Банки
Со „PayByLink“ онлајн сервисот на НЛБ Банка, е-трговиjата станува достапна за секој трговец
Сведоци сме на интернет-револуција која од ден на ден доживува сѐ поголема експанзија во секој сегмент од општественото живеење, вклучувајќи го и доменот на трговијата. Наместо во традиционалната трговија и класичните физички продавници, сѐ поголем број на компании своите стоки и услуги почнуваат да ги нудат на интернет, а сѐ поголем број на потрошувачи потребните производи се одлучуваат да ги набават онлајн. Истражувањата покажуваат дека електронската трговија станува сѐ поатрактивна и врши своевидна револуција во начинот на тргување на глобално ниво, а со тоа и во навиките на потрошувачите ширум целиот свет.
Па така, бизнисите присутни на пазарот кај нас, со цел да станат поконкурентни и видливи кај потрошувачите, постојано се прилагодуваат на современите текови и потребите на клиентите, имплементирајќи нови современи технологии во продажбата на своите производи и услуги.
НЛБ Банка со цел да излезе во пресрет на малите и средни претпријатија, а воедно и следејќи ја својата стратегија за дигитално банкарство, неодамна ја воведе услугата „PayByLink“ која овозможува онлајн плаќање на добра и услуги со „VISA“ и „MasterCard“ платежни картички преку линк испратен од страна на трговецот до купувачот, што ја прави и прва банка во државата која го нуди овој сервис кој го револуционизира процесот за наплата и ја стимулира електронската трговија.
Како функционира „PayByLink“ и за кого е наменет?
„PayByLink“ сервисот е особено погоден за малите e-трговци кои сакаат да се присутни на онлајн пазарот, но не се во можност да развијат сопствена веб продавница и истата да ја интегрираат со банка.
Практично, НЛБ Банка му овозможува на трговецот „виртуелен“ начин за прифаќање на платежни трансакции со картичка, за кој не е потребно техничко знаење за користење, а самиот процес на креирање на линкот за наплата е брз и едноставен. Трговецот од НЛБ Банка добива пристап до e-commerce сервисот преку која генерира линк за плаќање, а до купувачот го испраќа преку е-маил или други електронски комуникациски канали кои овозможуваат транспарентно информирање и безбедно купување. Клиентот го отвора линкот за наплата, кој ги содржи потребните информации за комплетирање на трансакцијата, ја проверува содржината на нарачката и доколку сè е во ред, ги внесува деталите за својата картичка и го комплетира плаќањето.
„PayByLink“ е сигурен сервис и за трговецот и за купувачот и на исто безбедносно ниво заштитен како и класичниот виртуелен ПОС терминал.
Како до „PayByLink” и кои поволности ги добиваат новите корисници?
За активирање на „PayByLink“ сервисот, сѐ што е потребно да направи трговецот е даима активна сметка во НЛБ Банка, да потпише договор со банката врз основа на кој му се овозможува пристап до порталот за креирање линкови за наплата, кои понатаму ќе може да ги споделува со своите клиенти преку различни комуникациски канали.
Причина плус за актививација на „PayByLink“ онлајн серивисот на НЛБ Банка и поблиско
запознавање со придобивките од е-трговијата, претставува промоцијата која ја нуди Банката.
Имено, новите корисници кои до 25 мај, годинава ќе активираат „PayByLink“, добиваат 6 месеци бесплатно користење на услугата од датумот на активација на истата. На овој начин, е-трговијата станува достапна за секој трговец. На малите бизниси им се нуди влез во онлајн пазарот и можност за истражување на поволностите кои ги нуди современиот електронски пристап до нови клиенти, прилагодувајќи се на новите навики и потреби на потрошувачите.
Банки
Народната банка го објави Конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2027 година
Народната банка го објави Конкурсот за доделување на Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2027 година. Наградата се доделува со цел да се поттикне развојот на научната мисла и изработката на истражувачки трудови од областа на макроекономијата, банките и банкарските системи, како и да се афирмираат млади и стручни кадри.
