Останато
ССК потпиша меморандум за соработка со Meѓународниот Центар за Трговија ( ITC )
Во Сојуз на стопански комори се оддржа средба на која присуствуваа претседателот на ССК Трајан Ангелоски, потпретседателите Сашо Дукоски и Горан Ѓорѓиевски, Загорка Блажевска директор на Вита Нова и Др. Тристан Еванс заменик претседател на ITC( International Trade Council), а свое видео обраќање имаше и Џејмс Семјуел Јорк Главен извршен директор на ICTTM (The International Centar of Trade Transparency Limited).
Нa состанокот се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Сојузот на стопански комори на Македонија и ITC – Меѓународен центар за трговија ,која е фокусирана на решавање на техничките бариери во трговијата, усогласеноста со синџирот на снабдување, следливоста и транспарентноста на синџирите на снабдување, со фокус на „де-ризикување на синџирот на снабдување“
ITC активно развива систем фокусиран на вештачка интелигенција наречен ADAMftd („Напредна анализа на податоци и моделирање за податоци за надворешна трговија“) кој ќе користи милијарди историски и трговски податоци во реално време за да ја предвиди иднината на трговијата, а бизнисите ќе имаат пристап до податоците за клиентите и конкурентите, вклучувајќи ги платените цени, историјата на трансакциите, податоците за понудата и побарувачката и можностите за предвидување, за да одговори на овие предизвици, а по завршувањето на првата фаза од развојот на ADAMftd, ITC има намера да направи приоритетна инвестиција во Северна Македонија.
ITC го препознава растечкото економско значење на Северна Македонија како важен центар за синџирите на снабдување, можноста за моделирањето и автентикацијата на синџирот на снабдување. Сојузот на стопански комори прв во регионот се приклучува кон Меѓународниот трговски совет (ITC), кој за компаниите е одлична можност за проширување на својот глобален досег и да ги зголемат своите меѓународни трговски можности со новите глобални прописи и можностите за отворени пазари за трговија ,вмрежување и конекции со потенцијални партнери
Бизнис
„Мој ДДВ“ со технички проблеми: Граѓаните повеќе од три дена не можат да скенираат фискални сметки
Граѓаните веќе неколку дена се соочуваат со потешкотии при користењето на апликацијата „Мој ДДВ“, поради што дел од корисниците не можат да се најават и да скенираат фискални сметки.
Според бројни пријави, при внесување на ПИН-кодот се појавува пораката „Нема конекција од УЈП“, што го оневозможува пристапот до системот. Корисниците посочуваат дека проблемот трае повеќе од 72 часа, предизвикувајќи незадоволство кај граѓаните кои редовно ја користат апликацијата за остварување поврат на ДДВ.
Од Управата за јавни приходи информираа дека апликацијата моментално работи со повремени забавувања и дека стручните тимови активно работат на утврдување на причините и отстранување на техничките проблеми, со цел услугата што поскоро да биде целосно функционална.
Засега, од УЈП не е соопштен конкретен рок кога апликацијата „Мој ДДВ“ повторно ќе функционира без прекини и ограничувања.
Останато
Лидерите на Г-7 се собираат во Франција: Украина, Иран и вештачката интелигенција во центарот на разговорите
Во францускиот град Евијан-ле-Бен денеска започнува тридневниот Самит на Групата седум најразвиени економии (Г-7), на кој светските лидери ќе разговараат за низа безбедносни, економски и технолошки предизвици.
На состанокот учествуваат претставниците на САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, а меѓу главните теми се војната во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, глобалните економски текови и развојот на вештачката интелигенција.
Една од клучните цели на европските сојузници е да се одржи заедничкиот пристап кон поддршката за Украина. Се очекува лидерите да разменат ставови за понатамошната воена и финансиска помош за Киев, како и за можните дипломатски иницијативи поврзани со конфликтот со Русија.
На самитот е најавено учество и на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе има средби со дел од лидерите на земјите членки.
Во фокусот ќе биде и неодамнешниот договор меѓу САД и Иран, кој според најавите треба да придонесе за намалување на тензиите во регионот. Лидерите ќе разговараат за неговите потенцијални последици врз безбедноста и енергетските пазари, како и за значењето на повторното отворање на Ормускиот Теснец за глобалната трговија.
Покрај политичките и безбедносните прашања, учесниците ќе дебатираат и за економските нерамнотежи во светот и за потребата од поголема координација во регулирањето и развојот на технологиите базирани на вештачка интелигенција.
На разговорите ќе се приклучат и претставници на Египет, Катар и Обединетите Арапски Емирати, со цел да придонесат кон дискусиите за стабилноста и безбедноста на Блискиот Исток.
Бизнис
Финансиските друштва пред нови правила: Кредитите ќе се исплаќаат само на трансакциска сметка
Министерството за финансии подготвува измени на Законот за финансиските друштва со кои се предвидува заострување на контролите и воведување нови правила за работа на овие компании.
Според најавите, една од клучните промени е укинувањето на можноста кредитните средства да се исплаќаат во готовина. Во иднина, исплатата на кредити ќе се врши исклучиво преку банкарска сметка, со цел да се обезбеди поголема транспарентност и следливост на финансиските трансакции.
Предложените измени предвидуваат и формирање задолжителни внатрешни тела во финансиските друштва, меѓу кои одбор за внатрешна ревизија, одбор за кредитен ризик и надзорен одбор. Дополнително, отворањето нови деловни простории ќе биде условено со претходна согласност од Министерството за финансии и исполнување на пропишани критериуми.
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во интервју за Телма изјави дека потребата од законските измени произлегла од спроведените контроли, при кои биле утврдени слабости и недоречености во постојната регулатива.
Таа посочи дека дел од контролите откриле неправилности во работењето на одредени финансиски друштва, а во поединечни случаи биле преземени и санкции, вклучително и одземање лиценци. Како што нагласи, значаен придонес во откривањето на неправилностите имале и пријавите од граѓаните.
Со новите законски решенија, Министерството за финансии очекува да се зајакне надзорот врз секторот и да се воспостават повисоки стандарди за работење на финансиските друштва.
-
Продуктипред 2 месециУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Бизниспред 2 месеци
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година
-
Бизниспред 1 месецОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 1 месец
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Банкипред 2 месециСилк Роуд Банка: Пензиите за април исплатени, достапни преку експозитурите, банкоматите како и електронското банкарство
-
Кариерапред 2 месециАЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист)
-
Советипред 1 месец
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата


