Connect with us

Останато

Годишната инфлација во еврозоната во јануари падна на 2,8 проценти

Објавено

на

Според прелиминарните податоци на Евростат, во јануари годишната стапка на инфлација во Еврозоната се намалила на 2,8 отсто.

Цените на енергијата во еврозоната се намалија за 6,3 проценти на годишно ниво, додека цените на храната, алкохолот и тутунот пораснаа за 5,7 проценти, инфлацијата во услужниот сектор изнесуваше 4 проценти, а индустриските производи освен енергетските производи поскапеа за 2 проценти, се наведува на веб-страницата на Евростат.

Според прелиминарната проценка на Евростат, Германија во јануари забележала годишна стапка на инфлација од 3,1 отсто, а втората по големина европска економија, Франција, забележала инфлација од 3,4 отсто.

Според очекувањата на Евростат, Шпанија регистрирала инфлација од 3,5 отсто, Италија 0,9 отсто, а Хрватска 4,8 отсто.

Инфлацијата во еврозоната во јануари е за 0,4 проценти помала отколку во декември.

Останато

Просечната плата во декември изнесувала 39.998 денари

Објавено

на

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесувала 39.998 денари и во однос на декември 2022 е поголема за 16,4 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.(повеќе…)

Продолжи со читање

Останато

Потрошувачката кошничка расте од месец во месец – на четиричлено семејство му се потребни приближно речиси 1.000 евра за да го преживее тековниот месец

Објавено

на

Минималните трошоци на едно семејство во февруари изнесуваат 57.476 денари, што претставува зголемување од 313 денари во однос на јануари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка.(повеќе…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата ја уништува Турција

Објавено

на

Годишната стапка на инфлација во Турција во јануари се зголеми на 64,86 проценти, објави турскиот институт за статистика Туркстат.(повеќе…)

Продолжи со читање

Популарно