Останато
Дали вештачката интелигенција може да ги замени луѓето?
До 2025 година ќе исчезнат дури 85 милиони работни позиции, а ќе бидат заменети со машини, односно со вештачка интелигенција покажуваат резултатите од глобалните истражувања.
Но, од друга страна ќе бидат вработени околу 97 милиони луѓе кои ќе ги контролираат тие машини.
Како треба ние, луѓето, да се позиционираме во однос на зголемениот примат на вештачката интелигенција и машините од иднината?
Освен за наплата, касата на супермаркетите порано беше место за разговор. Се разговараше за цените со касиерите, се разменуваа рецепти, се разговараше за политика и секојдневни актуелни теми. Гуми за џвакање наместо кусур! Па има ли нешто поубаво?
Меѓутоа, нивното место сè повеќе ќе го заземат машини и роботи, кои ќе прифаќаат само платежни картички, а насмевката што сме ја добивале ќе можеме само да ја замислиме. Новите касиери се вештачки интелигентни и многумина се плашат од нив.
„Треба да користиме вештачка интелигенција за да го подобриме нашиот бизнис, нашите секојдневни навики и сè што доаѓа во животот. Треба да се обидеме што побрзо да ја совладаме вештачката интелигенција за да ни биде полесно, наместо да се плашиме“, велат некои од експертите.
Вештачката интелигенција може да направи сè, но некој мора да застане зад неа – таа не може да замени сè.
Мора да има некој зад вештачката интелигенција – а тоа сигурно ќе биде човек.
Тоа значи дека вештачката интелигенција и роботите можат да заменат многу работни процеси, да заменат многу работни места, но никогаш или барем нема во блиска иднина да го заменат човекот.
Бизнис
Вештачката интелигенција во фокусот на 8-та Регионална конференција за е-трговија
Во атмосфера полна со енергија, инспирација и нови идеи, овогодинешната 8-ма Регионална конференција за е-трговија уште еднаш покажа зошто е најочекуваниот настан за дигиталната заедница во регионот. Националната опера и балет на 4 ноември беше преполна со менаџери, маркетери, претприемачи, претставници на организации и лидери кои дојдоа да ја „забрзаат“ иднината под мотото „Fasten the Future“. Со повеќе од 900 учесници од над 10 земји и 25 говорници од водечки глобални и локални компании, конференцијата уште еднаш го постави Скопје на мапата на регионалните центри за е- трговија и дигитална трансформација.

Со две паралелни сцени кои создаваа динамичен простор каде идеите, технологијата и инспирацијата се преплетуваа, оваа година настанот го надмина концептот на класична конференција и се претвори во жив екосистем кој ги обедини податоците, однесувањето на потрошувачите, лидерството, маркетингот и вештачката интелигенција. Така, е-трговијата уште еднаш ја потврди својата централна улога во поврзувањето на бизнисите, потрошувачите и технологијата, создавајќи нови можности и стандарди.
Меѓу главните теми, особено се издвојуваше вештачката интелигенција (AI) – реалност што веќе го менува начинот на кој бизнисите размислуваат, комуницираат и создаваат вредност. Преку креативни презентации и дискусии на експерти од водечки компании како TikTok, Booking.com, Dolce & Gabbana и други, учесниците слушнаа како AI влијае врз маркетингот, персонализацијата, плаќањата и безбедноста, но и како иновативноста, креативноста и технологијата заедно ја обликуваат иднината на е-трговијата.

Од Асоцијацијата за е-трговија истакнуваат дека конференцијата годинава го надмина секое очекување и потврди дека заедницата расте со брзина на која треба да се гордееме. Тие нагласија дека темата за AI ја отвори значајната дискусија за тоа како технологијата може да ја подобри оперативноста и продуктивноста и со тоа да го забрза растот на е-трговијата, како и како да ја поттикне довербата, транспарентноста и иновативноста во дигиталниот свет.
Со инспиративни говори, одлична организација и рекордна посетеност, конференцијата уште еднаш ја потврди својата улога како водечки регионален настан што ги спојува иновацијата, технологијата и претприемништвото. Конференцијата испрати јасна порака: вештачката интелигенција е темел врз кој се гради иднината на е-трговијата и се овозможува на бизнисите да создаваат попаметни, поодговорни и поиновативни решенија.

Инаку, конференцијата оваа година беше поддржана од Visa како платинум партнер, Halkbank како стратешки партнер, Korpa како партнер за храна и достава, Brainster како AI партнер, A1 како дигитален партнер, а Ananas и Casys како златни партнери. Сребрени партнери беа Комерцијална банка, IUTE, Филип Морис Интернационал, Сава пензиско друштво, Гранд Скопје, Public Cloud Group и Wolt, заедно со повеќе бронзени партнери.
Останато
Ирена Вурмеска Боцевска е најдобриот службеник од Штедилница Можности за 2025 година
По повод на Светскиот ден на штедењето, Македонската банкарска асоцијација традиционално ги доделува признанијата за најдобрите банкарски службеници во земјата. Со овие награди се оддава признание на професионалноста, посветеноста и квалитетот во работењето што секојдневно го демонстрираат вработените во банкарскиот сектор.
Ирена Вурмеска Боцевска од Штедилница Можности ја доби наградата за најдобар службеник во 2025 година. Ирена е раководител во Службата за логистика на продажба, која веќе 15 години е дел од тимот на Секторот трансакции и логистика на продажба во Штедилницата.
„Упатуваме искрени честитки до нашата колешка Ирена Вурмеска Боцевска од Сектор Трансакции и логистика на продажба, која оваа година беше избранa за најдобар службеник со значаен придонес во резултатите од работењето и професионалното и одговорното извршување на работните задачи.” – велат од Штедилница Можности.
Со ваквите иницијативи, Македонската банкарска асоцијација ја истакнува важноста на човечкиот капитал во финансискиот систем и поттикнува култура на професионалност и извонредност.
Банки
Симона Трајковска, Халук Џафер и Амра Салијовска најдобри банкарски службеници од Халкбанк АД Скопје за 2025 година
По повод на Светскиот ден на штедењето, Македонската банкарска асоцијација традиционално ги доделува признанијата за најдобрите банкарски службеници во земјата. Со овие награди се оддава признание на професионалноста, посветеноста и квалитетот во работењето што секојдневно го демонстрираат вработените во банкарскиот сектор.
Во рамки на одбележувањето, признание за извонредни резултати и придонес во работењето добија и претставниците од Халкбанк АД Скопје – Симона Трајковска, Халук Џафер и Амра Салијовска.
Нивниот ангажман и посветеност во секојдневното работење се препознаени како пример за високи професионални стандарди, градење доверба кај клиентите и континуирано унапредување на банкарските услуги.
„По повод денот на штедење, во организација на МБА беа доделени признанија за најуспешните шалтерски службеници, кои со својата посветеност, љубезност и професионалност секојдневно допринесуваат за подобра услуга и задоволни клиенти. Честитки до нашите колеги – Симона Трајковска, Амра Силјановска и Халук Џафер за наградата“, велат од Халкбанк АД Скопје.
Со ваквите иницијативи, Македонската банкарска асоцијација ја истакнува важноста на човечкиот капитал во финансискиот систем и поттикнува култура на професионалност и извонредност.
-
Анализипред 2 месециАНАЛИЗА: Како платежните картички ја покажуваат трагата на македонската миграција?
-
Банкипред 2 месециКХВ одобри: Српската „Алта банка“ со официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола
-
Продуктипред 1 месецЌе ни донесе ли септември нова банка со Apple Pay?
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
-
Продуктипред 1 месецMastercard до 2030 ќе ги замени бројките на картичките со токени
-
Банкипред 2 месециАлта Банка влегува на македонскиот пазар со силна визија за развој
-
Продуктипред 4 неделиХалкбанк со Промо депозит по повод месецот на штедење
-
Осигурувањепред 4 неделиДигитализацијата во осигурувањето: SignPlus како пример за модерно и безбедно е-потпишување



