Connect with us
no baners

Останато

Доделени наградите за е-трговија за 2022 година, погледнете кои се победниците

Објавено

на

Вчера, во хотелот DoubleTree by Hilton Skopje се одржа свечена манифестација за доделување на македонските награди за е-трговија за 2022 година – “Ecommerce Awards”, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ. Манифестацијата се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци, а целиот настан изобилуваше со богата програма составена од голем број на домашни уметници и актери.

На изборот за најдобри е-трговци во Македонија за 2022 година, домашните е-трговци се натпреваруваа во вкупно 23 категории, организирани во 3 секции: “Најдобри е-продавници по сектори”, “Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање” и “Шампиони во е-трговија”, во чии рамки се додели и главната награда „Е-трговец на годината”.

Изборот на најдобрите од е-трговијата за 2022 се организираше во 5 фази по внимателно дизајниран процес и методологија. Изборот започна со пријавување на е-трговците, каде што повеќе од 150 домашни компании се пријавија за учество на натпреварот. Оние кои ги исполнуваа условите беа поставени за гласање од јавноста, каде што во текот на јануари и февруари беа собрани 93.390 гласови од 6.584 гласачи. По гласањето од јавноста се формираа ранг листите со финалисти во секоја категорија, за кои следуваше гласање од стручната жири комисијата која се состоеше од 13 членови. Во категориите со 30 или повеќе номинирани компании, листата на финалисти се состоеше од 10 финалисти и потоа на крајот беа избрани 3 победници (1во, 2ро и 3то место), додека во категориите со помалку од 30 номинирани компании, листата на финалисти се состоеше од 5 е-трговци, од кои еден беше избран за победник.

По собирање на гласовите од јавноста и од стручната жири комисија, согласно воспоставената методологија, при што гласовите од публика учествуваа со 40% во вкупниот ранг и 60% на жири комисијата, беа формирани финалните ранг листи кои ги одредија победниците. Категоријата “Најпопуларна е-продавница” беше единствената категоријата во која наградата беше доделена единствено врз основа на бројот на гласовите од јавноста.

Победниците во сите категории може да се погледнат во продолжение, а објавени се и на официјалнтата веб страница на натпреварот, на следниот линк: https://ecommerceawards.mk/pobednici/

Победници во секцијата “Најдобри е-продавници по сектори” се:

  • Е-продавница за облека и обувки на годината – fashiongroup.com.mk
  • Е-продавница за бела техника и електроника на годината – neptun.mk
  • Е-продавница за храна и пијалоци на годината – paket.mk
  • Е-продавница за туристички услуги на годината – grouper.mk
  • Е-продавница за модни додатоци, убавина, здравје и нега на годината – fashiongroup.com.mk (1 место)
  • Е-продавница за модни додатоци, убавина, здравје и нега на годината – fitkit.app (2 место)
  • Е-продавница за модни додатоци, убавина, здравје и нега на годината – mytime.mk (3 место)
    ● Е-продавница за дом, мебел и градина на годината – dormeo.mk
  • E-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки на годината – svetotnabibi.mk
  • Е-продавница од областа на услужни дејности на годината – korpa.mk
  • Е-продавница за култура, настани и едукација на годината – literatura.mk

Добитници на награди во секцијата “Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање” се:

