Продукти
Финансиска поддршка на дофат: потрошувачки кредит за сè што не може да чека
Летото е сезона на планови и спомени. Зошто да не вложите во моментите што ќе се паметат – како свадбата што доаѓа? Или во летувањето што конечно ќе го поминете со најблиските, без компромис? Повеќето добри одлуки почнуваат со едноставно „зошто да не сега?“
Зошто да не го уредите конечно тој агол во дневната што го замислувате со месеци?
Зошто да не вложите во нов компјутер што ќе ви ја олесни работата, или да го запишете
детето на летниот курс што постојано го споменува?
Сите тие нешта, големи и мали, не се само трошоци. Тие се дел од животот што го прават
комплетен.
И кога имате начин да ги остварите без стрес и долги подготовки, тогаш тие одлуки
стануваат лесни.
Финансиска флексибилност, без тежина
Потрошувачкиот кредит на Халкбанк е создаден за да ви даде простор да постапите веднаш – со доверба.
Со износ до 1.500.000 денари, рок на отплата до 95 месеци, и фиксна каматна стапка од 5% за целиот период, знаете точно на што сте. Дополнително, нема провизија за одобрување, нема трошоци за предвремена отплата, и сето тоа е достапно за клиенти кои се вработени на неопределено време и ја примаат (или ќе ја префрлат) платата преку Халкбанк.
Поднесувањето апликација е едноставно – онлајн или во филијала. Одобрувањето е брзо,
средствата се исплаќаат навреме, а месечните обврски се усогласени со вашите примања
– до 55% од вашите месечни приходи.
Сето ова е заокружено со задолжително осигурување од Халк Осигурување – за уште поголем душевен мир.
Комфорот е повеќе од материјално
Да, можеби станува збор за нов мебел, образование, поправка или реализација некој долго очекуван план, но, суштината е што сите тие работи го прават животот поорганизиран, поубав и поисполнет.
Поубаво и поудобно, затоа што заслужувате
Она што го прави животот поубав се луѓето и моментите што ги создавате со нив. А она што го прави животот поудобен – е поддршката што ја имате во вистинскиот момент.
Аплицирајте денес за потрошувачки кредит од Халкбанк и дозволете си го, сето она што
го заслужувате.
ПР објава
Банки
НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна заштеда за клиентите во процесот на кредитирање.
НЛБ Банка го зголемува максималниот износ на станбените кредити на 36.000.000 денари со максимален рок на отплата до 30 години и нуди фиксни каматни стапки почнувајќи од 3,05% за првите 5 години, овозможувајќи им на клиентите полесно да ги реализираат своите планови за купување или изградба на сопствен дом. Банката нуди и можност за станбени кредити со фиксна каматна стапка и за првите 10 години.
Воедно, НЛБ Банка започна и промотивна кампања во чии рамки клиентите ќе можат да аплицираат за станбен кредит без манипулативни трошоци и без трошоци за проценка.
Промотивната понуда достапна во периодот до 15 јули е уште една потврда на посветеноста на Банката кон креирање на практични и поволни решенија што одговараат на реалните потреби на клиентите.
Зголемениот максимален износ на станбените кредити претставува уште еден чекор во унапредувањето на понудата на НЛБ Банка за станбено финансирање, додека пак актуелната промоција, значајна поддршка на Банката при носење на една од најважните животни одлуки.
Повеќе информации за станбените кредити и промотивната понуда се достапни на веб страницата на НЛБ Банка, во експозитурите и преку Контакт центарот на 02/15 600.
Осигурување
Сава пензиско друштво нуди „Личен пензиски советник“ за поголема поддршка на осигурениците
Сава пензиско друштво нуди услуга „Личен пензиски советник“ за своите членови, со цел да обезбеди директна и стручна поддршка за пензиското осигурување и управувањето со пензиската заштеда.
Преку оваа услуга, секој член со претходна согласност ќе добие личен пензиски советник кој ќе помогне во појаснување на функционирањето на македонскиот пензиски систем, проверка на редовноста на уплатите, како и информирање за приносите и надоместоците.
Советникот ќе овозможи и проверка и ажурирање на личните податоци, како и поддршка за електронско следење на пензиската заштеда.
Од Сава пензиско друштво велат дека со оваа услуга се воведува „човечки пристап“ во пензиското осигурување, со фокус на поголема информираност и сигурност за членовите.
Граѓаните можат преку веб-страницата на компанијата да проверат кој е нивниот личен пензиски советник со внесување на ЕМБГ.
Банки
Халкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
Халкбанк АД Скопје, во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), нуди кредитна линија за поддршка на одржливо земјоделство и поттикнување на сигурен раст наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и индивидуални земјоделци.
Кредитната линија има за цел да обезбеди финансиска поддршка за работен капитал и инвестиции во одржливи земјоделски активности, со што се поттикнува модернизација на производството и зголемување на конкурентноста на домашните компании.
Услови на кредитната линија:
- Износ од 5.000 до 250.000 евра
- Рок на отплата до 5 години
- Месечни, квартални или полугодишни ануитети
- Варијабилна каматна стапка од 5,5% (до 36 месеци) и 5,75% (над 36 месеци), поврзана со 6-месечен EURIBOR
- Надомест за обработка од 1,3% до 1,5%
Дополнителен бенефит на кредитот се обуки, работилници за фармери и грант компонента до 1.000 евра (до исцрпување на средствата).
Со оваа кредитна линија, Халкбанк продолжува да ја реализира својата стратегија за поддршка на зеленото финансирање и зајакнување на локалната економија преку обезбедување пристапни извори на средства за оние кои создаваат реална вредност и поддршка на одржливиот развој на земјоделскиот сектор, создавајќи можности за посилна економија и подобра иднина за домашните производители.
-
Продуктипред 2 месециИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Останатопред 2 месециУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 1 месецУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Марјан Ристески: Акцизата на горивата под лупа, можно ново замрзнување на цените
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка вработува Помлад соработник за администрирање на кредити и гаранции (Back Office)
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Горан Ѓорѓиевски | Ценовен шок на хоризонтот: Од септември следува значително поскапување
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Останатопред 2 месециКакво ќе биде работното време за Велигденските празници?