Право на учество на Конкурсот имаат државјаните на Република Северна Македонија на возраст до 35 години. Вработените во Народната банка и членовите на Советот на Народната банка немаат право на учество.
Трудот со кој се конкурира треба задолжително да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 80.000 карактери со празни места (без фусноти, прилози, графикони, табели, апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување.
Авторите можат да конкурираат и со труд којшто веќе бил објавен, но не пред 1 јануари 2025 година. При поднесувањето на веќе објавен труд, потребно е да се наведе кога и каде е објавен.
Трудовите се доставуваат по електронски пат, во форматот „Word“, на електронската адреса: [email protected], со назнака: „За Годишната награда на Народната банка на Република Северна Македонија“. Покрај трудот, авторот треба да достави и биографски податоци. Доставените трудови ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер.
Еден автор може да поднесе само еден труд. Трудовите може да бидат напишани на македонски, албански или англиски јазик.
Трудовите ќе се оценуваат според повеќе критериуми, меѓу кои се релевантноста на истражуваното подрачје за македонскиот контекст, квалитетот на освртот на литературата, јасноста на дефинирањето на проблемот и целите на истражувањето, соодветноста на анализата и применетите методи, како и квалитетот на заклучоците и препораките.
Крајниот рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2027 година.
Наградата е во парична форма. За првонаградениот труд се доделува награда во износ од 130.000 денари, а за второнаградениот труд наградата изнесува 65.000 денари.
Конкурсот е објавен на веб-страницата на Народната банка.
Банки
Девизните резерви достигнаа 5,21 милијарди евра на крајот од мај
Девизните резерви на државата на крајот од мај 2026 година изнесувале 5,21 милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка.
Според структурата на резервите, најголем удел имаат вложувањата во хартии од вредност, кои сочинуваат 68,5 проценти од вкупните девизни резерви. Монетарното злато учествува со 16,6 проценти, додека валутите и депозитите имаат удел од 14,9 проценти.
Девизните резерви претставуваат важен показател за финансиската стабилност на земјата и нејзината способност да одговори на надворешни економски предизвици.
Банки
Унапредувањето на институционалната соработка во фокусот на средбата меѓу гувернерот Славески и гувернерот на Народната банка на Кина Пан Гонгшенг
Во рамките на меѓународниот симпозиум во организација на Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина, одржан во Шангај, гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, на покана на гувернерот на Народната банка на Кина Пан Гонгшенг, оствари билатерална средба со својот кинески колега.
За време на средбата беа разменети мислења за актуелните светски економски и финансиски текови, како и за предизвиците со кои се соочуваат централните банки во услови на засилена неизвесност во меѓународното окружување. Воедно, беа споделени искуства поврзани со спроведувањето на монетарната политика и зачувувањето на финансиската стабилност.
Во рамките на разговорите им беше посветено внимание на трговските и на финансиските односи меѓу двете земји, при што беа разгледани и можностите за нивно понатамошно унапредување преку продлабочување на институционалната соработка. Притоа, беше нагласена долгогодишната традиција на пријателски односи меѓу двете земји, како и подготвеноста на Народната банка за натамошно засилување на дијалогот и размената на искуства со Народната банка на Кина.
Исто така, соговорниците се осврнаа на можностите за соработка во областа на дигиталната трансформација на финансискиот сектор, унапредувањето на финансиската вклученост, како и јакнењето на институционалните капацитети преку размена на знаења, експертиза и добри практики.
Славески и Гонгшенгсе согласија дека постои потенцијал за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете централни банки.
-
Останатопред 2 месеци
Управата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 2 месециУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 1 месец
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Бизниспред 2 месеци
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година
-
Фондовипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво потсетува на навремено планирање на пензијата
-
Банкипред 2 месециНЛБ Промотивен депозит – Сигурност што доаѓа во вистинско време
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка ќе започне со исплата на дивиденда на 4 мај
-
Бизниспред 1 месецОд полноќ нови цени на горивата