  • Мобилна апликација за онлајн шопинг на годината – korpa.mk
  • Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање – fashiongroupoutlet.mk (1 место)
  • Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање – telekom.mk (2 место)
  • Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање – gley.mk (3 место)
  • Е-трговец со најдобра грижа за корисници – grouper.mk (1 место)
  • Е-трговец со најдобра грижа за корисници – paket.mk (2 место)
  • Е-трговец со најдобра грижа за корисници – a1.mk (3 место)
  • Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки – korpa.mk (1 место)
  • Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки – paket.mk (2 место)
  • Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки – kliknijadi.mk (3 место)
  • Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – grouper.mk (1 место)
  • Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – fashiongroup.com.mk (2 место)
  • Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – svetotnabibi.mk (3 место)
  • Најдобра веб страна за плаќање на сметки – evnonline.mk
  • Владино решение во областа на онлајн услуги и плаќање на годината – https://e-pdd.ujp.gov.mk/
  • Најдобра е-продавница основана од жена – korpa.mk (1 место)
  • Најдобра е-продавница основана од жена – elenaluka.com.mk (2 место)
  • Најдобра е-продавница основана од жена – boksy.mk (3 место)
  • Најдобра е-продавница со меѓународна продажба – kupikniga.com.mk
  • Mаркетплејс платформа на годината – paket.mk
  • Најдобар верификуван е-трговец – fashiongroup.com.mk

Добитници на награди во секцијата “Шампиони во е-трговија” се:

  • Најдобра новоотворена е-продавница – korpa.mk
  • Најпопуларна е-продавница – fashiongroup.com.mk (1 место)
  • Најпопуларна е-продавница – paket.mk (2 место)
  • Најпопуларна е-продавница – zegin.com.mk (3 место)
  • Е-трговец на годината за 2022 година – grouper.mk (1 место)
  • Е-трговец на годината за 2022 година – paket.mk (2 место)
  • Е-трговец на годината за 2022 година – fashiongroup.com.mk (3 место)

Инаку, македонските награди за е-трговија – “Ecommerce Awards 2022” беа овозможени благодарение на поддршката од генералниот партнер Mastercard и на организацискиот партнер – Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија во рамки на Германското друштво за интернационална соработка GIZ, по нарачка на Германската влада.

Златен партнер на натпреварот беше Комерцијална Банка АД Скопје, Iute Credit Macedonia беше сребрен партнер, а натпреварот го поддржа и винскиот партнер wine.mk.

Останато

Од локално до европско – Лидл отвора нови можности за македонското земјоделство

Објавено

на

„Потрошувачите денес имаат поголеми барања, а ние во Лидл секогаш се трудиме да ги исполниме нивните критериуми за побезбедна, поздрава и поквалитетна храна. Преку соработката со Лидл и македонските компании добиваат можности за сертификација на своите производи со Global GAP и GRASP сертификатите, а со тоа и да ги пласираат своите производи подобро на европските пазари“ изјави Милена Драгијска-Денчева, извршен претставник на Лидл на денешниот настан организиран за развој, извоз и сертификација на локалното производство на овошје и зеленчук,што се одржа во Скопје. 

Иако Лидл сè уште не ги отворил своите маркети во Северна Македонија, влијанието врз локалната економија е веќе мерливо. Само во 2024 година, повеќе од 5.500 палети сертифицирано македонско овошје и зеленчук беа извезени преку европската мрежа на Лидл. Овој извонреден резултат докажува дека македонските производители имаат капацитет да ги исполнат строгите меѓународни стандарди како Global GAP и GRASP. 

Лидл Северна Македонија, во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) и „Макфреш“, организираа конференција за подигнување на стандардите на земјоделството преку сертификацијата со Global GAP и GRASP. Стандардите беа презентирани од страна на експертите во областа Васил Трпевски и Зорица Смилевска, а беа присутни претставници на релевантни институции како проф. д-р Сузана Јордановска, директорка на Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ), повеќе од 100 компании и претставници од земјоделскиот сектор, со што се создаде значајна платформа за промоција на безбедноста на храната, подготвеноста за извоз и одржливите земјоделски практики.

Јан-Аксел Фос, заменик-амбасадор на Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје, изјави дека „германската влада со децении наназад, го поддржува македонскиот земјоделско-прехранбен сектор во усогласување со Заедничката земјоделска политика на ЕУ, барањата за безбедност и квалитет на производите, како и воспоставување на пазарни врски. Веруваме дека овој сектор игра важна улога во економскиот развој на земјата, a со отворањето на ЛИДЛ, што ќе биде најголемата германска инвестиција во секторот, македонските производители добиваат директна и конкретна бизнис можност за проширување кон европскиот пазар“.

Михал Харари, заменик-шеф на мисијата во Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија, истакна дека „преку швајцарската програма ИМЕ, воспоставивме успешни модели и примери на локални компании кои ги подобрија своите производи, стекнаа сертификати барани од различни извозни пазари и успеаја да се интегрираат во глобалните синџири на снабдување. Партнерството со Лидл нè носи чекор понатаму, обезбедувајќи можности за повеќе компании да пристапат до синџирот и пазарите на Лидл, а со тоа да достигнат поголем обеми раст.“

Соработката на Лидл, ИМЕ и ГИЗ е изразена преку проектот „Подготвени за снабдување“ 
(„Fit for Supply“), со кој Лидл ќе овозможи поддршка на земјоделските производи, ИМЕ ќе кофинансира до 50% од трошоците за сертификација, а ГИЗ ќе обезбеди консултантска експертиза. Со стратешки инвестиции, меѓународна соработка и јасна посветеност кон конкретни резултати, Лидл докажува дека македонските производи припаѓаат не само на локалните полици – туку и на европските трпези.

Продолжи со читање

Криптовалути

Binance со рекорден раст: Достигната бројка од 275 милиони корисници, исто колку Netflix

Објавено

на

Binance го надмина рекордот од 275 милиони корисници, што е речиси на исто ниво со Netflix, една од најпознатите платформи во светот. За разлика од видео стримингот, криптото не е ниту целосно мејнстрим, иако е на сигурен пат. 

За нешто помалку од осум години, Binance прерасна од идеја во една од најшироко користените финансиски платформи во светот. Колку за пример, на повеќето компании им требаат децении за да го достигнат ова ниво, користејќи ги традиционалните платформи кои се градат на веќе познати однесувања и постоечки системи, додека Binance изгради нешто ново од темел и го прошири со огромна брзина.

Имено, Binance доби 80 милиони нови корисници само од јануари 2024 година – тоа се приближно 156 000 регистрации секој ден, или околу 1,8 нови корисници секоја секунда.

На почетокот на 2019 година, PayPal – по речиси две децении во играта – ја премина истата граница. Тоа беше значаен момент за платформата што помогна во воведувањето на ерата на дигиталните плаќања. Но, подемот на PayPal беше вкоренет во САД, еден од најразвиените и дигитално поврзаните пазари во светот. Тоа го олесни движењето на парите што луѓето веќе ги разбираа – долари, евра, пезоси – преку системи на кои веќе им веруваа.

Binance, од друга страна, не само што го подобруваше начинот на движење на парите туку воведуваше сосема нов вид пари. Крипто не доаѓаше со централна банка или со експлицитен, сеопфатен прирачник. Binance бараше од луѓето повторно да размислат што би можеле да бидат парите – да истражуваат, да учат, да веруваат, а потоа да дејствуваат. Понатаму, Binance најде привлечност на пазарите кои честопати беа занемарени од традиционалните финансии – места каде што пристапот до глобалниот финансиски систем не беше стандардно решение, туку пробив.

Алатка за секојдневниот живот

Binance Pay постепено ја претвора крипто-валутата од инвестиција во нешто многу попрактично: алатка за секојдневниот живот.

Месецов, Binance Pay се интегрираше со Pix, националниот систем за плаќање на Бразил. Ова значи дека Бразилците сега можат да вршат плаќања во реално време од крипто во реална валута директно од апликацијата Binance – лесно како плаќање со готовина.

Binance Pay оди и подалеку од практичноста. На пример, минатата година, Binance Pay помогна да се спаси живот со овозможување на прекуграничен медицински трансфер помеѓу Франција и Алжир – заобиколувајќи ги банкарските доцнења во време кога секоја секунда беше важна. Кога поплавите го опустошија Рио Гранде до Сул, Binance Payпомогна во испораката на итна помош, доставувајќи средства до погодените заедници побрзо отколку што традиционалните системи можеа да управуваат.

Без разлика дали станува збор за намирници или за надминување на криза, вредноста на крипто-валутата повеќе не е само теоретска. Таа е реална, сигурна и веќе прави разлика – од секојдневниот живот до моментите што се најважни.

Споредбата со Твитер (X)

Twitter (сегашно X) достигна 275 милиони корисници околу својата осма година, исто како Binance. Но, природата на тој број раскажува две многу различни приказни. На социјалните платформи како Twitter, луѓето скролаат, објавуваат и се ангажираат со содржина. 

На Binance, луѓето вршат трансакции. Тие купуваат, продаваат, испраќаат и складираат вистинска вредност. Луѓето го вложуваат не само своето време, туку и своите средства во Binance. Тоа е подлабок ангажман и бара повисоки влогови.

Оваа разлика е клучна. Кога 275 милиони луѓе се приклучуваат на социјална мрежа, тоа ја мери културната релевантност. Кога 275 милиони луѓе се приклучуваат на финансиска платформа, тоа сигнализира верба воплатформата, производот и иднината на парите. 

Продолжи со читање

Останато

Иновација во образованието: ПроКредит Банка и Економскиот факултет при УКИМ ги подготвуваат студентите за иднината

Објавено

на

Со цел да се намали јазот меѓу академската настава и реалните потреби на пазарот на труд, ПроКредит Банка и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје реализираа заеднички мултидисциплинарен проект во кој учествуваа над 150 студенти. Преку овој иновативен образовен модел, студентите добија можност да работат на реални предизвици од банкарската пракса, под менторство на универзитетски професори и експерти од банкарскиот сектор.

Проектот, кој се спроведуваше во текот на цел семестар, вклучи студенти од различни насоки кои, во рамки на своите предмети, работеа во тимови на практични задачи поврзани со иновации, дигитализација, маркетинг стратегии и одржливост. Тие беа менторирани од проф. д-р Мијалче Санта, проф. д-р Стојан Дебарлиев, проф. д-р Димитар Јовевски и експерти од ПроКредит Банка, што овозможи директно спојување на академското знаење со применета пракса.

На завршниот настан, кој се одржа во просториите на ПроКредит Банка, студентските тимови ги презентираа своите решенија пред жири составено од менаџерскиот тим на банката и професори од факултетот. Најуспешните тимови беа наградени, а дел од студентите добија можност за практична работа и потенцијално вработување во банката.

Од ПроКредит Банка посочуваат дека оваа соработка претставува долгорочна стратешка иницијатива со која се создаваат генерации студенти што се подготвени за предизвиците на модерниот деловен свет.

Горди сме што сме прва банка која го воведе овој формат на соработка со Економскиот факултет. Веруваме дека оваа иницијатива ќе биде поттик и за други институции да го модернизираат својот пристап кон образованието. Нашата цел е младите да добијат реална шанса за развој на професионални вештини и брз деловен напредок,“ велат од ПроКредит Банка.

Проф. д-р Мијалче Санта го оцени проектот како исклучително корисен:

Одлично искуство и партнерство. Целта беше да се понуди интегрирано решение на конкретни проблеми – и таа цел беше успешно постигната. Вака создаваме кадар кој од првиот ден на работното место е подготвен да создава вредност,“ истакна тој.

Како следен чекор, ПроКредит Банка најавува отворање на современ, технолошки опремен хаб во рамки на Економскиот факултет, каде што студентите ќе можат да работат на проекти, да соработуваат и да ги презентираат своите решенија во стимулативна и креативна средина. Овој простор ќе претставува нов чекор во практичната настава и унапредување на образовниот процес.

Продолжи со читање

Популарно

no baners