Кариера
Комерцијална банка вработува Помлад соработник за администрирање кредити и гаранции
Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.
Работна позиција: Помлад соработник за администрирање кредити и гаранции (Back Office)
Тип на вработување: На определено време од 12 месеци
Работно време: 40 часа неделно.
Огласот важи до 02.04.2025 година.
Работни цели и задачи:
- Отворање кредитни партии, доделување каматна група и задолжување на кредитите;
- Изготвување амортизациони планови и испраќање до коминтентите;
- Книжење на задолжувањата и раскнижување на извршените уплати од страна на клиентите согласно договорните одредби;
- Пресметка и печатење каматни листи и доставување до коминтентите;
- Подготвување пресметки и книговодствени картици за тужење и стечај;
- Дефинирање партија за денарска гаранција, доделување каматна група и задолжување на гаранцијата;
- Книжење на извршените уплати по основ на денарски гаранции;
- Пресметка и печатење каматни листи и доставување до коминтентите;
- Изготвување налог, негова проверка и спроведување во случај на протестирање на денарска гаранција.
Потребни квалификации и способности:
- Завршено високо образование од областа на економските науки (предност ќе имаат кандидатите со насока сметководство и ревизија);
- Познавање англиски јазик и MS Office алатки;
- Без работно искуство;
- Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
- Прецизност во извршување на работните задачи;
- Ориентираност кон потребите на клиентите;
- Адаптибилност во динамична работна средина;
- Комуникациски вештини за работа во тим.
Придобивки за Вас:
- Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
- Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
- Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
- Доброволно приватно здравствено осигурување;
- Програма за спорт и рекреација;
- Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.
Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.
Аплицирајте на: [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски бр. 3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување Помлад соработник за администрирање кредити и гаранции (Back Office)”.
Телефон за контакт: (02) 3168-412
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.
Кариера
НЛБ Банка вработува банкарски советник во Штип, рокот за пријавување е 10 јуни
НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Штип, а заинтересираните кандидати можат да аплицираат до 10 јуни 2026 година.
Од кандидатите се очекува да работат на промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги, како и да обезбедуваат континуирана грижа за клиентите и да придонесуваат за унапредување на продажните процеси. Работните обврски вклучуваат и привлекување нови клиенти, спроведување платен промет, работа со картички и кредитирање.
За позицијата можат да конкурираат лица со завршено универзитетско образование, како и студенти на додипломски или постдипломски студии. Предност ќе имаат кандидатите со претходно работно искуство во банкарскиот сектор.
Банката бара кандидати со развиени комуникациски и продажни вештини, ориентираност кон работа со клиенти, организираност и способност за тимска работа. Потребно е и познавање на основни ИТ алатки и англиски јазик.
Како дел од понудата, НЛБ Банка истакнува можности за професионален развој и обуки, менторство од искусни банкарски експерти, конкурентна плата и дополнителни бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување и членство во трет пензиски фонд.
Во пакетот за вработените се вклучени и дополнителни слободни денови за различни пригоди, платено татковско отсуство, програми за наградување на успешноста и активности насочени кон подобрување на благосостојбата на вработените.
Кариера
Работната недела во ЕУ се скрати на 35,9 часа
Граѓаните на Европската Унија во просек работат помалку отколку пред десет години, покажуваат најновите податоци на Евростат.
Според статистиката, вработените на возраст од 20 до 64 години во 2025 година во просек работеле 35,9 часа неделно на главното работно место, додека во 2015 година просекот изнесувал 36,9 часа.
Најдолга работна недела имале вработените во Грција со просек од 39,6 часа. Следуваат Бугарија и Полска со по 38,7 часа, како и Литванија со 38,4 часа неделно.
Најкратко се работело во Холандја – 31,9 часа неделно. Потоа следуваат Данска и Германија со по 33,9 часа, како и Австрија со 34 часа.
Евростат објаснува дека податоците се однесуваат на реално одработени часови во текот на референтната недела, вклучувајќи прекувремена работа, но без боледувања, одмори и времето поминато во патување до работа.
Според професиите, најдолго работеле квалификуваните работници во земјоделството, шумарството и рибарството – околу 42 часа неделно. По нив следуваат менаџерите со 40,6 часа и вработените во вооружените сили со 39,4 часа неделно.
Најкратка работна недела имале работниците во основните занимања, со просек од 31,8 часа неделно.
Кариера
Иуте Македонија отвора клучна лидерска позиција: Раководител на партнерски екосистем за следната фаза на дигитален раст
Иуте Македонија е дел од естонската дигитална банкарска групација Иуте – групација која го редефинира начинот на управување со личните финансии, плаќањата и осигурувањето низ Југоисточна Европа преку технологија, иновации и паметни дигитални решенија.
Ние не следиме трендови. Ги создаваме.
Сега го шириме тимот и бараме личност која ќе ја гради следната фаза од нашиот раст:
Раководител на партнерски екосистем
Не бараме само раководител. Бараме архитект на партнерски екосистем.

Твојата мисија?
Да го менаџираш и надградиш партнерскиот екосистем што веќе години наназад го трансформира начинот на кој корисниците пристапуваат до финансиски услуги.
Ќе бидеш на пресекот помеѓу бизнис, технологија, дигитални продукти и стратешки партнерства – со директно влијание врз растот на компанијата.
Што ќе движиш?
Ќе ја водиш и редизајнираш продажбата на партнерските продукти низ сите канали и ќе создаваш партнерски понуди што носат вистинска вредност.
Ќе го управуваш производот од почеток до крај
Ќе градиш и развиваш силна партнерска мрежа – од идентификација на нови можности, до активација и раст.
Ќе управуваш партнерски продажни канали, API интеграции и перформанс базирани на податоци.
Ќе креираш беспрекорно дигитално корисничко искуство преку MyIute и ќе обезбедиш подготвеност за скалабилна партнерска дистрибуција.
Ќе дефинираш како финансиските продукти се интегрираат во дигиталниот свет – преку API функционалности и партнерски решенија.
Ќе трансформираш производи во паметни, дигитални канали за раст.
Кого бараме?
✔ Размислуваш како стратег, движиш како лидер и делуваш како builder.
✔ Имаш универзитетско образование.
✔ Искуство во финансиски сектор? Плус. Амбиција за трансформација? Неопходно.
✔ Дигиталните производи, податоците и аналитиката ти се природен јазик.
✔ Одлично комуницираш на македонски и англиски.
✔ Преговараш самоуверено, носиш одлуки и гледаш можности каде другите гледаат процеси.
✔ Имаш проактивен пристап, ориентација кон резултати и тимска енергија.
Што добиваш?
-Работа во една од најбрзо растечките дигитални банкарски групации во регионот
-Меѓународна средина и директна соработка со тимови низ различни пазари
-Простор за идеи, иницијативи и вистинско влијание
-Континуиран развој, учење и професионален раст
-Подароци за родендени, годишнини и важни животни моменти
-Тимбилдинзи во земјата и странство
-Спортски активности
-Дополнителни здравствени прегледи
Ако веруваш дека иднината на финансиските услуги се гради преку партнерства, технологија и дигитални екосистеми – време е да се запознаеме.
📅 Аплицирај до: 01 јуни 2026
📧 Испрати CV на: [email protected]
✉️ Назнака: Раководител на парнерски екосистем
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе се третираат доверливо.
-
Продуктипред 2 месециИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Останатопред 2 месеци
Управата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 1 месецУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка вработува Помлад соработник за администрирање на кредити и гаранции (Back Office)
-
Банкипред 1 месец
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Горан Ѓорѓиевски | Ценовен шок на хоризонтот: Од септември следува значително поскапување
-
Останатопред 2 месеци
Какво ќе биде работното време за Велигденските празници?
-
Бизниспред 1 месец
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година


