобрен кредит во овој период ќе добие вредна награда.

Од Флекс Кредит посочуваат дека целта е да се внесе дополнителна динамика и позитивна енергија, поврзувајќи го спортскиот дух со активности насочени кон клиентите.

Акцијата ќе се реализира во филијалите на компанијата во Штип, каде граѓаните ќе можат да се информираат за условите и да учествуваат во промотивната понуда.

Флекс Кредит и годинава ја продолжува својата поддршка на Superior Runs, како дел од активностите за поддршка на спортски настани и локалната заедница.

Продолжи со читање

Берза

Намалување на цените на горивата: бензините и дизелот поевтинуваат за 1,5 денари

Објавено

на

Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13 проценти во однос на претходната одлука од 14 април.

Според новата пресметка, од 21 април 2026 година од 00:01 часот, цените на бензините и дизелот се намалуваат за 1,5 денари за литар. Новите максимални малопродажни цени ќе изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 80,50 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 82,50 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 94,00 денари за литар

Истовремено, цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денари и ќе изнесува 97,00 денари за литар, додека мазутот М-1 НС поевтинува за 2,939 денари по килограм и ќе се продава по цена од 46,288 денари за килограм.

Одлуката е донесена врз основа на намалувањето на референтните цени на светските пазари, каде во споредба со претходната пресметка цените на бензините се пониски за 1,8 проценти, на дизелот за 9,6 проценти, на екстра лесното масло за 8,2 проценти, а на мазутот за 6,5 проценти.

Во пресметката се вклучени и повластената стапка на ДДВ од 10 проценти (освен за мазутот и дизелските фракции), како и намалените износи на акцизите – за еуродизелот за 4 денари по литар и за бензините за 2 денари по литар.

Продолжи со читање

Останато

УЈП со апел до должниците: Неплатените даноци носат камати и блокади

Објавено

на

Управата за јавни приходи информира дека на 16 април истекле законските рокови за плаќање на обврските по годишните даночни биланси за 2025 година и апелира до сите обврзници кои сè уште не извршиле уплата, тоа да го сторат во најкус можен рок.

Од институцијата посочуваат дека доцнењето со плаќањето носи дополнителни трошоци по основ на камати, како и ризик од присилна наплата, блокирање на банкарски сметки и други законски мерки.

Според податоците на УЈП, од вкупно 19.550 поднесени биланси за данок на добивка, данок на вкупен приход и персонален данок кај вршителите на дејност, кај 10.252 веќе е евидентирана уплата.

Во меѓувреме, УЈП започна со испраќање персонализирани известувања до компаниите и физичките лица со неизмирени обврски.

Од институцијата апелираат за навремено подмирување на долговите со цел да се избегнат дополнителни давачки, како еднократни такси и банкарски трошоци кои го зголемуваат вкупниот долг и можат да влијаат врз тековното работење.

Како што потсетуваат, обврските можат да се подмират и преку уплата од трето лице, со пребивање со даночни побарувања или преку плаќање на рати, согласно законските услови.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange