Продукти
Халкбанк овозможува кредит целосно онлајн, без шалтер и документација
Зошто сè уште би оделе во банка за кредит – кога целиот процес може да се заврши онлајн, без хартија, без чекање и без дополнителни трошоци? Халкбанк веќе нуди услуга која ви овозможува да подигнете потрошувачки кредит од каде било, во кое било време. Online кредитот е дизајниран за клиентите што сакаат сигурност, едноставност и услуга што се прилагодува на нивниот животен ритам.
Кредит од дома – без шалтер и без документација
За аплицирање за Online кредит, клиентот треба да биде примател на плата или пензија во Халкбанк АД Скопје и да има активна електронска банкарска услуга. Дополнително, потребно е во последните шест месеци редовно да има примања на трансакциска сметка во банката. Апликацијата се поднесува со логирање на електронското или мобилното банкарство и избор на табот „онлајн производи“. Договорот се потпишува електронски, со дигитален токен прекуVASCO токен (e-signature) , што овозможува сигурен, заштитен и целосно дигитален процес – без физичко присуство.
Достапност во секое време, од било каде
Аплицирањето за Online кредит е достапно 24 часа, седумдена во неделата. Клиентите можат да пристапат до услугата во кое било време, од кој било уред – без разлика дали се дома, на работа или во странство. Тоа го прави процесот не само брз, туку и крајно практичен.
Фиксна камата, без провизии, јасни услови
Износот на кредитот може да биде до 1.500.000 денари, со рок на отплата до 95 месеци. Каматната стапка е фиксна и изнесува 6,5% за целиот период, а вкупниот годишен трошок за кредитот изнесува 6,70%. Висината на кредитот што може да се одобри зависи од месечните примања на клиентот, при што максималниот износ на месечниот ануитет не смее да надмине 40% од нивната плата или пензија. Халкбанк не наплаќа провизија за апликација, нема трошоци за обработка, ниту надомест за предвремена отплата.
Фокусот е на клиентот
Online кредитот не го менува само начинот на аплицирање, туку и целиот пристап кон банкарските услуги. Наместо да се прилагодувате вие на процедурата, процедурата е прилагодена на вас – едноставно, сигурно и во моментот кога навистина ви треба.
Банки
Плати на пријател – брзо и едноставно префрлување средства преку Шпаркасе Банка
Шпаркасе Банка нуди практична услуга која им овозможува на корисниците брзо и едноставно да префрлаат средства на свои пријатели. Со опцијата „Плати на пријател“, корисниците можат лесно да извршат трансфер на пари кон лице кое има сметка во Шпаркасе Банка.
Услугата е дизајнирана да ја поедностави постапката за плаќање, бидејќи за испраќање средства е доволно само да се избере контактот на примачот директно од телефонскиот именик. На овој начин се избегнува рачно внесување на податоци за сметка, што го прави процесот побрз и попрактичен.
Со „Плати на пријател“, корисниците добиваат модерно и удобно решение за секојдневни трансакции, овозможувајќи им со неколку чекори да префрлат средства до своите пријатели.
Банки
НЛБ Банка со специјална понуда за 8 Март: до 8% дополнителен кешбек со НЛБ haPPy картичките
НЛБ Банка подготви специјална промотивна понуда по повод 8 Март, со која корисниците на НЛБ haPPy кредитната картичка ќе можат да добијат дополнителен кешбек при купување.
Во периодот од 6 до 8 март, клиентите кои ќе купуваат со НЛБ haPPy картичката во партнерската мрежа на haPPy ќе добијат дополнителен кешбек од 8 проценти за секоја трансакција, за износ на купување до 8.000 денари.
Од Банката информираат дека сите заинтересирани кои сè уште немаат НЛБ haPPy кредитна картичка можат едноставно да аплицираат директно од својот телефон преку мКлик мобилната апликација и да ја искористат промотивната викенд-акција.
НЛБ haPPy е кредитна картичка која им овозможува на корисниците поврат на средства (кешбек) при секое купување, со што секојдневните трансакции стануваат уште поисплатливи.
Банки
Капитал Банка со поволни услови за ЕКО ДРАЈВ кредит за набавка на возило
Капитал Банка АД Скопје нуди можност за финансирање на набавка на возило преку ЕКО ДРАЈВ кредит, наменет за сите кои сакаат поголема слобода во патувањата и нови дестинации со семејството или пријателите.
Со овој кредитен производ клиентите можат да обезбедат средства за купување возило со поволна фиксна каматна стапка и флексибилни услови за отплата. Каматната стапка изнесува 4,5 проценти фиксно, а рокот на отплата може да достигне до 84 месеци. Максималниот износ на кредитот е до 50.000 евра.
Од банката посочуваат дека ЕКО ДРАЈВ кредитот е наменет за сите кои сакаат своите патувања да ги претворат во нови искуства и спомени.
Повеќе информации граѓаните можат да добијат во најблиската експозитура на Капитал Банка или на телефонскиот број 02/3102-500. Информации се достапни и на веб-страницата на банката.
-
Продуктипред 2 месециАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециПредности и поволности на новата Халки картичка за деца
-
Продуктипред 2 месециШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Продуктипред 1 месецКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Бизниспред 1 месецУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Банкипред 1 месецДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Останатопред 1 месецАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Продуктипред 1 месецОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол



